ОOУ „Тодор Ангелевски“

ОOУ „Тодор Ангелевски“ Централно училиште и две подрачни училишта во Стрелиште и Горно Оризари

Централно училиште и две подрачни училишта во Стрелиште и Горно Оризари во Општина Битола

3,14..... Денот на математиката📚➗ Љубовта кон математиката се гради преку знаење, креативност и натпреварувачки дух!Во н...
14/03/2026

3,14..... Денот на математиката

📚➗ Љубовта кон математиката се гради преку знаење, креативност и натпреварувачки дух!
Во нашето училиште математиката не е само предмет, туку вистинска инспирација за учење и создавање. Преку различни активности учениците имаа можност да ја покажат својата љубов кон математиката.

🔢 Училишен квиз по математика
Ученици од шесто до деветто одделение учествуваа во интересен и динамичен квиз, каде преку логички задачи и брзи прашања ги покажаа своите знаења, умешност и тимска работа.

♻️ Изработка на дидактички помагала од рециклирани материјали
Со многу креативност и труд учениците изработија корисни наставни помагала, покажувајќи дека математиката може да се учи и на интересен и практичен начин, а воедно се развива и еколошката свест.
👏📐

Нашите ученици од IV и V одд од ПОУ,,Тодор Ангелевски"- Стрелиште, денес го проследија првото предавање на тема: „Ендеми...
11/03/2026

Нашите ученици од IV и V одд од ПОУ,,Тодор Ангелевски"- Стрелиште, денес го проследија првото предавање на тема: „Ендемични растенија“, во организација на Биолошки миот институт на Македонија.
Македонското еколошко друштво (МЕД), продолжува активно да работи кон унапредување на знаењето и интересот кај учениците за природните науки животната средина и биодиверзитетот на Република Македонија.За таа цел, преку Мрежата за искуствено учење, која беше воспоставена во рамките на проект, финансиран од Шведската влада, ќе се организираат 10 онлајн предавања на теми од областа на животната средина и климатските промени.

На Општинскиот натпревар по Географија, кој се одржа на 28.02.2026 година (сабота), нашите ученици постигнаа одлични рез...
05/03/2026

На Општинскиот натпревар по Географија, кој се одржа на 28.02.2026 година (сабота), нашите ученици постигнаа одлични резултати 🩵🌎💚🌍💚🌏🩵
Честитки и среќно на Регионалниот натпревар!!!

04/03/2026

На општинскиот натпревар по Природни науки за VI одделение одржан на 27.02 учествуваа нашите ученици Михаил Велјановски и Дарија Димовска кои постигнаа завидни резултати и тоа:
1.Михаил Велјановски VI-1 освои 41 поен (I награда)
(најдобар постигнат резултат на ниво на општина)
2.Дарија Димовска VI-1 освои 36 поени (I награда)

Честитки за постигнатите резултати на нашите ученици од четврто одделение, на општинскиот натпревар по природни науки!🥇🥈...
04/03/2026

Честитки за постигнатите резултати на нашите ученици од четврто одделение, на општинскиот натпревар по природни науки!🥇🥈🥉

🖤❤️💛
02/03/2026

🖤❤️💛

„Љубовта не прави посилни – поддршка за лицата заболени од ретки болести“.Со голема посветеност и искреност, учениците о...
27/02/2026

„Љубовта не прави посилни – поддршка за лицата заболени од ретки болести“.
Со голема посветеност и искреност, учениците од V-6одд. несебично дадоа поддршка за лицата заболени од ретки болести и значењето на љубовта, солидарноста и пријателството за нив. Покрај литературниот дел, учениците изработија и срце – оригами како симбол на поддршка, надеж и хуманост.
На ваков начин ќе им се даде поддршка на оние на кои им е најпотребна и ќе биде потсетување за сите оние кои треба и можат да направат многу повеќе за оние на кои им треба најповеќе. 💚💙💜❤️

Февруари – месецот на ретките болести – го одбележаа со посебна активност учениците од: I-5, I-6, II-5, II-6 одд. и нивн...
26/02/2026

Февруари – месецот на ретките болести – го одбележаа со посебна активност учениците од: I-5, I-6, II-5, II-6 одд. и нивните наставнички Снежана Тасевска, Гордана Георгиевска, Мирјана Пупуновска и Виолета Хаџистојанова.

Со многу љубов и внимание изработија рачиња изработени од хартија, потоа споени во форма на срце. Малите дланки станаа голем симбол за поддршка, прифаќање и солидарност со сите лица кои се жртви на ретките болести.

Преку оваа креативна активност, учениците испратија силна порака: ,,Секој заслужува грижа, разбирање и еднакви можности. Малите рачиња создаваат големи дела."💜

Во соработка со волонтерите од Црвен крст се реализира врсничка едукација за учениците од VIII одделение на тема ,,Преве...
26/02/2026

Во соработка со волонтерите од Црвен крст се реализира врсничка едукација за учениците од VIII одделение на тема ,,Превенција и заштита од трговија со луѓе".

Address

82 Ulica Ilindenska
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:30
Tuesday 07:30 - 18:30
Wednesday 07:30 - 18:30
Thursday 07:30 - 18:30
Friday 07:30 - 18:30

Telephone

+38947622337

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОOУ „Тодор Ангелевски“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category

Нашата Мисија

Запознај ги и почитувај ги другите – постави го темелот на меѓуетничко интегрирано училиште