25/06/2026
Од Rimac Automobili до Qworkingo.
На последната епизода од „После 5 во Qworkingo“ имавме можност да слушнеме предавање од Михаил Китановски, меѓународен бизнис и менаџмент консултант со повеќе од 25 години искуство, работа во 38 земји и над 1100 клиенти, заедно со Симона Томова, експерт за технолошки решенија.
Зборувавме за компанија што функционира, за интеракцијата помеѓу среден и висок менаџмент, технолошки решенија, отвореност, мерење на вредност и имиџот што една организација го гради преку начинот на кој работи одвнатре. Михаил на свој, интересен начин ги претстави 6-те типа на вработени и менаџери преку музика. Со клавир и музички метафори покажа ситуации што лесно се препознаваат во секоја компанија.
Целта на Qworkingo е вакви содржини да ги донесе поблиску до нашата заедница и да отвори простор за разговори што ретко се случуваат во ваков формат.
Благодарност до Михаил Китановски, Симона Томова, Советот за женско претприемништво Битола и сите што беа дел од оваа епизода.
Се гледаме на следниот „После 5 во Qworkingo“.
📸