НСДП Битола

НСДП Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from НСДП Битола, Political organisation, Вељко Влаховиќ” бр. 4, зграда 2/1/6, Bitola.

16/03/2026

🖲Владата итно да преземе мерки против новиот ценовен удар од покачувањата на горивата‼️

НСДП предупредува дека новото поскапување на горивата ќе предизвика дополнителен раст на цените на производите и услугите. Ова е сериозен удар врз семејните буџети и дополнително ќе ја продлабочи сиромаштијата.

Поскапувањето на горивата неизбежно ќе се прелее врз цените на храната и другите основни производи, додека Владата и понатаму молчи и не нуди мерки за заштита на најранливите категории граѓани.

НСДП смета дека Владата мора итно да реагира и да ја намали стапката на ДДВ за горивата, како и да ја намали акцизата, со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и економијата.

Во исто време, неопходно е да се предложат и конкретни мерки за поддршка на најранливите категории граѓани кои најтешко се справуваат со растечките трошоци за живот.

Дополнително, Владата треба да ја зголеми субвенционираната „зелена нафта“ за домашното земјоделство. Земјоделците се на почеток на пролетните сеидби и веќе се соочуваат со високите цени на горивата кои се неопходни за механизацијата.

Без навремена реакција, ценовниот удар ќе продолжи да се прелева низ целата економија, а товарот повторно ќе го носат граѓаните.

08/03/2026
07/03/2026

🟨НСДП и Организацијата на жени на НСДП со поддршка за Осмомартовскиот марш „Нема да нè снема“ во Скопје‼️

🔵НСДП и Организацијата на жени на НСДП го изразуваат своето јасно и недвосмислено поддржување на осмомартовскиот марш „Нема да нè снема“, кој ќе се одржи во Скопје по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

🟡Слоганот „Нема да нè снема“ е силна порака дека жените нема да молчат пред неправдите, дискриминацијата и насилството.

🔵Во општество во кое женскиот труд често е невидлив, помалку платен и недоволно заштитен, потребна е јасна и гласна борба за еднаквост, достоинство и почитување на правата на жените.

🟡Особено загрижувачки е зголемениот број случаи на родово базирано насилство и фемициди, кои бараат силна институционална реакција и системска заштита на жените.

🔵Дополнително, многу жени кои работат во несигурни и хонорарни работни односи се соочуваат со недостиг од здравствено, социјално и пензиско осигурување, што ја продлабочува нивната економска и социјална ранливост.

🟡Борбата за правата на жените е борба за поправедно и подостоинствено општество за сите.

📣️Ги повикуваме членовите и симпатизерите на НСДП, како и сите граѓани кои веруваат во еднаквост и правда, да се приклучат на осмомартовскиот марш „Нема да нè снема“ на 8 март во 12:00 часот, со почеток во паркот „Жена Борец“ во Скопје.

✅️Заедно да испратиме јасна порака дека жените нема да бидат замолчени и дека нивната борба за еднаквост, безбедност и достоинство продолжува.

04/03/2026

Конструктивните и реално издржани предлози, без оглед од кого се предложени секогаш ќе ја имаат нашата поддршка во Советот на општина Битола, објави претседателот ...

27/02/2026

🔥 ГО ОДБРАНИВМЕ ОФИЦЕРСКИ! 🔥

Денес уште еднаш покажавме дека кога се работи за интересот на младите и граѓаните – нема повлекување!

👉 Офицерскиот дом останува БЕСПЛАТЕН за сите ученици, средношколци и студенти!
👉 Усвоени се нашите забелешки на новиот ценовник!
👉 Не дозволивме културата да стане привилегија – таа останува право!

Ова не е само одлука.
Ова е порака.

📍 Офицерски е на младите.
📍 Офицерски е на граѓаните на Битола.
📍 Офицерски е на Македонија.

Со единствен став и одлучност, советниците од НСДП, СДСМ и останатите едногласно застанаа зад интересот на јавноста. Кога има волја – има и резултат.

Нема да дозволиме просторот што треба да создава култура, знаење и младинска енергија да стане финансиски товар.

Денес победи разумот.
Победија младите.
Победи Битола. 💪

24/02/2026

✅️Поддршка за Предлог-законот за минимална плата и за синдикалните барања за зголемување на минималната плата❗️

НСДП изразува јасна и недвосмислена поддршка на предложените измени на Законот за минимална плата, како и на легитимните барања на синдикатите за зголемување на минималната плата во услови на инфлација и континуирана скапотија.

Во изминатиот период сведоци сме на значително покачување на цените на основните прехранбени производи, енергенсите, струјата и парното греење. Трошоците за живот растат со темпо што директно го нарушува животниот стандард на граѓаните, особено на оние кои примаат минимална плата и на ранливите категории.

Во услови кога платите стагнираат, а цените растат, социјалната неправда станува сè поизразена.

НСДП смета дека трудот е капитал и мора вистински да се вреднува. Работниците не се трошок – тие се двигател на економијата. Достоинствената плата не е привилегија, туку основно право. Зголемувањето на минималната плата е неопходна мерка за заштита на куповната моќ, за намалување на сиромаштијата и за обезбедување социјална сигурност за илјадници семејства.

Истовремено, укажуваме дека отсуството на соодветни мерки за заштита на ранливите категории дополнително ја продлабочува економската несигурност. Потребни се системски решенија – контрола на цените на основните производи, поддршка за домаќинствата со ниски приходи и реални антикризни мерки што ќе помогнат да се ублажи скапотијата.

НСДП ќе продолжи доследно да се бори за унапредување на работничките права, за политики што го ставаат човекот и трудот во центарот на економските процеси.

Поддршката на зголемувањето на минималната плата е поддршка на достоинството на работникот.

Борбата за повисоки плати е борба за поправедно општество, затоа ги повикуваме сите пратеници да дадат поддршка за законските измени.

Address

Вељко Влаховиќ” бр. 4, зграда 2/1/6
Bitola
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НСДП Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to НСДП Битола:

Share