Демократи - Битола

Демократи - Битола Демократи - Битола!

20/08/2026

ДЕМОКРАТИ: НЕСПОСОБНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ, ИШЧИСТЕТЕ ГИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ЗА ЃУБРЕ И РЕШЕТЕ ГО ПРОБЛЕМОТ СО ЃУБРЕТО ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ

19/08/2026

ДЕМОКРАТИ: НЕ Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ШТО ПСИХОПАТИТЕ-ПОЛИТИЧАРИ ГИ УКРАДОА МИЛИЈАРДИТЕ, ТУКУ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НИВНАТА ПЉАЧКА!

ДЕМОКРАТИ: ЛАГА Е ДЕКА СО НОВИОТ ЗАКОН ЌЕ И СЕ СТЕГНЕ РЕМЕНОТ НА КОЦКАРСКАТА ИНДУСТРИЈА!
19/08/2026

ДЕМОКРАТИ: ЛАГА Е ДЕКА СО НОВИОТ ЗАКОН ЌЕ И СЕ СТЕГНЕ РЕМЕНОТ НА КОЦКАРСКАТА ИНДУСТРИЈА!

19/08/2026

ДЕМОКРАТИ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО НИ СЕ УНИШТУВААТ СЕЛАТА!

ДЕМОКРАТИ ГИ ПРАШУВААТ ВЛАСТИТЕ КАДЕ Е АРТАН ГРУБИ???
18/08/2026

ДЕМОКРАТИ ГИ ПРАШУВААТ ВЛАСТИТЕ КАДЕ Е АРТАН ГРУБИ???

ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ, КОЈ Е КРИВ ШТО ДЕЦАТА НИ СЕ ИЗБРКАНИ ВО СТРАНСТВО, А СЕМЕЈСТВАТА И МАКЕДОНИЈА НИ СЕ УНИШТУВААТ???
16/08/2026

ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ, КОЈ Е КРИВ ШТО ДЕЦАТА НИ СЕ ИЗБРКАНИ ВО СТРАНСТВО, А СЕМЕЈСТВАТА И МАКЕДОНИЈА НИ СЕ УНИШТУВААТ???

ДЕМОКРАТИ: ДАЛИ ДА "СЛАВИМЕ" ИЛИ ДА "ТАЖИМЕ"? Почнаа прославите за 35 години независност на Македонија, кои ќе траат ско...
15/08/2026

ДЕМОКРАТИ: ДАЛИ ДА "СЛАВИМЕ" ИЛИ ДА "ТАЖИМЕ"?

Почнаа прославите за 35 години независност на Македонија, кои ќе траат скоро еден месец.
Музички каравани, концерти, свечености, забави...
Ќе се потрошат милиони народни пари, а народот едвај преживува.

Всушност што точно славиме, богатството и престижот на владејачката елита или пак сиромаштијата, пропастот на народот и пустошењето на државата, во изминатите 35 години?

Славиме дека сме независна суверена држава. Но, независноста не е само знаме, химна, концертна бина, говори на лажни политички патриоти и трошење народни пари. Независноста треба да значи дека човекот што живее во оваа држава, може достоинствено да живее од својот труд, дека неговите деца имаат иднина тука, дека болниот човек ќе добие лекување, дека водата ќе биде чиста, воздухот ќе биде чист, дека земјоделецот ќе може да живее од земјата, дека работникот ќе има плата од која може да го прехрани семејството и дека никој нема да мора да биде партиски член, да има врски и да подмити, за да добие вработување во сопствената држава и да остани во својата татковина, а не да ја напушти за подобар живот и да може да живее во фер и демократски политички систем.

ШТО ВСУШНОСТ СЛАВИМЕ?
- Дали славиме дека сме на дното во Европа и светот, со сиромаштија и низок животен стандард, со мизерни плати-најниски во Европа?
- Дали славиме дека немаме болници, туку мртовечници?
- Дали славиме дека немаме лекари специјалисти?
- Дали славиме дека имаме најскапо здравство?
- Дали славиме дека пациентите од онкологија и со ретки болести чекаат и молат секој месец за лекови?
- Дали славиме дека младите и повозрасни граѓани со семејствата си заминуваат од државата и го напуштаат својот дом, затоа што не гледаат иднина во државата?
-Дали славиме дека немаме чиста вода за пиење и сме изложени на ризик по здравјето?
- Дали ја славиме епидемијата и труењето на повеќе од 5.000 граѓани на Општина Гостивар?
- Дали славиме дека немаме чист воздух за дишење?
- Дали ги славиме депониите за ѓубре но населени места?
- Дали славиме дека Македонија е претворена во огромна депонија за ѓубре?
- Дали ги славиме катастрофите што се случија во последните 35 години (Пожарот во модуларната болница во Тетово, дискотеката во Кочани, сообраќајните несреќи, Дурмо Транс и во Бугарија, во кои загинаа повеќе стотици луѓе)?
- Дали ги славиме напуштените градови и села?
-Дали го славиме уништеното земјоделие?
- Дали ги славиме сиромашните земјоделци кои одвај преживуваат и заминуваат од селата?
- Дали славиме бездомни кучиња кои се оставени на милост и немилост од властите?
- Дали славиме дека не сме еднакви пред законот, граѓаните да плаќаат казни, глоби, а најголемите криминалци се на власт и се шетаат на слобода?
- Дали славиме промена на криминалниот Кривичен законик во корист на криминалците?
- Дали славиме дека имаме криминален Изборен законик и се спроведуваат секогаш криминални избори?
- Дали славиме криминално судство, јавно обвинителство и полиција, кои работаат во интерес на политичките и стопанските криминалци, а работат против интересот на граѓаните и Македонија?
- Дали славиме дека имаме повеќе од 200.000 сиромашни пензионери, кои неможат да го преживеат месецот?
-Дали славиме уништена економијата, образование, здравство, животна средина, инфраструктура, култура, спорт?
- Дали славиме негрижа за болните, сиромашните, старите лица?
- Дали славиме општество каде не се промовира чесноста, хуманоста, работните навики и патриотизмот?
- Навистина што да славиме кога човекот кој работи чесно цел живот не може да си дозволи нормален живот, да си купи стан или куќа, работи за "гол живот", а владејачката елита и нивните деца живеат како кралеви?
- Зар да се радуваме на партиска книшка за да имаш работа, да молчиш за да ја зачуваш работата, дали е тоа за славење?
-Дали да славиме како граѓани дека законот не е ист за сите?
И на крај што значи независност ако секој граѓанин ги нема овие елементарни права и после сето тоа, дали има чувство на гордост, достоинство и слобода во сопствената држава?
Тогаш граѓанинот не ја чувствува државата како "своја", не е слободен ,туку е "заробен" и е "модерен роб" во својата држава и за жал, мора да бара спас во напуштање на татковината.

ДЕМОКРАТИ повторно прашуваат: што направивте со оваа држава? Што изградивте за обичниот човек? Што им оставивте на идните генерации?
Секоја критика од ДЕМОКРАТИ не е напад врз некои. Напротив, тоа е љубов кон една држава и нејзиниот народ, патриотизам, а пред се храброст да кажеш дека нешто не е како што треба и што да се направи за да биде подобро, ЗА ДОБРОТО НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ВЕКОВИТА!

15/08/2026

ДЕМОКРАТИ: КАКО ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ ЈА ОКУПИРАА МАКЕДОНИЈА И ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО НИВНА КОРИС, А НА ШТЕТА НА НАРОДОТ!

ДЕМОКРАТИ: ДА СЕ ФАЛИШ ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Е ИСПРАВНА, ОТКАКО ГИ ОТРУВТЕ ЖИТЕЛИТЕ…
15/08/2026

ДЕМОКРАТИ: ДА СЕ ФАЛИШ ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Е ИСПРАВНА, ОТКАКО ГИ ОТРУВТЕ ЖИТЕЛИТЕ…

ДЕМОКРАТИ:МАКЕДОНИЈА ВО ПЛАМЕН, ВЛАСТА СЕ МОЛИ ЗА ПОМОШСезоната на пожари е во тек и ова лето,регистрирани 52 пожари на ...
14/08/2026

ДЕМОКРАТИ:
МАКЕДОНИЈА ВО ПЛАМЕН, ВЛАСТА СЕ МОЛИ ЗА ПОМОШ

Сезоната на пожари е во тек и ова лето,
регистрирани 52 пожари на отворено, од кои 46 изгаснати, а 6 сеуште активни.
Еден од најтешките е близу Прилеп, покрај патот кон Битола. Во меѓувреме, денеска се појавиле и нови пожари, според информацијата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

ДЕМОКРАТИ ја прашуваат Владата и Стојанче Ангелов, (кој е 25 години на раководни функции во Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување), зошто досега не се набавиле хелихоптери и авиони за гаснење на пожари на непристапен терен?

Владата знае да ги троши народните пари за триста глупости (30 дена прослава за 35 години независност на Македонија), наместо парите од народот буџет да се трошат за повеќе пожарникари и обезбеди опрема за превенција и ефективно гасење на пожарите.

Поради тоа ДЕМОКРАТИ апелираат до Владата наместо да се моли за помош до ЕУ, да ни испратат хелихоптери и авиони за гаснење пожари, да инвестира во пожарникари, противпожарни возила, пилоти, хелихоптери и авиони за гаснење пожари.

Зарем треба да се случи повторна катастрофа, како лани, каде илјадници хектари со шуми и објекти изгорееа и граѓаните беа во огромна опаснист, а потоа да се бара решение, наместо да се спречи да се дојде до тоа?!

Address

Пеце Матичевски бр. 15
Bitola
7000

Opening Hours

09:00 - 17:00
18:00 - 19:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Демократи - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share