Женски центар за поддршка - Битола

Женски центар за поддршка - Битола Женскиот Центар нуди помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство.

💜Женски центар за поддршка Битола во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола ве поканув...
12/06/2026

💜Женски центар за поддршка Битола во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола ве поканува на настан каде отворено и гласно ќе зборуваме за семејното насилство.

💜Преку личната приказна на една од нашите кориснички и долгодишното искуство на гостите ќе се обидеме да ги едуцираме младите кои ќе дојдат на настанот одблиску да почувствуваат што значи живот со насилство, како да ги препознаат раните знаци и однесувања кај партнерот и на кој начин можат да се заштитат. Ќе зборуваме отворено за тоа како изгледа животот во насилна врска, кои се првите предупредувачки знаци што не смееме да ги игнорираме и како навремено да се препознае и спречи насилството.

💜Ве очекуваме во што поголем број, заедно да ја скршиме тишината и да ја пратиме пораката :
Насилството никогаш не е љубов!

📅17.06.2026

🕕18ч

📍Во просториите на Градската библиотека во Битола.

🟣Претставници од Женскиот центар за поддршка активно учествуваа на Форумот посветен на менталното здравје кај младите, к...
08/06/2026

🟣Претставници од Женскиот центар за поддршка активно учествуваа на Форумот посветен на менталното здравје кај младите, каде заедно со ученици, родители, наставници, психолози и претставници на институции разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат младите во денешното општество.

🟣Особено значајна беше плодната дискусија во работните групи, каде се отворија важни теми поврзани со стресот, влијанието на социјалните мрежи, потребата од психолошка поддршка и борбата против стигмата поврзана со менталното здравје. Преку размена на искуства и идеи, беа предложени конкретни мерки и активности за подобрување на благосостојбата на младите во нашата заедница.

🟣Благодарност до организаторите за поканата и можноста да бидеме дел од овој значаен настан. Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на менталното здравје и благосостојбата на младите.

Здружение за еднакви можности и права ЛИЛЛА СИЛА Битола

03/06/2026
💜Вчера во рамки на групните активности во Женскиот центар за поддршка Битола, имавме една посебна и топла работилница ис...
27/05/2026

💜Вчера во рамки на групните активности во Женскиот центар за поддршка Битола, имавме една посебна и топла работилница исполнета со многу бои и убава енергија.

💅Една од нашите кориснички со многу внимание им направи маникир на останатите жени, создавајќи моменти на блискост и чувство на припадност.

🫂Преку овие групни работилници жените постепено создаваат безбеден простор каде што можат да почувствуваат дека не се сами во својата борба, стравови и животни предизвици. Добиваат можност да ја зголемат својата самодоверба и токму тоа се најважните чекори кон емоционално заздравување.

Заедно сме посилни. 🤍

Женски центар за поддршка - Битола нуди бесплатни услуги и поддршка за жени кои се соочуваат со семејно насилство и тоа:...
27/05/2026

Женски центар за поддршка - Битола нуди бесплатни услуги и поддршка за жени кои се соочуваат со семејно насилство и тоа:

🫂 Психолошки сеанси со психотерапевт за неа или нејзините деца

👩‍⚖️Правно советување и насочување

🤵‍♀️Средби со кариерна советничка за кариерно зајакнување

🧍‍♀️Придружба до институции и целосна поддршка во процесот на заминување од насилната средина

Сите услуги се бесплатни, Општина Битола - официјална страница целосно ги покрива трошоците за функционирање на нашето советувалиште.

☎️Не си сама, побарај помош:

075393626

Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство

👩‍🎨На 21.05.2026 дел од нашите кориснички имаа можност да следат интересно предавање за важноста на менталното здравје и...
27/05/2026

👩‍🎨На 21.05.2026 дел од нашите кориснички имаа можност да следат интересно предавање за важноста на менталното здравје и да научат техники од Арт терапија кои ќе можат да ги искористат како алатки за смирување во секојдневните предизвикувачки ситуации.

👩‍🎨Нашата сограѓанка ликовна уметница Bojana Artinovska, повторно не поддржа на многу убавн начин.Донираше 3 нејзини лик...
27/05/2026

👩‍🎨Нашата сограѓанка ликовна уметница Bojana Artinovska, повторно не поддржа на многу убавн начин.
Донираше 3 нејзини ликовни творби во нашето советувалиште.

🩷Ти благодариме Бојана од срце, просторот сега е уште поубав и попријатен за нашите кориснички!

🎨Денес гостувавме во убавото сликарско атеље на нашата прекрасна уметница Bojana Artinovska  која не прими со многу топл...
21/05/2026

🎨Денес гостувавме во убавото сликарско атеље на нашата прекрасна уметница Bojana Artinovska која не прими со многу топлина и убава енергија.

🖼Нашите кориснички имаа можност да творат пејзажи на својата душа преку слободно изразување во акварел техника.

🥰Имавме прекрасно двочасовно дружење, пријатни разговори и вистинско уживање додека твориме.

🤍Бојана, ти благодариме од срце за твојот придонес за нашиот центар.

🫴После објавниот апел за помош за една наша корисничка, жртва на сериозно семејно насилство, веднаш добивме повик од Опш...
20/05/2026

🫴После објавниот апел за помош за една наша корисничка, жртва на сериозно семејно насилство, веднаш добивме повик од Општина Битола и во рок од еден ден членките на Советот за социјална заштита и заменик градоначалничката веднаш се јавија со донација на храна, хигиенски средства и финансиска поткрепа.

🙏Голема благодарност за нивната човечност и хуманост пред се.

🤍Општина Битола - официјална страница повторно покажа отвореност и грижа за овој тип на проблеми во нашиот град.

Address

Улица Пеце Матичевски (поранешна Ленинова) 77/1 бр. 1
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Женски центар за поддршка - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Женски центар за поддршка - Битола:

Share

Category