Бизнис Центар за поддршка на МСП во Пелагониски плански регион

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Бизнис Центар за поддршка на МСП во Пелагониски плански регион

Бизнис Центар за поддршка на МСП во Пелагониски плански регион Бизнис Центар за поддршка на приватниот сектор во Пелагонискиот плански регион

12/11/2024

🗣ИПАРД јавен повик за мерка 7
На 05.11.2024 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик бр. 02/2024 за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.
💵Вкупен буџет на јавниот повик е 14 милиони евра.
Инвестиција по проект од 10.000- 600.000 евра со можност за поврат од 60-75% од прифатливите трошоци.
👉Прифатливи се следните сектори за инвестиции:
-Поддршка на руралниот туризам
-Алтернативно земјоделско производство
-Преработка на алтернативни земјоделски производи
-Производство на храна и пијалаци
-Поддршка на занаетчиски активности
-Поддршка на услуги за руралното население за услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.)
и услуги за дневно згрижување на деца
-Поддршка на услуги во земјоделството (воспоставување и унапредување на ветеринарните служби)
⏱Рок за поднесување на понуди до 20 декември 2024 година.
🎯Повеќе информации на следниот линк:

 #ФИТР  Фондот за иновации и технолошки развој ги известува сите заинтересирани дека Отворен е јавниот повик „Кофинансир...
26/04/2024

#ФИТР Фондот за иновации и технолошки развој ги известува сите заинтересирани дека Отворен е јавниот повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”
🚀Јавен повик со најголем обем според финансиски средства кој #ФИТР го објавува.
📌 Вкупна вредност на повикот е 8 милиони евра.
Максимален износ од 20 милиони денари по проект.
🎯 Наменет за претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.
⏱️Рокот за аплицирање е до: 04.06.2024 година, до 14:00 часот.
🖇 Повеќе инфо за повикот на следниот линк:

Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 14 од Правилникот...

 #ФИТР Јавен конкурс по редовна постапка за Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф...
06/03/2024

#ФИТР Јавен конкурс по редовна постапка за Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф“
🎯Фондот за иновации и технолошки развој на ден 06.03.2024 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“ по редовна постапка, со цел да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација.
💵Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка:
– до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односно
– до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.
⏰Рокот за аплицирање е до 15.04.2024 год., до 14.00 часот.
👉Повеќе информации за јавниот повик на следниот линк:

Врз основа на член 25 став 4 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и Правилникот за инстр....

 #ФИТР Јавен конкурс за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст🎯Фондот за иновации и техно...
31/01/2024

#ФИТР Јавен конкурс за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст
🎯Фондот за иновации и технолошки развој на ден 26.01.2024 година, објави Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст
⏱Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 29.02.2024 година, до 14:00 часот.
👉Повеќе информации на следниот линк:

Врз основа на член 25 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 9 од Правилникот за инс....

🗣Ве покануваме на Инфо сесија за „Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи“ на ДТИРЗ, која ќе се одржи на...
17/01/2024

🗣Ве покануваме на Инфо сесија за „Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи“ на ДТИРЗ, која ќе се одржи на 23 јануари (вторник), во Хотел Епинал, со почеток од 12 часот.

🎯Cтанува збор за нова иницијатива на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, поддржани од Швајцарскиот Секретаријат за Економски прашања. Повикот е одговор на пазарните можности и предизвиците со кои се соочуваат домашните фирми, а кои ќе бидат насочени кон надградба на капацитетите и знаењата што им се достапни на домашните фирми преку техничка помош за да бидат во можност да ги исполнат високите стандарди на конкурентност поставени од меѓународните пазари и мултинационалните фирми.
#ТИРЗ




👉Повеќе детали и информации на:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА РАЗВОЈ НА ДОБАВУВАЧИ Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) во партнерство со Меѓународната Финансиска Корп....

🗣ОБЈАВЕН ПОВИК ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2021-2027Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1в...
05/09/2023

🗣ОБЈАВЕН ПОВИК ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2021-2027
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 1ви септември 2023 година објави
🎯ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:
👉1. Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства
Финансиската поддршка за мерката Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства е наменета за земјоделско производство во приоритетните сектори: растително производство, сточарство, рибарство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.
👉7. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Приоритетни сектори: Инвестиции во алтернативно земјоделско производство, Преработка на алтернативни земјоделски производи, Производство на храна и пијалаци, Производство на непрехрамбени производи, Поддршка на занаетчиски активности, Поддршка на услуги за руралното население, Поддршка на услуги во земјоделство, Поддршка на рурален туризам, Обезбедување на простории за дегустација/продажба за директен маркетинг на производите, Рурални музеи, Обезбедување на капацитети за семинари и обуки, едукативни фарми, Обезбедување на рекреативни активности за туристите.
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) за оваа мерка не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ).

⏰Крајниот рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 15 октомври 2023 година.

🤝За дополнителни информации, посетете ја веб странaта на АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk/ или контактирајте го Бизнис Центарот при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Description

Агенцијата за вработување во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Евро...
21/08/2023

Агенцијата за вработување во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување - ИПА, на ден 26.06.2023 година, објави ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ до работодавачи за вклучување во мерката Субвенционирање на вработување.

Се повикуваат заинтересираните работодавачи микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации кои се занимаваат со економска активност при вршење на својата дејност, а кои имаат потреба за вработување на соодветни лица да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување.

Мерката предвидува да опфати невработените лица од евденцијата на АВРСМ, кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот: ГМП корисници, жени, млади до 29 години, Роми, лица со попреченост и долгорочно невработени лица.

За вработување на едно лице, работодавачот ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување во износ од 19.000,00 денари месечно, за период од 6 месеци по вработено лице. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата од субвенционираниот износ.
Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 3 месеци, односно вкупно 9 месеци.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор за субвенционирано вработување помеѓу Агенцијата за вработување, работодавачите и кандидатите.
Заинтересираните работодавачи можат да аплицираат за вработување на лица - корисници на ГМП (гарантирана минимална помош), жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица до 25.08.2023 или до исполнување на предвидениот опфат на корисници, односно до искористување на буџетските средства наменети за оваа мерка.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, контакт телефонот 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk , како и во ИПА канцеларијата на [email protected]

Агенцијата за вработување на Република Македонија е јавна установа, преку која се уредуваат и обезбедуваат прашањата од областа на размената на трудот, правата и о...

21/08/2023

Прилеп повтoрно организира „Prilep OUTLET Weekend „
овој пат летен и со Night Shopping тура
Прилеп повторно организира “Prilep OUTLET Weekend 2023“, на 25-ти и 26 август. Прилепската чаршија која изобилува со квалитетна понуда на облека и обувки, традиционална храна и одличен амбиент за одмор и кафе-муабет ќе понуди неверојатни попусти. За посетителите и љубителите на шопингот подготвени се извонредни попусти до 50%, но овој пат и ново изненадување на “Prilep OUTLET Weekend 2023 “ - Night Shopping, каде прилепските бутици за сите вљубеници на шопигот ќе работат до 22 частот, кулминирајќи по 20 часот, со екстра цени и нови изненадувања за потрошувачите.
„Со цел купувачите да знаат каде да пазарат, продавниците кои се дел од настанот ќе бидат обележани со посебна ознака. Нашиот амблем е „мајмунче“, знаменце со „мајмунче на шопинг“ и постер што ќе ги краси нашите продавници и тоа ќе биде препознатлив знак. А, за муштериите ќе има попусти на секој ќош“- велат прилепските трговци.
Настанот “Prilep OUTLET Weekend” и Night Shopping е поддржан од ЛС Прилеп.
Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на викендот на 25ти и 26ти, ќе го посетат Прилеп. А, сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјално креираната фан страна, која посетителите ќе можат да ја следат и да се информираат https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137
Прилепската чаршија, со поддршка на локалната самоуправа, на почетокот од годината (17-ти и 18 февруари) за прв пат го организираше „Prilep OUTLET Weekend“ кој што предизвика огромен интерес во регионот. Во шопинг настанот се вклучија над 200 продавници од прилепската чаршија: бутици за облека и обувки, детски бутици, парфимерии, кафетерии, продавници за бела техника, угостители, а Прилеп го посетија над 10 илјади луѓе.

НАЈГОЛЕМИОТ ОUTLET WEEKEND ВО МАКЕДОНИЈА!

🗣Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување на барања за к...
17/05/2023

🗣Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката за Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

🎯Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство предвидени со Програмата.

💵Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

👉Повеќе информации на следниот линк:

Oбјавен првиот јавен повик за Mерката „Инвестиции во модернизација на земјоделските стопанствa“ или популарно наречена мерка „Бизнис план“ од Програмат...

🗣Министерство за економија објави два јавни повици во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2023 година:🎯1. Јавен...
29/03/2023

🗣Министерство за економија објави два јавни повици во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2023 година:
🎯1. Јавен повик за финансиска поддршка за женско преприемништво во туризмот
💵Предмет на јавниот повик е субвенционирање на туристички претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари, наменети за:
-набавка на опрема и алати
-уредување /подобрување на деловен простор
-одржување на обуки за вработени
Субвенционирани ќе бидат трошоци настанати во 2022 и 2023.
👉Повеќе информации на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-finansiska-poddrska-za-zensko-pretpriemnistvo.nspx

🎯2.Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домакинства во руралните средини
Право на учество имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност категоризирани согласно Правилникот за добивање на ознака во селски домаќинства во рурални средини.
💴Субвенционирањето е преку кофинансирање на 60% од трошоците, до 200.000 денари, за следните намени:
-уредување, опремување или реновирање на објект соглсно традицијата на крајот каде се наоѓа
-согласно правилникот потребно е во објектото да се послужуваат ладни и топли јадења и напитоци вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство
да нуди услуги за сместување (до 5 соби)
-надворешниот изглед на куќата да е зачуван и околината уредена
👉Повеќе информации на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencii-za-turisticki-celi-na-selski-domakinstva-vo-ruralnite-sredini.nspx

Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домакинства во руралните средини

⚠️  #ФИТР со нов јавен повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”❗️5.060.000 евра под...
29/03/2023

⚠️ #ФИТР со нов јавен повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
❗️5.060.000 евра поддршка за микро, мали и средни компании
📍 Целта на повикот е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
💰Фондот обезбедува финансиска поддршка:
✅️ до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари микро претпријатија
✅️ до 70 проценти, но не повеќе од 5 милиони денари за мали претпријатија
✅️ до 60 проценти, но не повеќе од 10 милиони денари за средни претпријатија.
➡️ Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.
🖇 Повеќе информации за условите и критериумите за аплицирање на повикот, на следниот линк:

Врз основа на член 25 од Законот за иновациската дејност („Службен весник на Република Македонија“бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16, 190/16 и 64/18) и член 9 од Правилникот за инс....

27/03/2023

⚠️ #ФИТР со нов јавен повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”
❗️5.060.000 евра поддршка за микро, мали и средни компании
📍 Целта на повикот е да се поддржат домашните компании да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
💰Фондот обезбедува финансиска поддршка:
✅️ до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 2,5 милиони денари микро претпријатија
✅️ до 70 проценти, но не повеќе од 5 милиони денари за мали претпријатија
✅️ до 60 проценти, но не повеќе од 10 милиони денари за средни претпријатија.
➡️ Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.
🖇 Повеќе информации за условите и критериумите за аплицирање на повикот, на следниот линк: https://fitr.mk/јавен-конкурс-за-кофинансирани-грант/

Address

Tomaki Dimitrovski 7
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бизнис Центар за поддршка на МСП во Пелагониски плански регион posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Бизнис Центар за поддршка на МСП во Пелагониски плански регион:

Share