Општина Битола - официјална страница

  • Home
  • Macedonia
  • Bitol
  • Општина Битола - официјална страница

Општина Битола - официјална страница Официјална ФБ станица за презентација на град Битола. This is the official Facebook account of the City of Bitola.

МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ЗОРАН ПЕТКОВСКИ – ПЕТКОТО“Вечерва во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше орг...
16/09/2026

МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ЗОРАН ПЕТКОВСКИ – ПЕТКОТО“

Вечерва во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше организиран првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски. Турнирот го организираше новоформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“, а на него присуствуваа и членови на семејството Петковски.

Во своето обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека Зоран Петковски е името кои не се заборава, голем спортски работник, поранешен кошаркар. Своите кошаркарски почетоци ги имаше Пелистер, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер.

„Се уште со голема така се присетуваме на нашиот пријател, другар, поранешен советник, спортски работник. И за неговото семејство, но и за нас голема е загубата на толку млад човек за кој спортото беше толку многу важен и за кој, спортот зближуваше, рекреираше, бодреше и инспирираше. Тоа беа неговите зборови на кои се присетувам и денеска на овој Прв Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“ кој два дена ќе се одржува во нашиот град“ рече градоначалникот на Битола.

Петковски во еден мандат беше советник во Советот на Општина Битола, задолжен за спортските теми. Човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола.

Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст.
Велеше во Битола, ќе создадеме услови и за екипните и за индивидуалните, но и училишните и рекреативните спортови. Ќе успееме, умно ќе ги искористиме и споиме постојните ресурси со новосоздадените и новопронајдени можности. Овие негови зборовои за нас остана аманет.

Некои луѓе оставаат толку многу зад себе, што секој што ги познавал носи по една своја приказна за нив.

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, БИТОЛА – ГРАД ЗА СИТЕ!Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од раз...
16/09/2026

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, БИТОЛА – ГРАД ЗА СИТЕ!

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за различните начини на движење.

Во првиот дел – „Мапирање на мобилноста", основци, средношколци и студенти, со своите ментори, се движеа по различни градски патишта и мапираа што е проодно, каде има пречки и што може да се подобри.

Во вториот дел – „Битола во движење", се придружија различни генерации и различни корисници на градскиот простор – велосипедисти, корисници на тротинети, постари лица и лица со попреченост.

Активностите завршија пред Офицерскиот дом, каде се собраа на дружење и споделување на искуствата од мапирањето, со цел создавање на нашата „Визија за Битола" – идеи од младите и граѓаните за град во кој полесно, побезбедно и порамноправно се движиме сите.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски во своето обраќање ја поздрави оваа иницијатива што подразбира мапирање на Битола со што согледуваме како различните граѓани го доживуваат движењето низ градот.

„Како локална самоуправа неуморно работиме на подобрувањето на уличната инфраструктура од аспект на безбедноста, пристапноста и мобилноста.
Во овој контекст сакам да напоменам дека Општината имаше објавено јавен повик за искористување на средства за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попреченост до и во нивниот дом. Исто така Битола за прв пат доби велосипедски патеки во должина од 5 километри, а се работи и на нови траси.
Мобилноста не е иста за сите. Она што за еден граѓанин е лесен и прооден пат, за друг може да биде сериозна пречка. Затоа многу идеи и предлози досега реализиравме, токму тргнувајќи од потребите на граѓаните и така ќе продолжиме.
Денешната активност во рамките на Европската недела на мобилност за Битола град за сите, е додадена вредност на визиите да ги преточиме во реални решенија. Особено е важно што денеска не бараме само проблеми, туку сакаме да слушнеме и предлози за решенија“ истакна градоначалникот Коњановски.

Со денешното мапирање се овозможи апликацијата да биде тестирана во реални услови и врз основа на искуствата и повратните информации од мапирачите понатаму да се подобрува.

Упати благодарност за „Smart CityZen“, „Гринстарс“, “European Researchers’ Night & Researchers at Schools“, Хабот за тројна транзиција и УКЛО КОЛОРС, како и до Валентин Стојановски за развојот на апликацијата.

В ПЕТОК ЌЕ ЗАСЕДАВА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА16-тата редовна седница на Советот на Општина Битола е закажана за в петок ...
16/09/2026

В ПЕТОК ЌЕ ЗАСЕДАВА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

16-тата редовна седница на Советот на Општина Битола е закажана за в петок на 18 септември.

Пред советниците ќе се најде кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола во вториот квартал од 2026 година, како и програмата за измена и дополнување на Програмата на финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2026 година.
Како точка на дневен ред е и Правилникот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Општина Битола.

Советниците ќе ги разгледуваат и извештаите за бројната состојба, спроведената оптимизација и одобрените паралелки со помал број ученици во основните училишта во Општина Битола за учебната 2026/2027 година.

Во делот на спортот се точките, односно Одлуката за давање на овластување на градоначалникот на Општина Битола да потпише договор за финансиска поддршка со женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ Битола, како и одлуката за примање на донација за реконструкција на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева во Битола од страна на ФФМ.

На дневен ред на оваа седница се и годишните извештаи за работа на пет средни училишта за учебната 2025/2026 година и годишните програми за работа за учебната 2026/2027 година.
На оваа седницата ќе се најде и иницијативата на градоначалникот на Битола за некористење мобилни телефони во училиштата.

Советниците ќе ја разгледаат и информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Битола во текот на првото полугодие од 2026 година.

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, БИТОЛА – ГРАД ЗА СИТЕ!
14/09/2026

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, БИТОЛА – ГРАД ЗА СИТЕ!

МОДЕРНИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ И ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“И ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со за...
14/09/2026

МОДЕРНИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ И ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

И ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со забрзана динамика се работеше и во ова училиште.

Изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка.
Игралиштата се оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.

Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари.
Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука.

И нашата и определбата на Владата е создавање модерни услови за спорт и рекреација во нашето образование.

БИТОЛА ДЕНЕС БЕШЕ ГРАД НА ТРЧАЊЕТОНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортск...
13/09/2026

БИТОЛА ДЕНЕС БЕШЕ ГРАД НА ТРЧАЊЕТО

Над 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.

Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ.

Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката.

ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата.

Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката.

Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола.

Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола.

84 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВПо повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, д...
12/09/2026

84 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВ

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ. Свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, Сојузот на борци од Битола, претставници на политички партии, семејството и роднини, здруженија, граѓани, како директорот и ученици од ОУ „Стив Наумов“.

Песна за херојот Стив Наумов исполни хорот на ОУ „Стив Наумов“ од Битола.

ОД ДЕНЕС ОПШТИНА БИТОЛА ЈА ЗГОЛЕМУВА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊАСо цел навремено,...
11/09/2026

ОД ДЕНЕС ОПШТИНА БИТОЛА ЈА ЗГОЛЕМУВА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА

Со цел навремено, транспарентно и целосно информирање на јавноста за прашања од јавен интерес, како и овозможување полесен пристап до веќе дадените информации, Општина Битола од денеска во секцијата на овој линк https://www.bitola.gov.mk/odgovori_novinarski/ ќе ги објавува доставените одговори на новинарски прашања.

Објавувањето ќе се врши откако медиумот или новинарот што покажал интерес за определена тема ќе ја објави веста, односно ќе ги искористи доставените одговори. На овој начин се почитува професионалниот интерес на новинарот што ја иницирал темата, а истовремено се обезбедува достапност на целосните и изворни информации за јавноста и за другите медиуми.

Оваа практика има цел да придонесе кон поголема транспарентност, да го олесни добивањето одговори на прашања што се повторуваат и да овозможи рационално, ефективно и ефикасно користење на административните капацитети на Општината.

По исклучок, одговорите може да бидат објавени и пред објавувањето на новинарскиот прилог, доколку прашањата претходно биле јавно објавени на веб-страницата или на интернет-порталот на медиумот.

Во врска со јавно објавените прашања на медиумот https://tera.mk/имаме-82-прашања-за-градоначалникот-ако/
следуваат одговорите.

Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА Општина Битола ја почитува улогата на медиумите и правото на јавноста дабиде информирана. Истовремено, точната и одговорна комуника...

Вклучете се во процесот на праведна транзиција во рамките на програмата WOLCOT – Women-Led Coal Transition чија цел е да...
11/09/2026

Вклучете се во процесот на праведна транзиција во рамките на програмата WOLCOT – Women-Led Coal Transition чија цел е да придонесе кон инклузивна и праведна енергетска транзиција во регионите зависни од јаглен.

Пополнете го WOLCOT – ПРАШАЛНИКОТ ЗА ПОЧЕТНА ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ, СТАВОВИТЕ И УЧЕСТВОТО ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА
Целта на истражувањето е да ги утврди потребите, ставовите и искуствата на граѓаните и другите засегнати страни во однос на праведната транзиција, предизвиците со кои се соочуваат и нивното учество во процесите на планирање и донесување одлуки.
Одговорите се доверливи и ќе бидат користени исклучиво во агрегирана форма. Нема точни или погрешни одговори – важно ни е Вашето лично искуство и мислење.
Прашалникот е достапен на овој линк: https://forms.gle/9oTN2nWqEceLyekG7

Проценето време за пополнување: 15–20 минути.

Ве молиме пополнете го прашалникот најкасно до Среда 16 Септември.


Supported by Bank for Reconstruction and Development (EBRD) and Investments Funds (CIF)

„ЗАПОЗНАЈ ГО ЛОКАЛНИОТ ПЧЕЛАР“Денес и утре на плоштадот „Магнолија“’ во Битола се одржува манифестацијата „Запознај го л...
11/09/2026

„ЗАПОЗНАЈ ГО ЛОКАЛНИОТ ПЧЕЛАР“

Денес и утре на плоштадот „Магнолија“’ во Битола се одржува манифестацијата „Запознај го локалниот пчелар“.

Целта на манифестацијата е промоција на пчеларството во регионот, преку изложба и дегустација на мед и производи од локалните пчелари, како и со учество на гости од други пчеларски здруженија.

Поддршка на настанот даде Општина Битола, а пчеларите денеска ги посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој беше запознат со предизвиците со кои се соочуваат пчеларите.

Ова е трета година по ред како се организира, а како што велат од пчеларското здружение „Мариовско Пелагониски Пчелари“ Битола, целта е манифестацијата да се одржува традиционално секоја година, промовирајќи и осветлувајќи ја улогата на пчеларството во Општина Битола.

Address

БУлица „1-ви Мај“ бр. 61
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+389 47 208 442

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Битола - официјална страница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Битола - официјална страница:

Shortcuts

Share