Etno Square Festival - Етно Плоштад Фестивал

Etno Square Festival - Етно Плоштад Фестивал ОПШТИНА БЕРОВО Димитар Влахов бр.10 2330 Берово

Општина Берово и оваа година го организира Маѓународниот Етно Фестивал- Етно Плоштад Фестивал кој се одржува од 26-28 Август во Берово.

Етно фестивалот претставува интегрирана промоција на културното наследство на регионот третирајќи повеќе сегменти од богатата традиција во неколку делови:

Малешевијата на Дланка- Саем на локални традиционални производи

Етно Камп – Музичка работилница во која и

нтернационални изведувачи работат на теми од автентичен фолклор и музичка стилизација

Малешевски Фолклорни Средби- Настапи на фолклорни друштва од Балканот

Цел на организирањето на фестивалот е континуирана промоција на културното наследство на регионот преку создавање на атрактивен културен настан на кој ќе земат учество признати изведувачи од Балканот и пошироко. Етно фестивалот е една од клучните алатки за промоција на Берово како атрактивна дестинација за развој на алтернативниот туризамот.

Оваа година Етно Плоштад Фестивал завзема поголеми димензии. Преку 200 учесници ќе настапат на ова издание на фестивалот, а се најавени учесници од Полска, Романија, неколку ансамбли од Бугарија, Србија и Македонија. Концерти ќе одржат Националниот ансамбл „Танец“ и Етно групата „Љубојна“ од Македонија, како и неколку познати изведувачи на модерни танци од Бразил и Бугарија.

Културното наследство и традицијата е она што му дава специфичен белег на секој регион. Фолклорот е народен производ, специфично културно и духовно наследство, нишка која се пренесува од колено на колено и придонела да го зачуваме нашиот идентитет низ вековите.
Современиот начин на живот се повеќе бара да се потсетиме и да ги зачуваме нашите корени. Нова ревалоризација на фоклорот му даваат дел од современите музички правци кои користат фолклорни елементи во стилизирана форма.

Вистинска магија на настанот дава интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ кој се одржува во склоп на фестивалот. Шаренилото од бои и богатството на производи ќе ве
заслепи на бројните штандови. Тука може да најдете ракотворби, сувенири и резби изработени на традиционален начин или стилизирани. Може да вкусите и од медот, млечните производи, сокови, оцет или од
тестенините. Се е подготвено по традиционални рецепти, од при-
родни суровини.

24/08/2011
24/08/2011

26 avgust
- Ljubojna (Makedonija) 20.30
- Chinari (Bugarija)
- Paola Blanton i Pindjur (Brazil, Makedonija)
27 avgust
- Nacionalen ansambl “Tanec” (Makedonija)
- Sintezis (Makedonija)
- Estrela Andrachi (Brazil)

22/08/2011

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

27/06/2011

Address

Плоштад “Димитар Беровски“
Berovo
2330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Etno Square Festival - Етно Плоштад Фестивал posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share