01/07/2020
СОВРЕМЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ! ПА КАКО НЕ ЌЕ БИДЕ ТАКА, КОГА РУСИТЕ ГОВОРЕЛЕ КАКО АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ (Ј.РУСО- МАВРО ОРБИНИ 1601)!
За дека Хомеровиот јазик бил само словенски наведува германскиот лингвист Пасоф (1915).Како што Пасоф пишувал, пишувал и грчкиот лингвист (Чулкас- 1907). Тој не смеел да напише ништо директно за каков бил македонскиот јазик, затоашто тој стравувал за својот живот! И што станало со него ? Па само едно: нему му досадил животот, па се „самоубил“ ! Ама тој не бил единствен. Германскиот учен бугаринот Владимир Георгиев го одгонетнал клучот за критскиот јазик ! Што станало со него ? Ништо посебно- да не се самоубие, се откажал од клучот ! И што потоа ? Клучот го презел Вентрис. И што станало со него, дали тој се самоубил или се откажал од откажаниот клуч ? Не !Па што било со него ? Му направиле собраќајка, и пупка ! Кој бил виновен ? Мајкаму, која била Полјакина-Вентрис разбирал полски! Море Ристо Ивановски што пишуваш глупости !Дали имаш други глупи докази ? Џон Тоуб бил во Пакистан, и утврдил таму Македонците говореле словенски ! Тој одма отишол во Атина гордо да им соопшти дека античките Македонци говореле словенски ! Што било со него ? Ништо, само едно кафе и пупка ! Што потоа ? Само вдупка ! Вдупка бил 10 година ! Зошто ? Виновен бил гробот, кој бил на суво, а без влага не делуваат бактериите, органските ткива да се минерализираат ! Дали уште ти бе Ристо ќе пишуваш глупости ? Да ! Икономидес утврдил дека во гробницата на Филип Втори оној од Македонија наодите не биле од гробницата туку од Атинските музеи ! Што било со него ?Ништо друго туку со кафе пупка, и одма в дупка ! Бидејќи народно писмо на Македонците им биле црти и рецки, кои биле руни,во 19 век прогласени словенски,сите наоди од гробницата на Филип Втори Македонски биле раздробени и фрлени вморе. Не случајно, написот на Каменот во црквата Св.Ана, с.Олевени- Битола, посветен на Филип Втори Македонски во 21 век бил исклесан! Па запомнете, со глето многу долго со денови и недели! Да не ве чуди: во Елада живееле само Словени со словенски јазик, како и словенски акцент итн. што го пишувал Ф.Ј.Фалмерајер и мноштво други автори, забранети во Елада: „Коине (тн.старо-грчки) произлегол од староегипетски“ (2017)- и Германската национална библиотека. Ова не е единствена моја книга во таа библиотека, туку вкупно 42, од кои 15 на германски јазик итн.:
ГРЧКИОТ ЛИНГВИСТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ГРЧКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ ОД ИСТ КОРЕН, OFF.NET.MK, 01.07.2020.
Книгата на Циулкас е издадена во 1907 и тогаш не предизвикала некое големо внимание. Но во 1991 е реиздадена, и тоа со предговор од долгогодишен пратеник и некогашен министер во грчката влада.
Константин Циулкас е роден 1845 година во село Горенци (денес Корисос), село во регионот на Костур. Бил учител во своето родно место, во кое повеќето жители зборувале македонски. Тој сепак бил остар противник на внесувањето на „словенскиот говор“ во официјалното образование и во црковната служба, а учествувал и во гушењето на обидите за воведување народен јазик во училиштата во Костурскиот регион.
Како таков бил забележан од баронот Константин Белиос, грчки трговец и мецена, кој му овозможил да студира филологија во Атина. По дипломирањето во 1879 бил испратен во Битола, каде десет години бил директор на грчката гимназија.
Во 1907 Циулкас во Атина објавил книга од 350 страници под наслов „Прилог кон двојазичноста на Македонците преку споредба на наводно словенскиот македонски јазик со грчкиот“. Иако тврдел дека не познава ниту еден словенски јазик (а секако дека го зборувал македонскиот), тој се обидел преку разни историско-лингвистички акробации да докаже дека јазикот на словенските говорители во тогашна Отоманска Македонија не бил ниту македонски, ниту бугарски, туку - древно грчки дијалект.
Циулкас за оваа цел се потпирал главно на лексиката, додека на останатите аспекти (фонологија, морфологија, синтакса) посветил само 11 страници. Неговиот фокус бил на зборовите со заедничко, индо-европско потекло со грчкиот, со што сакал да покаже дека основните елементи на македонскиот речник не бил словенски, туку грчки. Составил список од зборови кои се појавуваат во „Илијадата“ и „Одисејата“ и истражил колкав број од нив преживеале во „народниот“ јазик (650), а колку во „наводно словенскиот македонски“ (1260). Еден од примерите е „вино“, со потекло од латинското vinum, чија сличност со старогрчкото oinos според него не се должи на тоа што македонскиот збор е изведен од старогрчки, туку на тоа што и старогрчкиот и латинскиот збор се всушност од ист, индо-европски предок.
Според книгата „Јазик и национален идентитет во Грција, 1766-1976“ од Питер Мекриџ во издание на Оксфорд јуниверзити прес од 2009, се вели дека иако на времето немало грчки лингвисти кои ја поддржале тезата на Циулкас, во 1991, значи скоро еден век од првото печатење, таа е повторно објавена во Грција, без наведување на историскиот контекст и без никакви негативни коментари. Напротив, книгата била придружена со пофален предговор од поранешниот владин министер Николаос Мартис. На Википедија страницата посветена на Циулкас неговата книга е означена како анти-научна и псевдо-лингвистичка, но исто така се наведува дека таа и денес може да се најде во слободна продажба. Истовремено се истакнува и еден парадокс - дека иако немал таква намера, неговите тврдења несакајќи придонеле кон идејата дека современите Македонци се потомци на oние древните.