СДСМ Кисела Вода

СДСМ Кисела Вода Оваа страница е наменета за сите што сакаат да ги следат активностите на О.О. СДСМ Кисела Вода

24/04/2026

Денеска се случи уште една трагедија која не смее никако да се релативизира. Има загубени човечки животи, работници се борат за живот затоа што системот не функцион...

24/04/2026

Советничката група на СДСМ во советот на Општина Кисела Вода бара вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода

24/04/2026

Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода.

На самиот почеток, дозволете да изразиме длабоко сочувство до семејството на загинатиот работник во трагичниот настан во Општина Кисела Вода. Воедно, на повредените им посакуваме што поскоро закрепнување и враќање кај своите најблиски.

Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите.

Токму затоа, денес поднесовме барање за итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода.

На таа седница бараме да се донесат конкретни одлуки:

– Формирање на независна стручна комисија која ќе изврши целосна проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината;
– Итно воведување мораториум на сите градежни активности сè додека не се утврди дека истите се безбедни и во согласност со законите;
– Обезбедување целосна транспарентност преку јавно објавување на сите документи, дозволи и наоди поврзани со градбите.

Дополнително, бараме итни мерки за заштита на граѓаните:

– Да се изврши проценка и, доколку е потребно, евакуација на сите лица и објекти кои се наоѓаат во потенцијален ризик;
– Да се преземат мерки за санација на последиците и да се обезбеди соодветна помош и поддршка за погодените.

Ова не е прашање на политика, туку прашање на безбедност и човечки животи.

Затоа, бараме вонредната седница да се одржи без одложување и да резултира со конкретни мерки што ќе гарантираат безбедност на сите градилишта во Кисела Вода.

Граѓаните мора да бидат сигурни дека институциите функционираат и дека нивната безбедност е на прво место.

ДОГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДАПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДАСОВЕТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДАПРЕДМЕТ: Ба...
24/04/2026

ДО
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
СОВЕТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ПРЕДМЕТ: Барање за свикување итна вонредна седница на Советот

Почитувани,

По трагичниот и вознемирувачки настан што се случи во Општина Кисела Вода, кој ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за безбедноста на градежните активности во општината, бараме итно свикување на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода.
Потсетуваме дека советничката група на СДСМ веќе алармираше за состојбите на истата локација, особено во однос на сечата на дрва и сомнителните градежни активности. Игнорирањето на тие предупредувања денес резултира со последици кои не смеат да се релативизираат.
Бараме на вонредната седница да се донесат следните одлуки:
• Формирање на независна стручна комисија составена од релевантни експерти, која ќе изврши целосна проверка и евалуација на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината;
• Итно воведување мораториум на градежни активности, сѐ до моментот кога стручната комисија јасно ќе утврди дека издадените дозволи и тековните градилишта не претставуваат ризик по безбедноста на граѓаните;
• Целосна транспарентност во процесот, со јавно објавување на сите наоди и документи поврзани со издадените дозволи.
Дополнително, бараме од општината:
• Итно да преземе мерки за евакуација на сите лица и објекти кои се во потенцијален ризик во близина на спорната локација;
• Да донесе итна одлука за санација на последиците, како и обезбедување соодветна помош и поддршка за погодените жители.
Ова не е прашање на политика, туку на одговорност. Секое одложување значи директно загрозување на безбедноста на граѓаните. Очекуваме итна реакција и преземање конкретни чекори.

СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА СДСМ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
24.04.2026

21/04/2026

🌸Форумот на жени на Кисела Вода во рамките на своите активности, за април месец организира настан кој произлезе од нашата загриженост за младите како мајки, баби, соседи, граѓани.

🌐Овој настан е дел од редовниот календар на активностите на Форумот на жени на Кисела Вода и не е произлезен од бирократски планови, туку од секојдневните разговори кои ги водиме меѓусебно во нашите маала.

🔻Сите го чувствуваме истото, Кисела Вода е наш дом, но, во последно време, кога ќе ги испратиме нашите деца во градинка или кога нашите млади ќе излезат на улиците, во нас се населува едно тивко чувство на немир.

✨Несигурноста не е само во статистиките за сообраќајни незгоди, таа е во недоволно осветлените сокаци, во стравот дали нашите најмлади се заштитени додека си играат и во секојдневните различни ризици кои се пречести.

❗Безбедноста не е луксуз, туку основно човеково право. ❗Не смееме да чекаме да ни се случи следна несреќа за да реагираме.

👉Затоа, поканивме говорници од различни профили, клучни луѓе кои можат да говорат за различни аспекти на безбедност, полициски, општествен, социјален, здравствен...

📝Повелете заедно да дискутираме на темава која е актуелна во секое место на живеење...

👉26.04.2026, недела, во седиштето на партијата на ул.Бихаќка, со почеток во 12 часот

#Млади #Безбедност #настан #СДСМ #Форум #трибина

21/04/2026
Среќен 35-ти роденден - СДСМ!
20/04/2026

Среќен 35-ти роденден - СДСМ!

Форум на Жени ОО СДСМ Кисела Вода
29/03/2026

Форум на Жени ОО СДСМ Кисела Вода

Форум на Жени ОО СДСМ Кисела ВодаАГЕНДА11:01-11:05 г-ѓа Билјана Крстевска Грозданова Претседател на Форум на жени Кисела...
28/03/2026

Форум на Жени ОО СДСМ Кисела Вода

АГЕНДА

11:01-11:05 г-ѓа Билјана Крстевска Грозданова Претседател на Форум на жени Кисела Вода

11:10-11:20 Проф. Д-р Венко Филипче, Претседател на СДСМ

11:20- 11:30 Проф. Д-р Рубин Земон, поранешен пратеник, креатор на Стратегијата за Едно општество и интеркултурализмот, актуелен член на ИО

11:30-11:40 д-р Елеонора Петрова Митевска, поранешна пратеничка и прва Координаторка на Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија како и една од иницијаторките на женската организација во Партијата

11:40-11:50 Јована Тренчевска актуелна пратеничка и поранешна Претседателка на Форумот на жени на СДСМ

11:50- 12:00 г-ѓа Каја Шукова актуелна Претседателка на Форумот на жени на СДСМ

12:00 - 12:40 прашања од присутните

Коктел во 12:40 часот

28/03/2026
21/03/2026

Границите постојат само во нашите мисли! 🌟
​На Денот на лицата со даунов синдром, споделуваме неколку инспиративни приказни од нашата Македонија кои ни докажуваат дека Дауновиот синдром не е пречка за успех, туку само поинаков пат до него. 🇲🇰❤️

​✨ Го познавате ли Александар Матовски - Цако? Тој не е само пливачки шампион со медали од Специјалната олимпијада, туку и првото лице со Даунов синдром кај нас кое дипломираше на факултет! Поет, радио-водител и вистински борец за човекови права.

​✨ Сте пиеле ли кафе во инкузивното кафуле „Радост“? Таму работат прекрасни млади луѓе кои секој ден ни покажуваат дека секој заслужува шанса за работа, достоинство и социјализација. Нивната насмевка е најдобрата услуга што можете да ја добиете.

​✨ Тука е и младиот уметник Стефан Трпковски, чии слики ни го покажуваат светот во најубави бои, како и сите оние тивки херои кои секојдневно чекорат на модните писти или во спортските сали.

✨Младата манекенка Глорија исто така направи чекор напред во модната индустрија во Македонија, појавувајќи се на неколку модни ревии и фотосесии за домашни дизајнери. Нејзиното појавување на пистата е силна порака дека убавината и модата се за секого.

❗​Овие луѓе не бараат сожалување, туку ПРИФАЌАЊЕ и ШАНСА. Тие се доказ дека со љубов и поддршка од семејството и заедницата, небото е граница. 🚀
​Да ги поддржиме, да учиме од нивната храброст и да изградиме општество каде секој успех се слави подеднакво! 🤝🧡

​ #Инклузија #ДауновСиндром #Македонија #Инспирација #ЕднаквиМожности #Радост #поддршка #Форум

Address

Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ Кисела Вода posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДСМ Кисела Вода:

Share