Завод за Социјални Дејности Скопје

Завод за Социјални Дејности Скопје Заводот за социјални дејности е јавна установа за унапредување на социјалната дејност, со надлежност на територија на целата држава.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА (18.06.2025)Минатата недела во Центар за обука - МВР е потпишан Меморандум за соработка...
23/06/2025

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА (18.06.2025)

Минатата недела во Центар за обука - МВР е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за внатрешни работи – Центар за обукa и Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје.

Со потпишувањето на овој Меморандум, наведените институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

Соработката подразбира заеднички активности во полето на развој на системот за учење и професионален развој, како и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал, а целните групи на корисници се службени лица, вработени во судството, внатрешните работи и државниот систем на социјална заштита.

Меморандумот го потпишаа: г-ѓа Ирина Трајкоска Стрезоски-Директор на Академијата за судии и јавни обвинители, м-р Влатко Митковски-Помошник на министерот на Центарот за обука и г. Стојан Станиславски-Директор на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје.

Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, Заводот за социјални дејности учествуваше на настан организиран од И...
16/05/2025

По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 мај, Заводот за социјални дејности учествуваше на настан организиран од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет – Скопје, УКИМ, во соработка со Факултетското студентско собрание.

Настанот беше одбележан со богата и инспиративна програма, посветена на значењето на семејната едукација. Во рамки на програмата се одржа панел-дискусија со учество на експерти од различни области, на која активно учествуваа и претставници од Заводот за социјални дејности.

Со своето присуство и учество, Заводот ја потврди својата посветеност кон унапредувањето на семејните вредности и промоцијата на важноста од едукација и поддршка на семејствата во современото општество.

Со голема чест и задоволство ве известуваме за потпишување на нашиот Меморандум за соработка со  Филозофскиот факултет в...
16/05/2025

Со голема чест и задоволство ве известуваме за потпишување на нашиот Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет во Скопје.

Оваа соработка отвора нови можности за заеднички активности во областа на образованието, научно-истражувачката работа и стручната пракса.
Целта е зајакнување на стручниот кадар и унапредување на системот на социјална заштита во интерес на заедницата.

Заедно кон поквалитетна социјална реалност! 📘🤲

#ФилозофскиФакултет #ЗаводЗаСоцијалниДејности #Соработка #ЗнаењеВоПрактика

19/06/2024
08/03/2023

Драги дами Честит 8-ми март!
Никогаш не заборавајте колку сте посебни! 🌹🥂❤️

Драго ни e што повторно стапуваме во партнерство со македонското здружение на млади правници и другите релевантни здруже...
23/12/2022

Драго ни e што повторно стапуваме во партнерство со македонското здружение на млади правници и другите релевантни здруженија кои се дел од овој проект со кои исто сме имале соработка во насока на натамошно јакнење на принципот на владеење на правото и правната сигурност во Република С. Македонија, овој пат во врска со спроведување на активности кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите и меѓуинституционалната соработка помеѓу казнено-поправните установи, пробациските службеници, центрите за социјална работа и другите даватели на услуги со цел ресоцијализацијата и реинтеграција на осудени и поранешно осудени лица.

Повеќе за проектот на следниот линк👇👇👇
https://zsd.gov.mk/2022/12/23/kick-off-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82/

KICK OFF на проектот “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “ by zsdgovmk_admin | Dec 23, 2022 | Активности “...

На 15 декември 2022 година, во просториите на Заводот за социјални дејности, Директорот на Заводот С.Станиславски и Дека...
17/12/2022

На 15 декември 2022 година, во просториите на Заводот за социјални дејности, Директорот на Заводот С.Станиславски и Деканот на факултетoт за Безбедност проф.д-р Никола Дујовски, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заедничко истражување поврзано со процесот на деинституционализација на установите за деца ви ризик и деца во судир со законот.

Меѓусебната соработка произлегува од законските надлежности и потребата од континуиран процес на истражување и унапредување на процесот на деинституционализација на децата во ризик и во судир со законот, како и спроведување на истражувања, анализи и евалуации што се дел од научната дејност на високообразовните установи во Република Северна Македонија.
Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк:

Меморандум за соработка by zsdgovmk_admin | Dec 17, 2022 | Активности На 15 декември 2022 година , во просториите на Заводот за социјални дејности , Директорот на Заводот С.Станислав....

Address

11th October Street 42, Skopje
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:30
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Завод за Социјални Дејности Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Завод за Социјални Дејности Скопје:

Share