Embassy of the Republic of North Macedonia in Montenegro

Embassy of the Republic of North Macedonia in Montenegro Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Embassy of the Republic of North Macedonia in Montenegro, Government Organization, Ulica hercegovačka br. 49/2, Podgorica.

🇲🇰🤝🇲🇪Претседателката Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни почести  го пречека нејзиниот колега Јаков Милатов...
31/03/2026

🇲🇰🤝🇲🇪Претседателката Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни почести го пречека нејзиниот колега Јаков Милатовиќ во Вила Водно.
Официјалната посета претставува континуитет на одличните пријателски односи меѓу двете земји.🇲🇰🇲🇪

🇲🇰🤝🇲🇪Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ,  во дводневна официјална посета на нашата земја.Оваа посета претставув...
31/03/2026

🇲🇰🤝🇲🇪Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во дводневна официјална посета на нашата земја.

Оваа посета претставува значаен чекор во зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, со фокус на продлабочување на политичката соработка, економските врски и регионалната стабилност.

Во рамки на посетата ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со преставници на државниот врв 🇲🇰🤝🇲🇪

По повод денешниот празник, Рамазан Бајрам упатуваме искрени честитки  до припадниците со исламска ветоисповед.Нека овој...
20/03/2026

По повод денешниот празник, Рамазан Бајрам упатуваме искрени честитки до припадниците со исламска ветоисповед.
Нека овој ден донесе мир, здравје и духовна исполнетост во секој дом, а вредностите на почит, солидарност и заедништво нека бидат секојдневие.

Среќен Рамазан Бајрам!

Министерот за правда Игор Филков, во рамките на својата официјална посета на Црна Гора, заедно со својот тим ја посети и...
07/03/2026

Министерот за правда Игор Филков, во рамките на својата официјална посета на Црна Гора, заедно со својот тим ја посети и нашата Амбасада во Подгорица.
За време на посетата беа разменети мислења за продлабочување на правната и институционалната соработка меѓу двете пријателски земји како и положбата на македонската заедница и улогата на здруженијата во негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција.
Посетата на Црна Гора претставува уште еден чекор кон зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји🇲🇰🤝🇲🇪 и посветеност за состојбата на македонската заедница.

Македонската Амбасада на сите православни верници им го честита  најголемиот христијански празни - Христовото раѓање, со...
07/01/2026

Македонската Амбасада на сите православни верници им го честита најголемиот христијански празни - Христовото раѓање, со искрени желби за мир, здравје, љубов и благосостојба во секој дом.
Нека Божиќната радост биде поттик за добрина, човекољубие и надеж за подобро утре.

Христос се роди!
Навистина се роди!

Среќен Божиќ🙏

Новогодишна радост за најмладите🎁✨🎊🇲🇰По повод новогодишните и божиќните празници, Амбасадата со голема радост оваа годин...
29/12/2025

Новогодишна радост за најмладите🎁✨🎊🇲🇰
По повод новогодишните и божиќните празници, Амбасадата со голема радост оваа година им подари новогодишни пакетчиња на најмалите дечиња во Црна Гора со потекло од Република Македонија.
Насмевките и детската радост се најубавиот симбол на празниците и потсетник за важноста на заедништвото, традицијата и грижата за најмладите.
Им посакуваме на сите дечиња и нивните семејства среќни, топли и исполнети празници, со многу здравје, љубов и успех во новата година.🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Денес, по 17-ти пат беше отворен   Дипломатскиот хуманитарен  базар во трговскиот центар,  BIG Fashion, Подгорица, во ор...
06/12/2025

Денес, по 17-ти пат беше отворен Дипломатскиот хуманитарен базар во трговскиот центар, BIG Fashion, Подгорица, во организација на Меѓународниот клуб на жени во Подгорица поддржан од дипломатските преставништва во Црна Гора.

Хуманитарниот базар го отвори директорката на BIG Fashion, Зорица Мушкович Павичевич, а свое обраќање имаа претседателката на Меѓународниот клуб на жени во Подгорица, Јана Цвијич Родич и првата дама на Црна Гора, Милена Милатович.

Нашата Амбасада и оваа година учествуваше со промоција на автентични и препознатливи македонски производи, поддржана од македонските компании и нивните преставништва во Црна Гора, Тиквеш, Алкалоид, Даути Комерц, Пекабеско, Мамас, Виталија и Винчини.

Амбасадата упатува голема благодарност до македонските компании и нивните преставништва во Црна Гора за укажаната поддршката на овој хуманитарен настан а особе благодарност до сите наши граѓани кои со купување на македонски производи донираа за ранливите категории во Црна Гора 🇲🇰 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Меѓународниот клуб на жени, во соработка со Министерството за јавна управа, Стопанската комора на Црна Гора, ТВ Вијести,...
03/12/2025

Меѓународниот клуб на жени, во соработка со Министерството за јавна управа, Стопанската комора на Црна Гора, ТВ Вијести, РТЦГ, Ротари клубот од Котор, Асоцијацијата на лидерки на Црна Гора. и со поддршка од 28 амбасади, Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, Council of Europe – програмската канцеларија во Подгорица, по 17-ти пат го организира Дипломатскиот базар во BIG Fashion Podgorica, на 06 декември, од 10:00 до 16:00 часот.

Нашата Амбасада и оваа година ќе учествува на Дипломатскиот базар со цел поддршка на ранливите категории на граѓани во Црна Гора а воедно и промоција на нашата културата и традицијата, преку автентични македонски производи. На овој настан Амбасадата ќе биде поддржана од македонските компании и нивните преставништва во Црна Гора, Тиквеш, Алкалоид, Даути Комерц, Пекабеско, Мамас и Виталија.

Средствата од продажбата ќе биде дониран за поддршка на хуманитарни проекти, а годинава средствата се наменети за:
• UNICEF проектот „Joining forces for a better tomorrow“ за поддршка на деца со развојни тешкотии и нивните семејства
• Две основни училишта: ООУ „Џафер Никочевиќ“ во Гусиње и ООУ „Мирко Срзентиќ“ во Петровец
• Детската болница Подгорица
• Одделението за нефрологија – КЦЦГ
• Засолништето за животни во Подгорица
Минатата година беа собрани 58.875 евра за значајни хуманитарни проекти во Црна Гора, за основните училишта во Петровец и Улцињ, НВО „Рунолист“ од Рожаје, ЈУ „Комански мост“ од Подгорица и Центарот за заштита на жени од Рожаје.

Амбасадата упатува покана до сите заинтересирани граѓани, да ни се придружат на овој настан, да ја дадат својата поддршка а со тоа да ја покажата хуманоста на нашата земја. 🇲🇰 🇲🇰

01/12/2025

Во рамките на посетата на Црна Гора, претседателката Гордана Силјановска Давкова учествуваше на претседателскиот панел на Балканскиот форум за интеграција, кој се одржа на 28 ноември во Подгорица.

Во своето обраќање, претседателката истакна дека, по долгогодишното чекање на земјите од Западен Балкан, Унијата треба да превземе стратешки чекори за нивно интегрирање во европското семејство. Таа нагласи дека двојните стандарди само го усложнуваат процесот и дека ЕУ мора доследно да ги брани своите принципи и вредности, при што пристапувањето треба да биде засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми.

Претседателката Давкова посочи дека во регионални рамки е постигнат значаен напредок, со надминување на просекот на усогласеност со европското законодавство во сите шест кластери. Затоа, како што додаде, од особено значење е Европската унија да го препознае овој напредок, да не охрабри и да ни даде шанска за почеток на преговорите.

Членството во ЕУ, како што рече Давкова е најдобриот начин за зајакнување на отпорноста на регионот од влијание на трети центри на моќ.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на 28 ноември о.г. на Цетиње се сретна со нејзиниот црногорски колега, Јаков...
01/12/2025

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на 28 ноември о.г. на Цетиње се сретна со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.
Посетата уште еднаш го потврди континуитетот на македонско-црногорското пријателство, кое се темели на почит, разбирање, доверба, свест за заедништво и поддршка, особено на патот кон европското семејство.
Акцент на средбата беше ставен на регионалната соработка и градењето на добрососедски односи, како и европската перспектива на Западен Балкан и предизвиците со кои се соочуваат земјите на патот на интегративниот процес и нивно надминување.
Претседателката Давкова упати и покана за официјална посета на нашата земја, која со задоволство беше прифатена од страна на претседателот Милатовиќ.

Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
23/10/2025

Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Address

Ulica Hercegovačka Br. 49/2
Podgorica
81000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38220667415

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Embassy of the Republic of North Macedonia in Montenegro posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Embassy of the Republic of North Macedonia in Montenegro:

Share