09/04/2026
Јавен повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората, да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на МНРНТ, при што предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се бидат разгледани.
Проектите од Италијанската Република, Република Малта и Сан Марино во скенирана форма се доставуваат преку електронската пошта на Амбасадата во Рим на [email protected] паралелно, на e-mail [email protected] во Министерството. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува по пошта до Амбасадата (Via Bruxelles 73-75, 00198 Roma).
Останатите детали, Упатството за пополнување, како и проектната пријава може да се најдат на линкот подолу.
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...