Форум на жени на СДСМ

Форум на жени на СДСМ Официјална фан-страна на Форумот на жени на Социјалдемократски сојуз на Македонија

17/06/2026
На 4 јуни 2026 година, во организација на Форумот на жени при ОО на СДСМ Струмица, во кафе бар ETC се одржа хуманитарнат...
05/06/2026

На 4 јуни 2026 година, во организација на Форумот на жени при ОО на СДСМ Струмица, во кафе бар ETC се одржа хуманитарната акција „Кафе дружба за Нина“ за собирање средства за лекување на 14-годишната Нина Димитриевска.

Граѓаните со купено кафе и доброволни донации ја поддржаа акцијата, испраќајќи силна порака за хуманост и солидарност. Големиот одѕив уште еднаш покажа дека струмичани знаат да се обединат и да помогнат кога е најпотребно.

Форумот на жени на СДСМ и овој пат најостро го осудува секој облик на семејно и родово базирано насилство. Насилството н...
30/05/2026

Форумот на жени на СДСМ и овој пат најостро го осудува секој облик на семејно и родово базирано насилство. Насилството не е приватна работа, туку сериозен општествен проблем што бара итна реакција од институциите и поддршка за жртвите. Молкот го штити насилникот, затоа е потребна нулта толеранција и навремено пријавување на секој случај на насилство.

17/05/2026

Во Фронтот за вистина и правда се вклучуваат партии, интелектуалци, млади и граѓански организации.

🎙️ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија.

„Денес го објавувам фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите обединети околу вредностите за Европска Македонија“, посочи Филипче.

Филипче нагласи дека процесот на објавување на учесниците ќе се одвива постепено и во фази.

„Кој сè е дел од тој фронт, ќе објавуваме во фази, постепено. Јас во име на фронтот ќе ги презентирам идеите и принципите, како и главните програмски столбови“, појасни Филипче.

Филипче објасни и дека дел од учесниците засега нема да бидат објавени за да се избегнат притисоци и да се поштедат луѓето од црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ ги претстави и основните столбови на програмата на заедничкиот Фронт.

„Нашата заедничка програма, Фронт за вистина и правда, има четири главни столбови. Прво, нулта толеранција за корупција и европска правда. Второ, иднина за младите. Трето, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард. И четврто, силно село и земјоделци“, изјави Филипче.

17/05/2026

Преминува во сериозна појава со загрижувачки размери, каде што секоја личност, а особено жените од јавниот простор, стануваат предмет на агресија од секаков вид.

Всушност, се соочуваме со примитивизам кој ги премина сите граници!

Се изгубија традиционалните и семејните вредности.
Срамно е за општество кое се стреми кон демократски вредности!

Неопходно е јасно и недвосмислено да реагираат сите жени, особено оние кои се дел од политичкиот и јавниот живот. Нивниот глас, солидарност и институционална ангажираност се особено важни во борбата против секој облик на насилство, дискриминација и деградација на жената во општеството.

Да се побуниме. Да бидеме гласни. Да осудиме, по којзнае кој пат!

Ги повикуваме институциите веднаш да реагираат!

Address

Zagreb

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Форум на жени на СДСМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Форум на жени на СДСМ:

Share