28/03/2026
Во НАЈАВА,
И годинава на 21.07.2026. (Вторник) во с. Мелница, општина Чашка ќе се одржи:
4 (ЧЕТВРТАТА )
МЕЛНИЧКА ИСЕЛЕНИЧКА СРЕДБА
МЕЛНИЦА 2026
Организатори на оваа четврта
Мелничка средба се:
Граѓанското здружение МЕЛ - МЕЛ од с. Мелница.
Друштвото МАК-МЕЛ од Вургдорф Швајцарија, Месна заедница од с. Мелница, Џамиски меџлис од с. Мелница, Друштвото МАК МЕЛ од Бон Германија и општина Чашка.
Оваа културна манифестација минатите години предизвика исклучително голем интерес, и присуство на многу гости од државата и иселеници Мелничани, но и многу други кои работаат и живеат во странство.
Присутните имаа можност да ја проследат манифестацијата и богатата културно - забавна програма со сите нејзини учесници.
За содржините во културно-забавната програма, гостите кои ќе настапат во музичкиот дел и другите гости, како и за самата манифестација додатно ќе ја информираме јавноста и сите заинтересирани за помасовно присуство.
ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ