Embassy of the Republic of North Macedonia in Brussels

Embassy of the Republic of North Macedonia in Brussels Contactgegevens, kaart en routebeschrijving, contactformulier, openingstijden, diensten, beoordelingen, foto's, video's en aankondigingen van Embassy of the Republic of North Macedonia in Brussels, Consulaat & ambassade, Rue de la Loi, 38, Brussels.

Ексклузивна проекција: „Тајната состојка“ – понеделник, 4 мај 2026 годинаАгенцијата за филм на Република Северна Македон...
30/04/2026

Ексклузивна проекција: „Тајната состојка“ – понеделник, 4 мај 2026 година
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, со задоволство Ве поканува на ексклузивна проекција на филмот „Тајната состојка“, во режија на Ѓорче Ставрески.
По проекцијата ќе следи панел-дискусија со актерот во главната улога, Благој Веселинов.
Гостите ќе бидат пречекани од 18:30 часот (влез од 18:45, почеток на проекцијата во 19:00 часот) во Cinema Galeries – Galerie de la Reine 26, 1000 Брисел, во понеделник, 4 мај 2026 година.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство во најкус можен рок на: [email protected] (местата се ограничени).
„Тајната состојка“
Млад човек тргнува во потрага да го спаси својот болен татко со помош на една тајна состојка.
Режија: Ѓорче Ставрески
Продуцент: Ѓорче Ставрески
Монтажа: Мартин Иванов

Exclusive screening: The Secret Ingredient - Monday, 4th of May 2026
The North Macedonia Film Agency, in collaboration with the Ministry of Culture and Tourism of North Macedonia, are pleased to invite you to an exclusive screening of „The Secret Ingredient„ directed by Gjorce Stavreski.
The screening will be followed by a panel discussion with the actor (main role) Blagoj Veselinov.
Guests will be welcomed as of 18:30 (doors 18:45, film screening at 19:00 sharp) at Cinema Galeries - Galerie de la Reine 26, 1000 Brussels, on Monday, 4 May 2026.
Please confirm your attendance as soon as possible at [email protected] (limited seats).

“The Secret Ingredient”
А young man is on a quest to save his ill father with the help of one secret ingredient.
Director: Gjorce Stavreski
Producer: Gjorce Stavreski
Editor: Martin Ivanov

31/12/2025

Среќни Празници

Турнеа на Љубојна низ ЕвропаФранција:21.11 Lyon "Toï Toï le Zinc"Белгија:28.11 Brussels "Cinemаmed"Холандија:29.11 Amste...
18/11/2025

Турнеа на Љубојна низ Европа
Франција:
21.11 Lyon "Toï Toï le Zinc"

Белгија:
28.11 Brussels "Cinemаmed"

Холандија:
29.11 Amsterdam "Mezrab"
30.11 Rotterdam "Matrix Rotterdam"
01.12 Maastricht "Pitboel Theater"

Македонскиот филм МАЈКА на режисерката Теона Митевска пристигна во кината во Белгија. Најпрво ќе се одржи предпремиера в...
26/10/2025

Македонскиот филм МАЈКА на режисерката Теона Митевска пристигна во кината во Белгија. Најпрво ќе се одржи предпремиера во киното Palace во Брисел на 28 октомври, во присуство на режисерката и дел од екипата. Филмот ќе започне со редовно киноприкажување од 5 ноември во кината низ цела Белгија. Филмот зборува за последните седум дена пред Мајка Тереза да излезе на улиците на Калкута и да ја започне својата мисија, седум дена исполнети со неочекувани искушенија и предизвици.

Филмот е поддржан од Агенцијата за Филм на Репубика Северна Македонија.

На 22 септември, во свечените простории на Градското собрание на Брисел, трите дипломатски претставништва на Република М...
23/09/2025

На 22 септември, во свечените простории на Градското собрание на Брисел, трите дипломатски претставништва на Република Македонија, Мисијата при Европската Унија, Амбасадата на Република Македонија и ПД при НАТО, заеднички организираа прием по повод одбележувањето на 34-годишнината од Денот на независноста на нашата држава.
Настанот беше збогатен со присуство на бројни гости од дипломатскиот и воениот кор, како и претставници од институциите на Европската Унија и членови на македонската дијаспора во Белгија.

08/09/2025

8 Септември – Ден на независноста на 🇲🇰
На 8 Септември ја одбележуваме годишнината од референдумот одржан во 1991 година, кога граѓаните на🇲🇰 демократски се изјаснија за суверена и независна држава.
Овој ден претставува значаен момент во современата историја на државата, симболизирајќи ја определбата за самостојност, демократски развој и посветеност на мир, стабилност и меѓународна соработка.
По повеќе од три децении, 🇲🇰 останува посветена на зацврстување на својата демократска традиција, европската перспектива и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.
На овој важен ден, ја изразуваме нашата благодарност до сите кои придонеле кон изградбата на современата држава, со почит кон историјата и со јасна визија за иднината.

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија    информира дека и оваа година Агенцијата за иселеништво ќе орг...
20/08/2025

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија информира дека и оваа година Агенцијата за иселеништво ќе организира онлајн настава по македонски јазик од далечина (он-лајн) за децата со потекло од нашата земја што живеат во странство. Наставата започнува на 1 септември 2025 година и ќе се одвива два пати седмично. Сите заинтересирани родители можат да ги пријават своите деца на официјалната е-пошта на Агенцијата за иселеништво [email protected].

Амбасадата на 🇲🇰 во Брисел, учествуваше на официјалното отворање на 63. издание на Светскиот фолклорен фестивал Џамбес-Н...
16/08/2025

Амбасадата на 🇲🇰 во Брисел, учествуваше на официјалното отворање на 63. издание на Светскиот фолклорен фестивал Џамбес-Намур,🇧🇪.

Со присуството ја изрази својата силна поддршка за настапот на македонскиот ансамбл „Тоска“ – Штип, како претставник на нашата култура и традиција.

Почитувани,Во прилог онлајн прашалникот наменет за претставниците на македонската дијаспора, изработен од „Македонија 20...
22/07/2025

Почитувани,
Во прилог онлајн прашалникот наменет за претставниците на македонската дијаспора, изработен од „Македонија 2025“ и Владата, со цел добивање на соодветни резултати кои ќе помогнат во креирање на понатамошните владини програмски активности наменети за соработка со дијаспората, а се во насока и на подобрување на содржината на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025- 2030, која е во фаза на изработка од страна на МНРиНТ.

Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/LP58SGG.
Со почит

Web survey powered by SurveyMonkey.com. Create your own online survey now with SurveyMonkey's expert certified FREE templates.

02/06/2025

Почитувани,

Во прилог доставуваме линк од tweet кој се однесува на нашата кандидатура за членство во ЕКОСОК за периодот 2026-2028.

https://x.com/mfa_mkd/status/1929482721555800141?s=46&t=c0krsqk_fHiA6Gtwz89djg

Молиме за repost и споделување на истиот по социјалните мрежи

По повод 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, на 27.05.2025 год, во просториите на македон...
28/05/2025

По повод 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, на 27.05.2025 год, во просториите на македонската Амбасада се организираше настан.
Настанот беше во духот на скромноста но големиот број на учесници даде до големо значење за ваквиот значаен јубилеј.
Модератор на настанот беше Маја Дамјановска Момировска каде исто така беше од голема поддршка во текот на организирањето на настанот.
По теркот на програмата имавме чест да присуствува како специјален гостин и нашата врвна актерка и продуцентка Лабина Митевска која живее и работи во Брисел. Таа со нејзиниот уметнички дух прочита две поеми од Блаже Коневски и Славко Јаневски.
Исто така честа на Амбасадата беше и присуството на ќерката на Славко Јаневски, Јана Јаневска Терзиовска, која по професија е архитект но во душа уметник, која даде еден освежителен осврт на амбиентот каде ги приложи уметничките слики (20 слики) на Славко Јаневски.
За сето тоа да се доживее имавме чест да присуствува и македонската бенд група Љубојна кои специјално за оваа пригода дојдоа од Македонија, и приредија прекрасна традиционална македонска музика.
Учество зедоа дипломатскиот кор, хрватскиот амб. Јошко Паро, црногорскиот амб. Небојша Чагорович, од полска амб. Барбара Ниециак, албанска амб. Елона Душалари, НАТО – Г-ѓа Радмила Шеќеринска, поранешен амб. Лазар Еленовски, учесници од македонскиот црковен одбор во Брисел, невладини организации, проф. Nicolas Stuyckens од Универзитетот во Монс – Катедра за словенски јазици, дописник од МИА, Саше Панајотов, претставници од културата и уметноста, Лабина и Теона Митевски, претседателот на ромската дијаспора во Белгија, Ќамче Мемети, и наши граѓани кои живеат и работат во Кралството Белгија.
По повод организацијата на настанот, Амбасадата имаше голема поддршка и помош од страна на Јана Јаневска Терзиовска, Маја Дамјановска Момировска, Елена Грабул, Лабина Митевска, како и Лјуба и Горан Демерџиеви кои живеат и работат во Брисел.

Adres

Rue De La Loi, 38
Brussels
1040

Openingstijden

Maandag 08:30 - 16:30
Dinsdag 08:30 - 16:30
Woensdag 08:30 - 16:30
Donderdag 08:30 - 16:30
Vrijdag 08:30 - 16:30

Telefoon

+3227329108

Website

Meldingen

Wees de eerste die het weet en laat ons u een e-mail sturen wanneer Embassy of the Republic of North Macedonia in Brussels nieuws en promoties plaatst. Uw e-mailadres wordt niet voor andere doeleinden gebruikt en u kunt zich op elk gewenst moment afmelden.

Delen