25/11/2013
Денеска, 25-ти ноември е Меѓународен ден за борба против насилство врз жените.
Извршната директорка на UN Women,Phumzile Mlambo-Ngcuka ги повика сите земји да „бидат дел од наоѓањето решенија“ за пандемијата на насилството врз жените, од кое денес страда една од секои три жени во светот.
Во својата прва порака по повод Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, 25 ноември, Mlambo-Ngcuka ги повикува светските лидери „да дадат одговор кој е пропорционален на обемот во кој жените и девојчињата доживуваат насилство“. Таа истакнува дека родовата нееднаквост е главната причина за насилството врз жените и затоа треба итно да се работи на тој проблем. Решенијата треба да бидат сеопфатни и на сите нивоа, од училиштата кои треба да учат на почитување на сите, до поголем пристап на жените кон економски можности и правда, повеќе жени во политиката и мировните процеси и итна потреба женските гласови да бидат слушнати во секое општество.
„Денес, на Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените, и секој друг ден, ние мораме да застанеме, да проговориме и да бидеме дел од решенијата за ова кршење на човековите права.
Денес во светот, една од три жени во просек ќе биде изложена на насилство во нејзиниот живот. Ова насилство не знае граници и ги погодува жените и девојчињата од сите возрасти, сите социјални нивоа, сите раси, религии и култури. Од конфликтните зони до урбаните места и универзитетските кампуси, насилството бара сите ние да работиме на негова превенција и да делуваме СЕГА. Голем дел од случаите завршуваат непријавени и непризнаени а жртвите оставени, невидливи и страдаат во тишина. Таквата ситуација е неприфатлива,“ се вели во дел од пораката.
Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените се прославува низ целиот свет на 25 ноември, и воедно означува почеток на 16 дена Активизам против родово-засновано насилство, кога голем број поединци и групи повикуваат за ставање крај на сите форми на насилство врз жените и девојките.
Calling for action on the International Day to End Violence against Women, 25 November 2013, UN Women Executive Director Phumzile Mlambo-Ngcuka stresses that...