Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand

Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand Welcome to the official page of the Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia, New Zealand and Indonesia.

This page will provide you with the latest updates and events.

Денот на македонската независност - 8 Септември, одбележан со пригоден прием во Амбасадата заедно со македонската дијасп...
09/09/2026

Денот на македонската независност - 8 Септември, одбележан со пригоден прием во Амбасадата заедно со македонската дијаспора во Австралија. 🇲🇰🇦🇺
Претставува огромна чест што 35-годишнината од Денот на државноста беше прославен со претставници на македонските црковни општини, здруженија, клубови и организации од сите краишта на Австралија во кои живеат нашите иселеници...

06/06/2026

Согласно владиниот Акциски план за прием на барања и издавање на пасоши преку дипломатско-конзуларните претставништва, во организација на Амбасадата во Канбера и Конзулатот Мелбурн, викендот на 18 и 19 јули 2026 година, ќе бидат оддржани конзуларни денови и сликање за пасоши во Оукленд, Нов Зеланд.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица кои имаат потреба од обновување на македонските пасоши, да се обратат до Амбасадата на e-mail адресата: [email protected] или до Генералниот Конзулат на [email protected].

Покрај пасоши, на располагање ќе бидат и други конзуларни услуги- заверка на полномошна и изјави (за што е потребно да се поседува важечки документ за идентификација), правни консултации, информирање/поднесување барања за државјанство, издавање патни листови.

Во соработка со училиштето за македонски јазик "Свети Климент Охридски" од Канбера, во просториите на Амбасадата се одрж...
24/05/2026

Во соработка со училиштето за македонски јазик "Свети Климент Охридски" од Канбера, во просториите на Амбасадата се одржа училишен час со кој беше одбележан Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Триесетина деца на македонски иселеници во овој дел на Австралија, читаа, рецитираа и пееја на македонски, учејќи го јазикот на своите родители, баби и дедовци и запознавајќи се со македонската литература, култура и традиција. Амбасадата ќе продолжи да дава поддршка на проектите на дијаспората за промоција на македонскиот јазик, негова што поширока примена кај младите генерации кои растат во Австралија, како и на заложбите за зачувување на македонските корени и јазичната идентитетска вертикала...
Голема благодарност до Македонско Училиште Канбера

19/04/2026
Јавен повик до сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на македонската дијаспора за достава н...
11/04/2026

Јавен повик до сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на македонската дијаспора за достава на проектни апликации со идеи и иницијативи насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.

Рок и начин на аплицирање:
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Министерството.
Предлог-проектите доставени по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Проектите се доставуваат во скенирана форма по електронски пат, и тоа:
▶️до Министерството, преку електронската пошта на Амбасадата: [email protected]
▶️како и до Секторот за дијаспора при МНРНТ на e-mail адресата: [email protected].

Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП.

Согласно внатрешниот Правилник за утврдување на постапката за доделување проектни средства наменети за потребите на дијаспората, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проектни апликации.
Комисијата ќе изготви предлог-одлука за распределба на средствата, врз основа на утврдени критериуми и квалитетот на доставените проекти.

Апликантите чии проекти ќе бидат одобрени ќе бидат писмено известени по електронски пат од страна на Министерството.

Ги охрабруваме сите заинтересирани субјекти од дијаспората активно да се вклучат и да придонесат со свои квалитетни предлози и иницијативи.

Линк до Јавниот повик:

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...

Address

25 Cobbadah Street
Canberra, ACT
O'MALLEYACT2606

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Embassy of the Republic of North Macedonia in Australia and New Zealand posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share