НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово

  • Home
  • НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово

НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово, Library, .

Библиотекарството во Тетово влече корени длабоко во историјата и има богата традиција на овие простори, но за жал, нема прецизни податоци за почетоците на работата на Градската народна библиотека "Кочо Рацин" . Точниот ден и месец кога библиотеката почнала да работи не се познати. Тоа се случило пред крајот на 1945 година кога Библиотеката почнала да работи во состав на Поверенството за народна просвета и првично била сместена во новоизградената конфискувана семејна куќа на познатиот тетовски трговец Мато Симовски-Ченка.
Првиот книжен фонд го сочинувале околу 2.000 книги наследени од "Читалницата на тетовската младина" која била формирана во 1922 година, збогатен со марксистичко-ленинистичка литература, но имало и голем број книги од светските класици..
На 22.07.2004 година Библиотеката претрпува статусна промена и го менува своето име во Национална Установа Библиотека "Кочо Рацин".Автоматизацијата на библиотечното работење и обработка на библиотечниот фонд започна во 2005 година, кога НУ Библиотека "Кочо Рацин" - Тетово преку серверот на НУБ "Св. Климент Охридски" од Битола се вклучи во COBISS.MK. Со тоа НУ Библиотека "Кочо Рацин" од Тетово стана дел од овој библиотечно-информативен систем и претставува една од библиотеките полноправни членки во COBISS.MK. Од 02.2011 година Библиотеката премина во втората фаза на автоматизација - Автоматизирана позајмица.

📚 Нови лектири, нови приказни, нови светови! ✨ Го збогативме библиотечниот фонд со книги што ги очекуваат нашите ученици...
02/09/2026

📚 Нови лектири, нови приказни, нови светови! ✨ Го збогативме библиотечниот фонд со книги што ги очекуваат нашите ученици — кој прв ќе ги открие? 👀📖

Монологот на поранешната слугинка во една хотелска соба во Рим ја расплетува приказната за сложениот љубовен триаголник ...
27/08/2026

Монологот на поранешната слугинка во една хотелска соба во Рим ја расплетува приказната за сложениот љубовен триаголник – навидум беспрекорниот, а отуѓен живот на Илонка и Питер, и подоцнежниот брак на слугинката Јудит со господарот, во преломните историски мигови што го потресуваат светот.

Исповед за страста, за класните разлики, за болката што ја носи вистината кога конечно ќе се изговори. Со прецизност на кројач и чувствителност на поет, Мараи создава слика на која ги портретира неизговорените зборови и нечистите состојби, како и цената што се плаќа кога молкот ќе заврши.

Силвио Лупарело, еден од највлијателните луѓе во гратчето Вигата, е пронајден мртов во својот автомобил, со спуштени пан...
27/08/2026

Силвио Лупарело, еден од највлијателните луѓе во гратчето Вигата, е пронајден мртов во својот автомобил, со спуштени панталони, и тоа во озлогласениот дел од градот што го користат проститутки и дилери на дрога. Како што се шири веста за неговата смрт, почнуваат да се шират и шпекулациите. Медицинскиот извештај е категоричен: природна смрт, но комесарот Монталбано ја продолжува истрагата уште два-три дена...

Напната судска драма од југот на Италија, со цел да се спаси еден млад човек од затвор и од лажното обвинение што може д...
27/08/2026

Напната судска драма од југот на Италија, со цел да се спаси еден млад човек од затвор и од лажното обвинение што може да му го уништи животот.
Во адвокатската канцеларија на Гвидо Гвериери доаѓа Лоренца, сенка на жената со која бил во кратка врска пред триесет години и која била неговото прво големо разочарување во љубовта. Лоренца сега е самохрана мајка чиј син Јакопо е обвинет за убиство. Неговиот претходен адвокат е починат, па таа го моли Гвидо да го брани нејзиниот син во жалбената постапка. Наскоро Гвериери сфаќа дека случајот е многу потежок отколку што мислел. Дрога и дилери, прислушување и судири на мафијашките кланови се само дел од елементите кои стануваат важни за понатамошниот развој на заплетот во обидот да се открие вистината.

Сепак има некаков ред во животот. Некаква чудесна, непредвидлива рамнотежа во космосот и во нашето божествено постоење. ...
27/08/2026

Сепак има некаков ред во животот. Некаква чудесна, непредвидлива рамнотежа во космосот и во нашето божествено постоење. Не си бил заборавен, само неподготвен.
Сè уште верувајќи во праведност, Ела се соочува со најголемите загуби – своето бебе и својата чест. Кога светот ѝ се руши, таа мора да избере: да молчи или да се соочи.

27/08/2026
По трагичната смрт на родителите во пожар, четиринаесетгодишниот Ричард е посвоен и оди да живее во едно далечно, провин...
27/08/2026

По трагичната смрт на родителите во пожар, четиринаесетгодишниот Ричард е посвоен и оди да живее во едно далечно, провинциско гратче во кое не може да најде никаква смисла – ниту вистински пријатели.
Кога при една прошетка крај реката неговиот соученик Том исчезнува, сомнежот паѓа врз него. Никој не му верува дека телефонската говорница покрај шумата го вовлекла Том во слушалката, како во хорор-филм. Следејќи ги трагите што полицијата одбива да ги истражи, се јавува на истиот број. И тогаш започнува вистинскиот хорор...

Дваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен ф...
27/08/2026

Дваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценарио за високобуџетен филм сместен во Њујорк. Единствениот проблем? Со месеци има креативна блокада, а рокот за сценариото ѝ истекува на крајот од летото.
Во очајна потрага по инспирација, Ел се враќа во градот во кој се заколнала дека никогаш повеќе нема да стапне.

Ако дваесеттите треба да бидат најдобрите години во животот, тогаш Бенет Тејлор катастрофално не успева… со голем акцент...
27/08/2026

Ако дваесеттите треба да бидат најдобрите години во животот, тогаш Бенет Тејлор катастрофално не успева… со голем акцент на „катастрофално“. Каде е таа животна искра за која сите зборуваат? Таа е привремена работничка во Њујорк, без насока, без иднина и без социјален живот. А, во болното срце на оваа безволност лежи тагата поради смртта на нејзината прва љубов...

Стефани и Јасмин истовремено немаат ништо заедничко, но имаат и многу работи што ги поврзуваат. Двете жени не се познава...
27/08/2026

Стефани и Јасмин истовремено немаат ништо заедничко, но имаат и многу работи што ги поврзуваат. Двете жени не се познаваат, но се среќаваат во ист авион. Стефани е на службено патување, а Јасмин бега од насилната врска. По неколку дена, и двете им праќаат идентични пораки на своите пријатели во врска со ист маж. Пораките стануваат сѐ почудни и сѐ понестабилни...

Address


Opening Hours

Monday 08:00 - 19:00
Tuesday 08:00 - 19:00
Wednesday 08:00 - 19:00
Thursday 08:00 - 19:00
Friday 08:00 - 19:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово:

Shortcuts

  • Want your organization to be the top-listed Government Service?

Share