13/10/2025
📣 Почитувани сограѓани, драги пријатели,
Продолжуваме со претставувањето на проектите од Изборната програма 2025–2029 година, овојпат за селата Вражале, Палиград, Добрино, Тисовица и Дејковец – мали, но горди места со вредни и чесни луѓе кои заслужуваат подобри услови, инфраструктура и вистинска грижа од општината.
Нашата цел е секое населено место да добие еднакви можности за развој и достоинствен живот. 💪🇲🇰
⸻
🏡 ВРАЖАЛЕ
1️⃣ Изградба на локални улици
Тампонирање и асфалтирање на приоритетните улици за полесен пристап и уреден изглед на селото.
2️⃣ Изградба на водовод
Поставување на целосен систем за водоснабдување – стабилен притисок и чиста вода за сите домаќинства.
3️⃣ Изградба на мини детски забавен парк
Безбедно место за игра, рекреација и дружење на најмладите жители на Вражале.
4️⃣ Поврзување на уличното осветлување со трафото
Таблата и кабелот беа целосно поставени во мојот претходен мандат, и остана само приклучокот за финално поврзување.
За жал, во изминатите четири години ништо не беше направено – така остана, недовршено, како што го оставив јас.
Актуелниот Градоначалник не најде време ниту волја да го реализира проектот што беше практично подготвен за завршување.
Во новиот мандат ќе го доведеме до крај – осветлувањето конечно ќе биде поврзано и пуштено во употреба, за жителите на Вражале да имаат светли улици и безбедни ноќи. 💡
⸻
🌿 ПАЛИГРАД
1️⃣ Изградба на локални улици
Уредување на пристапните улици со нов асфалт и бекатон плочки за поубав изглед и подобра инфраструктура.
2️⃣ Изградба на резервоар за вода и реконструкција на селската чешма
Современа чешма која ќе ја задржи традицијата и ќе биде симбол на селото – место за дружење и гордост на мештаните.
3️⃣ Поставување на ново улично осветлување
Од Преслап до селото ќе бидат поставени канделабри со ЛЕД светилки за безбедно движење во вечерните часови.
4️⃣ Реновирање на училиштето и поставување на ограда на училишниот двор
Целосна реконструкција на училиштето и уредување на просторот.
⸻
🌾 ДОБРИНО
1️⃣ Изградба на локални улици
Асфалтирање и уредување на приоритетните улици за подобра пристапност и безбедно движење.
2️⃣ Тампонирање на локален пат Добрино – Гумалево
Подобрување на патната инфраструктура за полесен пристап на земјоделците и жителите.
3️⃣ Поставување на улично осветлување со ЛЕД светилки
Осветлување на сите главни улици за поголема безбедност и видливост.
⸻
🌄 ТИСОВИЦА
1️⃣ Изградба на локални улици
Тампонирање и уредување на пристапните улици до сите домови.
2️⃣ Тампонирање на локален пат Градовци – мостот во Тисовица
Реконструкција на патот кој секојдневно го користат мештаните, за подобра поврзаност со останатите села.
3️⃣ Поставување на улично осветлување со ЛЕД светилки
Нов систем за осветлување за поубаво, побезбедно и посовремено село.
⸻
🌳 ДЕЈКОВЕЦ
1️⃣ Изградба на локални улици
Модерна и безбедна патна инфраструктура за сите жители на селото.
2️⃣ Тампонирање на локален пат Дејковец – Гумалево
Проширување и подобрување на патот за полесен пристап на земјоделците и секојдневно движење на мештаните.
3️⃣ Поставување на улично осветлување со ЛЕД светилки
Обезбедување на осветлување на сите делови на селото.
⸻
✨ Почитувани жители на нашите села,
Овие проекти не се ветувања без покритие – тие се реални, прецизни и остварливи планови кои ќе обезбедат вистински напредок.
Со заедничка работа и поддршка од вас, ќе ја направиме Општина Зелениково место каде што секое населено место ќе има светла иднина, стабилна инфраструктура и достоинствени услови за живот! 💪🇲🇰
⸻
🗳️ На 19-ти октомври, изберете работа, дела и сигурност!
✅ Број 5 – Борче Гиевски за градоначалник
✅ Број 5 – Советничка листа
👉 Само со заедничка сила ќе го изградиме модерното и успешно Зелениково!
#РаботаДелаСигурност #Зелениково #Број5 #Избори2025