Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari

  • Home
  • Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari

Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari, Government Organization, Ул.„Хаџи Јован Шишко“ бб, .

25/12/2025

Прва седница на Совет - Општина Шуто Оризари

Денес на мое големо задоволство, за гости во нашата општина ги имавме г-дин Реџеп Али Чупи, директор на Реф Балкан, како...
04/12/2025

Денес на мое големо задоволство, за гости во нашата општина ги имавме г-дин Реџеп Али Чупи, директор на Реф Балкан, како и неговите партнери од Ромскиот Едукативен Фонд од седум балкански држави.

Оваа посета беше уникатна прилика за размена на искуства и добри практики во областа на успешното образование на Ромите. Бевме горди што можевме да им ја претставиме Општина Шуто Оризари не само како домаќин, туку и како жив пример и предводник во регионот за постојан развој и иновации во образовните процеси.

Разговаравме за нашите достигнувања, но и предизвиците со кои се соочуваме и визиите за иднината. Уверен сум дека оваа средба ќе биде плодна основа за идни соработки и зајакнување на нашиот заеднички пат кон општество со уште подеднакви можности за сите.

Ви благодарам на посетата, г-дине Чупи и на целиот тим од Реф Балкан!

Заедно кон подобра иднина! 🤝

10/07/2025

Ј А В Е Н П О В И К

за работно ангажирање на 80 (осумдесет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување)

​Се повикуваат сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), да се пријават во Агенција за вработување на РСМ- Центар за вработување на Град Скопје.
​Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани и работно ангажирани се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход ( средства обезбедени од Буџет на АВРСМ - Потсметка активни програми и мерки)

За учество во мерката за работно ангажирање, лицата треба да ги исполнуваат следните услови:
- Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа;
- Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет и
- Да се на возраст до 55 години.
​При аплицирање за учество во активната мерка, заинтересираните невработени лица се должни да пополнат и потпишат Изјава за доброволно учество во работното ангажирање од оваа мерка како и прифаќање на обврските кои произлегуваат од учество во мерката, согласно утврденото во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, Договорот за учество во активната мерка и законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.
​Изборот на кандидати за учество во активната мерка ќе го спроведе општината во соработка со ДЗС и Противпожарен сојуз на Македонија, по што со избраните кандидати ќе се склучи Договор за учество во активната мерка со кој подетално ќе се уредат правата и обврските за учество во активната мерка (помеѓу АВРСМ, општината, ДЗС и невработеното лице).​
Избраните кандидати се должни да учествуваат на работилница- обука организирана од страна на Противпожарен сојуз на Македонија за користење на противпожарна опрема и стекнување на вештини за справување и превенција од пожари, , по што на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе им биде издадена потврда за стекнати знаења од одржаната работилница-обука.
За времетраење на ангажирањето кандидатот е должен:
- да биде редовен и да ги извршува доделените работни задачи;
- во случај на спреченост за присуство, во рок од 24 часа да го извести организаторот на јавните работи за причината поради која отсуствува и да донесе документ за оправдување;
- да биде дисциплиниран и да го почитува пропишаниот ред и го чува имотот, средствата за работа и совесно да ракува со доверените материјали;
- во случај да направи штета кај изведувачот на работите за време на изведувањето на јавните работи, а поради несовесно однесување или крајно невнимание, должен е истата да ја надомести;
- редовно да се јавуваат за извршување на работниот ангажман
- по потреба да биде достапен за извршување на активностите на подрачје на друга општина, во координација на ЕЛС и ДЗС.

​Работното ангажирање на невработени лица кои ќе бидат вклучени во мерката за извршување на јавни работи од карактер за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) ќе се реализира преку општината во соработка и координација со ДЗС (а по потреба и со МЖСПП) согласно потребата од активностите кои треба да се реализираат во рамки на меката, а во согласност со законските прописи од областа на пожарникарството и шумарството.

Правата и обврските на учесниците ќе бидат регулирани со Договорот за учество во активната мерка.

Потребни документи за аплицирање:
- Пријава за учество (се пополнува во Центарот за вработување);
- Потврда од матичен лекар за општа здравствена состојба и псохофизичка способност на лицето и дека истото не боледува од кардиоваскуларни, белодробни заболувања , епилепсија и дијабет и
- Изјава за согласност за учество во Центарот за вработување (се пополнува во Центарот за вработување).

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во мерката можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10.07.2025 година до 17.07.2025 година, од 08:00 до 15:00 часот.

28/06/2024

❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ❗️

◾️Општина Шуто Оризари ги известува граѓаните кои живеат на територијата на општината Ѓорче Шуто Оризари, дека може да достават Барање за процена на настаната штета од силниот ветар и од обилните врнежи од дожд и град коишто ја зафатија општината Шуто Оризари во попладневните и вечерните часови на 26, односно на 27.06.2024 година.

➡️ Во Барањето задолжително да се наведат:

– полно име и презиме на подносителот;

– копија од личната карта на подносителот;

– адреса од личната карта;

– краток опис на настанатата штета;

– телефонски број за контакт со подносителот.

➡️Кон Барањето е пожелно да се приложат:

– слики и евентуално други докази за настанатата штета (фотографии и сл.);

– потврда издадена од Полициското одделение Шуто Оризари за пријавена штета, со напомена дека потврдата може да се приложи кон Барањето и дополнително, откако ќе биде издадена од Полициското одделение.

◾️Рокот за доставување на Барањата за процена на настаната штета е 15 дена сметано од денот на настаната штета, односно сметано од 27.06.2024 година.

Со Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова направивме увид во работата на фирмите кои ги реал...
15/02/2024

Со Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова направивме увид во работата на фирмите кои ги реализираат проектите за атмосферска канализација на ул. Нов живот и ул. Гарсија Лорка.

Проектите се во висина од 10.000.000 денари и целосно финансирани од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Благодарност до Министерката за увидената потреба да се даде директна помош на нашата општина.

Општина Шуто Оризари е секогаш подготвена со проектна документација која и во иднина се надеваме дека ќе биде подржана за реализација од надлежните министерства.

За Шуто Оризари ❤️

14/01/2024

Sarinen so isilen problemi strujaja, prekid ko faze illi celosno isklucime a platime lengere smetke redovno tajsa ko 10 o saati sarine ki opstina ko sostanok.

Tumare smetke hem licna karte len tumencar
KA TREBEN TUMENGE!

Site ziteli na nashata opstina koi posledniot period se soocuvaat so problemi so snabduvanje na el.energija gi povikuvam utre vo 10.cas vo opstina na sostanok, zadolzitelno so sebe da ponesat platena smetka od EVN i licna karta!

Dikhaja amen
Se gledame

Tumaro Gradonacalnik❤️

➡️ Spodelinen te resel dzi sarinende...

20/12/2023

EVN читај!

Отворено прашање до сите жители на Општина Шуто Оризари,

-Колку семејства во месец ноември и декември и покрај редовно платени сметки се со намалена моќност на електрична енергија?

-Колку семејства се оставени повеќе од два часа без електрична енергија?

-Дали функционира call centarot na EVN?

Колку брзо реагираат нивните екипи по добиена пријава за прекин на електрична енергија во домаќинства?

Се молат сите засегнати граѓани за сите горе наведени прашања за кои по цели ноќи мене ми ги поставувате да оставите коментар на Македонски јазик со улица и број за да можеме да ги проследиме до EVN!

Општина Шуто Оризари на работен состанок со преставничка на канцеларијата на УНДП од Истанбул г_ѓа Amira Vejzagic-Ramhor...
30/11/2023

Општина Шуто Оризари на работен состанок со преставничка на канцеларијата на УНДП од Истанбул
г_ѓа Amira Vejzagic-Ramhorst,
На состанокот разговаравме за проектите кои ги спроведуваме заедно со УНДП Македонија но и за еден од поголемите проекти кои ги имаме заеднички доградбата на Општинската зграда, изградба на - РЕСУРСЕН ЦЕНТАР - каде општина ШУТО ОРИЗАРИ учествува со значителни износ на средства со што ќе решиме децениски проблеми на граѓаните повратници од странство но исто така и сите други кои ќе ги искористат услугите на едно место.

Amare SHUTKAKE❤️

17/11/2023
Во општина Шуто Оризари е основана Локална лидерска група, составена од членови на заедницата
19/10/2023

Во општина Шуто Оризари е основана Локална лидерска група, составена од членови на заедницата

Во рамките на глобалната кампања „Домот е еднаквост“ на Habitat for Humanity, што на национално ниво ја спроведува Хабитат Македонија, денеска, во општина Шуто Ориза....

13/10/2023
12 Септември е денот кога општина Шуто Оризари добива свој идентитет. Одбележуваме 60 години населено место Шуто Оризари...
12/09/2023

12 Септември е денот кога општина Шуто Оризари добива свој идентитет.

Одбележуваме 60 години населено место Шуто Оризари и 27 години самостојна и успешна општина.

Денес скромно, но не помалку значајно, традицијата на одбележување на Денот на општината ја продолжуваме со свечена седница на советот.

Заедно со советниците го потврдивме патоказот кој треба да го следиме за да ја видиме нашата општина целосно развиена, инфраструктурно и економски. Тој пат бара многу посветеност и работа, и јас како горд градоначалник, се обврзувам да бидам во служба на остварување на таа визија.

Нека ни е честит 12-ти септември, Денот на општина Шуто Оризари.

Address

Ул.„Хаџи Јован Шишко“ бб

1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Шуто Оризари - официјална страница / Municipality of Shuto Orizari:

  • Want your organization to be the top-listed Government Service?

Share