21/05/2026
Незаборав за хероите од нашето славно црвено ☆ минато ...
Вера Циривири-Трена (1920-15 јули 1944) е една од најпознатите македонски партизанки, револуционерки и учеснички во Народноослободителната борба (НОБ) и социјалистичката револуција. Таа важи за симбол на храброста и женскиот отпор за време на Втората светска војна во Македонија.
Родена е како второ од шесте деца на тогашните големи бунтовни патриоти и револуционери Васка и Коста Циривири.
Кај неа, како и кај останатите пет деца во семејството, патриотизмот, солидарноста и правичноста биле домашно воспитување. Таткото на Вера Коста, затоа што бил во социјалистичкото друштво во Прилеп, во 1920 година бил затворен и осуден на пет години робија во Пожаревачкиот затвор.
На нејзини 15 години во 1939., заради болест, Вера заедно со нејзината мајка и братот Илија заминува на лекување во Белград, каде што татко и Коста работел како кројач. Во тоа време, кројачкиот дуќан на Коста Циривири на улицата „Босанска“ во Белград бил познато сврталиште на студенти, револуционери, уметници и поети од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифоски-Питу и Кочо Рацин, што имало силно влијае врз нејзините политички убедувања и идеали. Специјално направената маса за пеглање во дуќанот на Коста Циривири, била скривница за студентите кои бегале од полицијата.
Вера Циривири во 1940 година станала член на Комунистичката партија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на прочуената манифестација, која по повод националниот празник ја организирала прогресивната младина во градот. На 27 март 1941 година Вера учествувала и на белградските демонстрации против воениот пуч.
За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучуваат во Народноослободителната Борба-НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Поради ова Бугарските окупаторски и фашистички власти нуделе 20.000 лева награда за нејзино фаќање. Во 1942 година полицијата многу се доближила до работата на Вера и на целото нејзино семејство. Таа, задно со Нада избегале од дома за да не бидат фатени во честите рации што ги правела бугарската полиција. Нада заминала во партизани и загинала во првата битка на нејзиниот одред, а Вера, под друго име, заминала прво во Битола, па од таму, заедно со Вера Ацева пребегнале во Велес а потоа во Кавадарци. Во Кавадрци се претставувала како Трена, како што е нејзиното конспиративно партизанско име, а во другите места била Светлана, Ленче итн. Со себе носела празни документи, и како и требало така ги пополнувала со нивна помош успевала да ги мине и најтесните полициски обрачи и да премине од еден во друг град за да извршува партиски задачи.
По партиска задача заминала за Штип, каде што регрутирала 80 борци и неколку делегати за Првото заседание на АСНОМ, но набрзо месниот комитет бил пробиен, а полицијата имала детален опис на Вера. Така ноќта на 14 јули 1944 година, Бугарската полиција ја блокирала куќата во која се наоѓала Вера. Насетувајќи ја опасноста, Вера почнала да се извлекува кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога прескокнувала ограда паднала погодена од куршум на бугарските полициски агенти што ја гонеле.
Во тој момент пред да ги затвори очите, со силен глас извикала
Ние ќе победиме☆!
Потоа за да не падне жива во рацете на непријателот и да не ги предаде своите соборци, Вера Циривири се самоубива на 24-годишна возраст!
Мртвото тело на Вера Циривири-Трена злосторничките бугарски полицајци го избоделе со бајонети и го фрлиле во Брегалница, надевајќи се дека од неа нема да остане трага, но некој добар човек го извадил безживотното тело на Вера и го погребал. Откако завршила војната, кажал каде лежи нејзиното телото, по што народните власти ја погребале со високи државни почести како што заслужува големата македонска хероина.
Вера Циривири-Трена во своите 24 години од живот го поминала револуционерниот пат од член на Комунистичката партија, идеолошки изграден кадар, голем организатор, храбар борец во Народноослободителната Борба и херој чие дело е за памтење како наша обврска за чување и сеќавање на нејзиниот лик.
Вечна и слава на Вера Циривири Трена!