Градска организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Градска организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија - Скопје

Градска организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија - Скопје Официјална Facebook страница на Градската организација на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија

04/06/2026
04/06/2026

Никола Мемов, Портпарол на ЗНАМ:
„Пендаровски ја отвори Пандорината кутија: Дали правдата во Македонија се договарала зад затворени врати по барање на Никола Груевски?“

Изјавите на поранешниот претседател на Република, Стево Пендаровски, дадени во емисијата „360 степени“, отвораат едно од најсериозните политички и институционални прашања во поновата македонска историја.

Не станува збор за дневнополитичка полемика, туку за сведоштво на поранешен шеф на државата за начинот на кој биле носени одлуки што директно влијаеле врз правниот поредок, функционирањето на институциите и довербата на граѓаните во државата.

Граѓаните имаа можност да слушнат признание дека во највисоките државни кругови се разговарало за прашања кои треба да бидат исклучиво во доменот на независните институции и владеењето на правото, прашања врзано за можни амнестии, за враќање на лица осудени или обвинети за тешки кривични дела и за измени на Кривичниот законик кои подоцна суштински го променија системот на кривична одговорност.

Оттука прашуваме:

-Дали во изминатиот период државните интереси биле потчинети на политички договори помеѓу СДСМ и ДУИ?

-Дали измените на Кривичниот законик биле дел од однапред договорен политички план на СДСМ и ДУИ за заштита на поединци од кривична одговорност, по барање на Никола Груевски?
-Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје?
-Дали правдата се креирала во политички кабинети наместо во судници и институции?
-И дали најважните правосудни процеси во државата биле предмет на политичко договарање наместо на законска постапка?

Особено загрижува фактот што овие информации не доаѓаат од политички противници, туку од човек кој бил претседател на државата и непосреден сведок на тие разговори.

Тоа ја прави оваа тема прашање од највисок јавен и државен интерес.

Движењето ЗНАМ смета дека Македонија не може да гради европска иднина доколку останат неодговорени сомнежите дека во минатото политички центри на моќ одлучувале кој ќе одговара пред законот, а кој ќе биде заштитен од одговорност.

Затоа бараме:

-Целосно и транспарентно објавување на сите факти и информации поврзани со овие средби и разговори;

-Надлежните институции да ги разгледаат сите наводи и да утврдат дали постојат елементи за политичка, институционална или кривична одговорност;

-СДСМ и ДУИ јавно да одговорат дали и во кој обем учествувале во политички договори поврзани со измени на Кривичниот законик и прашања од областа на правосудството;

-Обвинителството и другите надлежни органи да утврдат дали постоеле координирани активности кои влијаеле врз владеењето на правото и независноста на институциите.

Македонија мора конечно да стави крај на практиката политичките договори да бидат над законите, а партиските интереси над државните.

Довербата во институциите може да се врати само преку вистината, одговорноста и еднаквоста пред законот.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи доследно да се бори за држава во која правдата нема да биде предмет на политички пазар, туку темелна вредност врз која се гради стабилна, демократска и европска Македонија.

Портпаролот Мемов беше запрашан дали се очекува министерот за правда Филков, кој е од редовите на ЗНАМ, да биде опфатен со најавената реконструкција на Владата.
Мемов рече дека во континуитет го одговараат ова прашање кое е од интерес за јавноста.
„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија пред две години принципиелно влезе во преговори со ВМРО – ДПМНЕ и врз основа на тие принципи и Програмската платформа на ЗНАМ, која е составен дел на владината програма, постигна договор за влез на ЗНАМ во Владата на Република Македонија.
Оттука присуството на ЗНАМ во Владата не зависи од персоналниот состав на луѓето кои се претставнци во извршната власт.
За ЗНАМ битно е завршувањето и имплементацијата на државните програми, односно програмата на Владата.
Органите и телата на ЗНАМ направија евалуација на работата на сите јавни функционери и генерално ние сме задоволни од нивниот учинок во делот на спроведувањето на владината програма. Мерит системот покажа дека ниту еден функционер не отстапува од програмските определби на владата и се држи до имплементација на тие програмски определби во перманентна координација со Премиерот.
Не очекувам никакви измени во делот на ресорите“, појасни Мемов.

На прашањето дали кај ЗНАМ има амбиции за нов ресор во претстојните преговори, портпаролот Мемов одговори:
„Консултации се вршат на дневна основа на лидерско ниво, помеѓу нашиот претседател господинот Максим Димитриевски и премиерот Христијан Мицковски, размена на аргументи, евалуација и анализа на работата на јавните функционери во Владата.
Официјално преговорите сеуште не се почнати.
Преговарачките тимови на двете партии веројатно кон средината на овој месец ќе ги разменат аргументите за претстојната реконструкција.
Што се однесува до измена на ресори, ставот на ЗНАМ е конзистентен дека во преговорите во ВМРО се договаравме за трајна соработка за целиот мандат од четири години. Други ресори ЗНАМ нема да бара.

Од портпаролот на ЗНАМ, Мемов беше побарано да даде коментар околу различниот став на претставниците на ЕУ за напредокот на Македонија во реализирањето на реформската агенда, Кошта не фали, Вајс не критикува.

„Ние како политички претставници во Македонија не сме надлежни да ја коментираме контрадикторноста на претставниците на Европската комисија.
Она што можеме да го коментираме е следното: Претседателот на Европскиот совет, господин Кошта беше во Скопје и јасно кажа дека има значителен прогрес во имплементацијата на реформската агенда, посебно во ресорите јавна администрација и правда, што ги водат министри од ЗНАМ.
Значителен прогрес, тоа се неговите зборови.
Што се однесува до Извештајот на известителот за Македонија, Вајс, нема да коментираме парцијално извадени новинарски исечоци.
ЗНАМ е сериозна политичка партија која ќе коментира официјален Извештај од Европската комисија кога тој официјално ќе биде предаден во Македонија“, нагласи портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов на денешната прес конференција.

Центар за комуникации и аналитика

04/06/2026
04/06/2026

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.
Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.
Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.
Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.

Центар за комуникации и аналитика

26/05/2026
17/05/2026

Реакција на Движење ЗНАМ во врска со јавната навреда на Миленко Неделковски врз Потпретседателката на Собранието на Република Македонија и Потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска, како и на естрадната уметничка Каролина Гочева.

Во име на Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, и од име на раководството и членовите на Движењето, упатуваме искрени честитки до фудбалерите, стручниот штаб и верните навивачи на ФК Вардар за освоената шампионска титула.

ФК Вардар е повеќе од клуб, тој е национална гордост, институција и докажан спортски бренд кој со децении ја обединува македонската јавност и претставува симбол на главниот град.

За жал, оваа голема радост за сите вљубеници во спортот е длабоко засенета од срамниот и недостоен испад на поединец кој, за несреќа, е поврзан со раководството на клубот.

Сакаме јасно да го осудиме неговиот личен промискуитет и ароганција, кои кулминираа со мизогин и сексистички напад врз г-ѓа Весна Бендевска, потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија и Потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Ваквиот примитивен говор не е само лична срамота, туку е директен атак врз достоинството на секоја жена и труење на јавниот простор со омраза.

Тоа е однесување кое е неспоиво со вредностите на спортот, почитта и културата што треба да ги негува еден клуб од рангот на Вардар.

Раководството на клубот има итна и неодложна обврска и одговорност да го заштити угледот на клубот и веднаш да се огради од ваквите токсични поединци кои му нанесуваат непроценлива штета на името кое со децении го граделе генерации фудбалери и навивачи.

Толеранцијата кон вакви појави е она што ги охрабрува и ги нормализира во општеството.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија секогаш ќе застанува во заштита на човековите права, достоинството и еднаквоста на сите граѓани.

Со почит,
Движење ЗНАМ за Наша Македонија

16/05/2026

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Градска организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share