Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Центар

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Центар

Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Центар Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Центар, Political Party, Skopje.

БЕРБЕРУ НИКО Претседател на Општинска Организација Центар

НЕДЕЛКОВСКА ЛИДИЈА Секретар на Општинска Организација Центар

Извршен Одбор на ОО Центар
БЕРБЕРУ НИКО Претседател на Општинска Организација Центар
НЕДЕЛКОВСКА ЛИДИЈА Секретар на Општинска Организација Центар
БАБУШКОВСКИ НИКОЛА Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ГАРЕСКИ НИКОЛА Член на Извршен Одбор на Општинска Организац

ија Центар
ГЕРОВСКИ ДАВИД Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ИВАНОВСКИ МИЛАН Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ИЛИЕВСКА ЕЛЕНА Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ЈАНКУЛОВСКА ДИЈАНА Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ЈАЧЕВ БЛАЖЕ Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ЈОВАНОВСКИ ДРАГОЉУБ Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
КОСТОВСКА МЕРИ Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
МЕДАРСКА ЉУБИНКА Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ПАНДЕВСКИ ДАРКО Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ПОП-АТАНАСОВ ЈОРДАН Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
СТОЈАНОВСКИ ДАМЕ Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар
ТОДОРОСКИ ХРИСТИЈАН Член на Извршен Одбор на Општинска
Организација Центар
ХЕРИН ФИЛИП Член на Извршен Одбор на Општинска Организација Центар


Надзорен Одбор на ОО Центар
БУЈАН САЊА Член на Надзорен Одбор на Општинска Органиација ЗНАМ Центар
ЈОВАНОВ ИЛИЈА Член на Надзорен Одбор на Општинска Органиација ЗНАМ Центар
СИМЕОНОВ ХАРИ Претседадел на Надзорен Одбор на Општинска Организација ЗНАМ Центар

https://www.facebook.com/share/p/17374Du8pE/
29/05/2026

https://www.facebook.com/share/p/17374Du8pE/

Димитриевски: Министерот Филков работи принципиелно и во интерес на владеењето на правото

Претседателот на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за неделникот Фокус истакна дека ЗНАМ останува доследен на принципите на владеење на правото, институционална одговорност и почитување на Уставот и законите, при што целосна поддршка дава министерот за правда Игор Филков и неговиот професионален пристап во раководењето со ресорот.

Во интервјуто, Димитриевски потенцира дека ЗНАМ не ја гледа Владата низ призма на партиски надмудрувања, туку како систем на институционална координација и одговорност, каде секој ресор постапува согласно своите законски надлежности.

„Министерството за правда, предводено од министерот Игор Филков, има јасен и принципиелен став дека сите решенија мора да бидат во рамки на Уставот и законите. Владеењето на правото мора да биде над политичките или етничките калкулации“ посочи Димитриевски.

Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит не смее да биде предмет на дневнополитички притисоци или импровизации, туку дека решенијата мора да бидат системски, правно издржани и во согласност со мислењата на релевантните институции и меѓународни стандарди.

Претседателот на ЗНАМ категорично ги отфрли шпекулациите за наводно маргинализирање на министерот Филков, оценувајќи дека станува збор за политички конструкции без реална основа.

„Министерот за правда Филков е во постојана комуникација и координација со Владата околу сите прашања од надлежност на Министерството. ЗНАМ целосно стои зад неговиот професионален, непристрасен и принципиелен пристап“ истакна Димитриевски.

Во интервјуто беше потенцирано и дека ЗНАМ останува фокусиран на реформската агенда и реализацијата на програмските определби, а не на кадровски шпекулации и политички конструкции.

Димитриевски оцени дека ресорите што ги предводи ЗНАМ, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, веќе испорачуваат конкретни резултати преку подготовка и усвојување на значаен број законски решенија, како и преку реформи кои добиваат позитивни оценки и од меѓународниот фактор.

Движењето ЗНАМ останува цврсто определено за заштита на институциите, почитување на правниот поредок и спроведување на реформи во интерес на државата и граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

https://www.facebook.com/share/p/18kGSGrHsU/
29/05/2026

https://www.facebook.com/share/p/18kGSGrHsU/

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Димитриевски: Необољшевици го водат СДСМ кои се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ - истакна Димитриевски.

Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени линии, кој не функционира како привезок на било чија политика, туку како автентично движење кое гради нов политички концепт во Македонија.

Во однос на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија под диктат и под постојани нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите“ - нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво согласно националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и без отстапување под политички притисоци.

Движењето ЗНАМ продолжува со својата мисија насочена кон градење стабилна држава, силни институции и политики што се во интерес на граѓаните, со доследност кон своите принципи и визија за модерна и праведна Македонија, посветено на реални решенија и долгорочен раст и развој на државата.

Центар за комуникации и аналитика

Соопштение до медиумите26. Мај 2026Со безбедноста нема компромис!Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Цен...
26/05/2026

Соопштение до медиумите
26. Мај 2026

Со безбедноста нема компромис!

Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна тротоар и падна бандера врз автомобил, видовме како градоначалникот Горан Герасимовски истрча на терен, глуми загриженост и експресно изрекува казни. Како народна изрека вели:

Откако ќе се скрши стомната, ќе стоиме покрај неа и ќе пишуваме казни.

Е па, тогаш ќе поднесете сметка за штетата, но ќе биде доцна!

Додека градоначалникот си ги исплаќа долговите од изборната кампања и штанца градежни дозволи како на индустриска лента за производство на чоколадо – со што неговиот живот е добро заблажен – безбедноста на граѓаните на Центар му е во втор план.

Неговите инспекции се исклучиво задоцнети реакции за гасење пожар и дефокусирање на јавноста.
Не треба да се случи несреќа за општината конечно да се сети дека треба да изрекува казни!

Она што гласно го зборувавме во предизборната кампања, дека Општина Центар под раководство на Герасимовски агресивно и небезбедно се бетонизира, продолжува и бескрупулозно се исполнува под негова палка.

Гледаме како на Водно граѓаните со денови протестираат бидејќи населбата им стана небезбедна за живеење.

Гледаме како пропаѓаат тротоари поради необезбедени градилишта. Продолжуваме да ја гледаме општината заглавена во смет и хаос, а Герасимовски сега го нема со ракавиците да излезе и да им помага на хигиеничарите.

Како граѓани, со право се прашуваме: што е следното што треба да ни се случи?

Дали треба некој да настрада за општината да свати дека инспекциите треба да работат секојдневно, а не само за ПР пред камерите?

„Медениот период“ за градоначалникот заврши.
Од денес, неговата работа е под строга лупа.

Општина Центар не е приватна фирма за исполнување желби на инвеститори, туку општина на граѓаните!

Наместо инцидентни и задоцнети контроли за смирување на јавноста, потребен е систем.

Затоа, како советничка група на Движењето ЗНАМ Бараме:

- ВЕДНАШ да се започне со редовни, но и вонредни инспекциски надзори на СИТЕ активни градилишта на територијата на Општина Центар во рок од еден месец, за да се утврдат пропустите пред да настане нова катастрофа.

- Бараме сите овие извештаи да бидат јавно и транспарентно објавени на веб-страницата на општината.

За ова наше барање, со кое ќе се воведе систем на постојана контрола, а не ад-хок ПР акции.
Уште на следната седница на Советот ќе поднесеме официјална иницијатива.

Ги повикуваме сите советници, без разлика на партиската припадност, да ја поддржат, бидејќи безбедноста нема партиска книшка.

Центарци заслужуваат да се чувствуваат безбедно во своите домови и на своите улици секој ден, а не само откако медиумите ќе објават скандал.

Центар за комуникации и аналитика

Денес, заедно со мојата колешка Александра Цветановска, успеавме да спречиме да се гласа скандалозна одлука во Советот н...
19/05/2026

Денес, заедно со мојата колешка Александра Цветановска, успеавме да спречиме да се гласа скандалозна одлука во Советот на Општина Центар и побаравме нејзино целосно ревидирање.

Со одлуката се предвидуваше основните училишта, градинките и јавните установи да можат да издаваат подруми, магацини, гаражи, скривници, дворови и други простории за производство и услуги – занаетчиство, трговија, угостителство и слично.

Како советници од ЗНАМ, децидно сме против комерцијализација на просторот кој треба да биде исклучиво во функција на децата, образованието и воспитанието.

Безбедноста на учениците нема цена. Училиштата не смеат да се претворат во деловни објекти, а скривниците и помошните простории не смеат да служат за приватни бизнис интереси.

Во европските образовни системи, ваквите простори се користат за спорт, инклузија, креативни активности и развој на учениците – не за комерцијални дејности.

Ќе продолжиме да се бориме за безбедни училишта и заштита на јавниот интерес.

Особено сме горди на нашите колеги од останатите политички групи кои дејствуваат во Советот на Општина Центар, што го препознаа нашиот став и го подржаа во име на нашите деца и внуци кои се иднината на нашиот Центар и нашата Држава

#ЗаБезбедниУчилишта #ОпштинаЦентар #ЗНАМ

https://www.facebook.com/share/p/1Azgkij8K4/
19/05/2026

https://www.facebook.com/share/p/1Azgkij8K4/

Игор Филков, Министер за правда 🇲🇰:

Најостро реагирам на обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.

Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите законската обврска за познавање на македонскиот јазик да се прикаже како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок.

Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем.

Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството.

Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.

Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ За Наша Македонија - ОО Центар posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share