Министерство за односи меѓу заедниците

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Министерство за односи меѓу заедниците

Министерство за односи меѓу заедниците Министерство за односи меѓу заедниците. Ministria e Marrëdhënieve ndërmjet Bashkësive. Ministry for Inter-Community Relations.

Стоилковиќ: Нека Велигден биде поттик за нова енергија, позитивни мисли и заеднички чекори кон подобра и посигурна иднин...
12/04/2026

Стоилковиќ: Нека Велигден биде поттик за нова енергија, позитивни мисли и заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина

Почитувани граѓани, во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, по повод големиот христијански празник Велигден, упатувам срдечни честитки до сите верници кои го слават Христовото Воскресение, со искрени желби за здравје, спокој и радост во вашите домови.

Овој празник носи силна порака за верата, обновата и силата на доброто. Нè потсетува дека токму во моментите на предизвици, човечноста, разбирањето и поддршката меѓу луѓето се најважни. Да го искористиме овој период за да покажеме повеќе грижа едни за други, да ги надминеме разликите и да го зајакнеме чувството на припадност и заедништво.

Нека Велигден биде поттик за нова енергија, за позитивни мисли и дела, и за заеднички чекори кон подобра и посигурна иднина за сите граѓани.

Ви посакувам празнични денови исполнети со топлина, љубов и благослов.

Христос воскресе! Навистина воскресе! – порача потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Стоилковиќ: Меѓународниот ден на Ромите е значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромс...
08/04/2026

Стоилковиќ: Меѓународниот ден на Ромите е значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во мое лично име и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, упатувам искрени честитки до припадниците на ромската заедница, со порака за почит, еднаквост и заеднички напредок.

Меѓународниот ден на Ромите претставува значаен датум за оддавање почит на идентитетот, културата и придонесот на ромската заедница во општеството.

РС Македонија останува посветена на унапредување на еднаквите права и можности за сите граѓани, како и на градење општество на единство, заедништво и меѓусебна почит, без поделби по кој било основ.

Министерството за односи меѓу заедниците ќе продолжи со активни политики насочени кон зајакнување на положбата и вклученоста на ромската заедница во сите општествени процеси.

На сите припадници на ромската заедница им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, порача во честитката потпретседателот во Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес го потпиша Коле...
31/03/2026

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес го потпиша Колективниот договор за вработените во Министерството за односи меѓу заедниците, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените, односно значително се подобруваат работничките права и се обезбедуваат поповолни услови од досегашните законски решенија во јавниот сектор. Со Колективниот договор се предвидува зголемувањето на платите на административните службеници да се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година.

Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие ден...
20/03/2026

Нека празникот донесе мир во Вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, а духовниот благодет од овие денови нека биде поттик за личен и заеднички напредок во текот на целата година. Честит Рамазан Бајрам

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска одржа рабо...
25/02/2026

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска одржа работна средба со претставници на граѓански организации кои ги претставуваат различните етнички заедници во земјата.
www.moz.gov.mk

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денес оствари раб...
24/02/2026

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денес оствари работна средба со г-ѓа Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилството врз жените и економско и политичко зајакнување на жените во Владата на Република Србија.

www.moz.gov.mk

Денеска по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во соработка со Управата за развој и унапредување н...
18/02/2026

Денеска по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, со пригоден настан посветен на унапредувањето и афирмацијата на јазичната разновидност го обележавме денот на мајчин јазик.

Во рамки на одбележувањето доделив благодарници на две институции, и тоа - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Националната установа „Музеј на албанската азбука“, како и на наставниците Марија Николова, Аџер Иметоска, Изета Бабачиќ, Аида Зуковиќ, Дарија Ковачевиќ-Божиновска, Арабела Иљаз и Жаклина Милинковиќ, претставници на заедниците кои наставата ја реализираат на мајчин јазик, како признание за нивниот придонес во негувањето, зачувувањето и развојот на јазичниот и културниот идентитет на заедниците и разменивме мислења и предлози со цел унапредување на институционалната поддршка и надминување на предизвиците во процесот на образованието на мајчин јазик. #меѓународенденнамајчинјазик
www.moz.gov.mk

Честит 27 јануари, Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија!Во име на Министерството за односи меѓу з...
27/01/2026

Честит 27 јануари, Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија!

Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите припадници на српската заедница кои живеат во земјава, а по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија, порача во својата честитка потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите во РС Македонија.

По повод празникот Божиќ, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, в...
07/01/2026

По повод празникот Божиќ, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име упатувам искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед. Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија. Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро.На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ.Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божиќ,порача потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

🇲🇰 Нека е честит Денот на независноста – 8 Септември!🕊️ Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедницит...
08/09/2025

🇲🇰 Нека е честит Денот на независноста – 8 Септември!

🕊️ Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

📜 Овој значаен ден во историјата на нашата држава нѐ потсетува на заедничката волја на народот изразена на референдумот во 1991 година – за суверена и демократска држава.

⚖️ Независноста нè поттикнува да вложуваме постојани напори за општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу сите национални заедници. Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели.

🏛️ Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!, порача во честитката потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.

***

🇲🇰 Gëzuar Ditën e Pavarësisë – 8 Shtator!

🕊️ Në emrin tim personal dhe në emër të Ministrisë për Marrëdhëniet ndërmjet Komuniteteve, më lejoni t’ju drejtoj urimet më të sinqerta të gjithë qytetarëve me rastin e 8 Shtatorit – Ditës së Pavarësisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

📜 Kjo ditë e rëndësishme në historinë e shtetit tonë na kujton vullnetin e përbashkët të popullit të shprehur në referendum më 1991 – për një shtet sovran dhe demokratik.

⚖️ Pavarësia na nxit të bëjmë përpjekje të vazhdueshme për një shoqëri të bazuar në barazi, respekt të ndërsjellë, mirëkuptim dhe solidaritet mes të gjitha komuniteteve kombëtare. Forca jonë ka qenë gjithmonë në diversitetin tonë, ndërsa suksesi në aftësinë tonë për të qenë të bashkuar në qëllimet kryesore.

🏛️ Gëzuar Ditën e Pavarësisë – 8 Shtator! – u shpreh në urimin e tij zëvendëskryeministri dhe ministri për Marrëdhëniet ndërmjet Komuniteteve, z. Ivan Stoilkoviq.

🤝 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска присуств...
08/08/2025

🤝 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на прием организиран од страна на претседателот на Р Србија Александар Вучиќ, а во чест на младите спортисти, учесници во кампот „Србија те зове“.

🎓 Шестиот по ред годишен спортско-едукативен собир на деца и млади од дијаспората „Србија те зове“ започна во комплексот на Домот на ученици од средните училишта „Патријарх Павле“ во Белград, а дел од него беа и деца од нашата земја.

📍 Инаку, на приемот одржан во Палатата Србија освен вицепремиерот и министер Стоилковиќ присуствуваа и српскиот министер без ресор задолжен за односи со дијаспората Ѓорѓе Милиќевиќ, како и тамошниот министерот за спорт Зоран Гајиќ.

📊 На кампот отворен на 2 август учество зедоа рекорден број деца – вкупно 436 од 18 различни земји, меѓу нив најбројни беа од Босна и Херцеговина и РС Македонија, а покрај спортските активности, кампот имаше и воспитно образовен карактер, преку дружење и создавање нови пријателства, исто така и запознавање со богатата историја и туристичките убавини на Белград.

***

🤝 Zëvendëskryeministri i Qeverisë së RMV-së dhe ministër për marrëdhënie ndërmjet bashkësive, z. Ivan Stoilkoviq, sot mori pjesë në një pritje të organizuar nga presidenti i Republikës së Serbisë, Aleksandar Vuçiq, në nder të sportistëve të rinj, pjesëmarrës në kampin “Serbia të thërret”.

🎓 Takimi i gjashtë me radhë sportivo-edukativ për fëmijë dhe të rinj nga diaspora “Serbia të thërret” filloi në kompleksin e Shtëpisë së nxënësve të shkollave të mesme “Patriarku Pavle” në Beograd, dhe pjesë e këtij kampi ishin edhe fëmijë nga vendi ynë.

📍 Ndryshe, në pritjen e mbajtur në Pallatin e Serbisë, përveç zëvendëskryeministrit dhe ministrit Stoilkoviq, morën pjesë edhe ministri serb pa portofol i ngarkuar për marrëdhënie me diasporën, Gjorgje Miliqeviq, si dhe ministri i sportit Zoran Gajiq.

📊 Në kampin e hapur më 2 gusht mori pjesë një numër rekord fëmijësh – gjithsej 436 nga 18 vende të ndryshme, ndër ta më të shumtët ishin nga Bosnja e Hercegovina dhe nga RMV-ja. Përveç aktiviteteve sportive, kampi kishte edhe karakter edukativo-arsimor, përmes shoqërimit dhe krijimit të miqësive të reja, si dhe njohjes me historinë e pasur dhe bukuritë turistike të Beogradit.

Address

Филип Втори Македонски бр. 11
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за односи меѓу заедниците posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share