Собранието на Република Северна Македонија е еднодомно и го сочинуваат од 120 до 140 пратеници кои се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани.
Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието.
Собранието на Републи
ка Северна Македонија:
-го донесува и изменува Уставот на Република Северна Македонија;
-донесува закони и дава автентично толкување на законите;
-ги утврдува јавните давачки;
-донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
-донесува просторен план на Републиката;
-ратификува меѓународни договори;
-одлучува за војна и мир;
-донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
-донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
-распишува референдум;
-одлучува за резервите на Републиката;
-основа совети;
-избира Влада на Република Северна Македонија;
-избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
-врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
-врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
-дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.
Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.