Тони Трајковски

Тони Трајковски Градоначалник на општина Гази Баба
ул. „Архимедова“ б

ДЕЛ ОД ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА ПЕРИОДОТ 2017 - 2021
27/10/2017

ДЕЛ ОД ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА ПЕРИОДОТ 2017 - 2021

Нема предвидено изградба на ново ОУ „Крсте Мисирков“ во програмата на СДС за следните четири години
27/10/2017

Нема предвидено изградба на ново ОУ „Крсте Мисирков“ во програмата на СДС за следните четири години

Тест кој мора да го направите: Кои се вашите одговори на овие прашања?

Единствена општина со инкубатор за стартап бизниси и единствена општина со центар за млади и НВО
26/10/2017

Единствена општина со инкубатор за стартап бизниси и единствена општина со центар за млади и НВО

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на МТВ потенцираше дека тие нудат проекти за младите и ќе овозможат нивната идеја да биде преточена во бизнис.

25/10/2017

Нова инвестиција во Гази Баба

Општина Гази Баба со својата транспарентност и визибилност кон деловниот сектор, е една од ретките општини во Република Македонија која има добиено сертификат за Бизнис Пријателска Општина, со што се отвораат можности за голем број на странски инверстиции.
Една од тие инвестиции која деновиве се најави во општината, е инвестицијата од Компанијата „Скопје Ист Гејт“, која на празниот простор кај Скопскиот саем планира да изгради повеќенаменски комплекс со најголем трговски центар во Македонија, станбен комплекс и канцелариски парк, на земјиште со површина од 155.000 м2.
Вкупната инвестиција во период од 5 -7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, со што ќе се отворат над 1000 нови работни места.

25/10/2017

Заштита на животната средина

Почитувани,
Врвен приоритет како досега така и во иднина ќе биде обезбедување на поздрава и почиста општина.
Ќе направиме комплетна ревитализација на Паркот на природата Гази Баба, за кој во 2015 год. донесовме Закон за повисок степен за заштита, со засадување на нови дрвја и зеленило.
Ќе изготвиме катастар на зеленилото и засадување на нови садници во парковите и покрај фрекфентните сообраќајници
Ќе направиме набавка на 2 специјализирани возила за чистење и одржување на хигиената во населените места.
Ќе продолжиме со ангажирање на сезонски работници во секое населено место
Ќе го продолжиме проектот за поставување на подземни контејнери и поставување на 500 нови канти за отпадоци.
Ќе ја субвенционираме набавката на котлите за пелети во домаќинставта во висина од 50% од вредноста на котелот или во висина до 25000 ден.
Во соработка со ЈКП Гази Баба ќе обезбедиме услуги на граѓаните за чистење на издувните оџаци во домаќинството
Субвенционирање на граѓаните за купување на велосипед во висина од 50% од вредноста или во висина од 4000 ден.
Почитувани сограѓани, ова се дел од предвидените проекти со кои верувам дека ќе овозможиме поквалитетни услови за живот.
За почиста и поздрава Општина Гази Баба

25/10/2017

ТЕЛЕВИЗИСКИ ДУЕЛИ ВО ПРЕСРЕТ НА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017 - 2021

На 25.10.2017 год. на ТВ Алфа, во 15:15 ч. заедно со кандидатот од СДСМ Борис Георгиевски повикани сме како гости во емисијата Алфаскоп. Се надевам дека противкандидатот нема повторно да избега од телевизиското соочување.
Исто така на 25.10.2017 год. во 22:00 ч. на МРТ во емисијата „Изборен ринг“, повторно ќе имаме можност да ги претставиме Проектите кои ги предвидовме за следните четири години за Гази Баба.
Верувам дека ќе се појави мојот противкандидат, за да можеме двајцата да ги презентираме Изборните програми пред граѓаните

25/10/2017

ФЕКАЛНИ КАНАЛИЗАЦИИ
ВРАЌАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Почитувани сограѓани
Изминативе 4 години се изградија повеќе од 30 км фекална и атмосферска канализација.
Овие проекти се наши приоритети и за следните 4 години:
На сите жители од населените места Стајковци, Инџиково, Економија, Трубарево и Кирил Петрушевски, во следните четири години ќе им бидат вратени финансиските средства, со кои учествуваa во делот на приклучоците на фекалната канализација
Продолжуваме со изградба на фекалната канализација во н.Трубарево, Црешево, Јурумлери, Колонија, Ченто и новата населба Хиподром 2, а ќе започнеме со изградба на канализацијата во Гоце Делчев, Идризово, Дрма, Ергеле,Смилковци, Виниче.
Ќе продолжиме и со изградба на атмосферските канализации во Железара, Автокоманда, Ченто, Триангла. Маџари,Јане Сандански и новата населба Хиподром 2.
Ќе продолжиме со поставување на сливници и решетки за собирање на атмосверската вода, како и поставување на цевни пропусти и премини преку каналите со поголем профил на цевки.
Во населбата Ченто на потегот од Финскиот парк кон Инџиково ќе се направи подигање на зидовите на каналот, за да може да апсорбира поголема количина на атмосферска вода.

23/10/2017

Проекти за н. Хиподром

22/10/2017
ПРОЕКТ ЗА ПЕРИОДОТ 2017 - 2021
22/10/2017

ПРОЕКТ ЗА ПЕРИОДОТ 2017 - 2021

Заедно со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, пратениикот во Собранието на РМ, Жаклина Пешевска, членот на И...
22/10/2017

Заедно со претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, пратениикот во Собранието на РМ, Жаклина Пешевска, членот на ИК, Коце Трајановски и членови на Советот на град Скопје и на Гази Баба, имавме средба со жителите од н. Железара

Средба со жителите од Автокоманда, на која присуствуваа претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, пратениците во С...
22/10/2017

Средба со жителите од Автокоманда, на која присуствуваа претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски, пратениците во Собранието на РМ, Жаклина Пешевска и Невенка Стаменковска, членот на ИК, Коце Трајановски и членовите на Советот на Гази Баба

Address

Улица „Архимедова“ бр. 2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Тони Трајковски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Тони Трајковски:

Share