Движење ЗНАМ ЗA Наша Македонија-ОО Аеродром

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Движење ЗНАМ ЗA Наша Македонија-ОО Аеродром

Движење ЗНАМ ЗA Наша Македонија-ОО Аеродром Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Движење ЗНАМ ЗA Наша Македонија-ОО Аеродром, Political Party, Bulevar Jane Sandanski broj 82/1 lokal 78, TC Biser I-vi kat, Skopje.

12/06/2026
11/06/2026

Помали трошоци за роаминг со Европската Унија — конкретна придобивка за граѓаните и компаниите.

Македонија е подготвена за следниот чекор кон приклучување кон иницијативата Roam Like at Home.

Ги завршивме клучните национални подготовки: подготвени се измени на Законот за електронските комуникации и релевантни подзаконски акти со анализи, а регулаторниот пакет е доставен до Европската комисија на одобрување. Формиравме преговарачки тим, номиниравме претставници од Македонија во Европската комисија.

Советот на ЕУ на 4 јуни го одобри отпочнувањето на преговори со земјите од Западен Балкан, а на 12 јуни 2026 година е закажан состанок меѓу министрите од регионот и претставници на Европската комисија за следните чекори.

Нашата цел е јасна: граѓаните и компаниите да имаат пониски трошоци, поголема предвидливост и конкретни придобивки од европската интеграција.

11/06/2026
11/06/2026
10/06/2026
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ - “ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со ...
09/06/2026

ЗНАМ: Конгресот на СДСМ - “ЕДНО ГОЛЕМО ПРАЗНО”

Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“.
Но реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква - празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина.

Таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа, наместо да понудат суштина и јасна насока, делуваат како 6 празни политички флоскули без реална содржина и без поткрепа за испорачување резултати.

Слоганот на конгресот „Твоја држава, твоја шанса“, во тој контекст, неизбежно отвора прашање пред граѓаните: колку од тие шанси навистина беа искористени во периодот кога СДСМ ја имаше целосната политичка одговорност и каков е реалниот биланс од тие политики денес?!

Во политичкиот период кој го оставија зад себе, секоја шанса која ја имаа пред себе беше пропуштена, а нивните политики завршуваа со одлуки кои ја ослабуваа државната позиција, националниот интерес и ја нарушуваа довербата во институциите.

Контрастот меѓу политичките слогани и реалноста е преголем за да се игнорира.

Пораките како „Живот за сите“, „Нема правда-Нема мир“ останаа во јавноста како симбол на големи очекувања, но и како симбол на неиспорачани резултати и разочарани граѓани, додека привилегиите и користа од нив, се концентрираа во тесни политички и фамилијарни кругови блиски до Заев и Филипче.

Граѓаните не забораваат како и на кој начин двоецот Филипче-Заев се стекнаа со златните визи, не ги забораваат луксузните крстарења и забави во Дубаи, не ги забораваат контроверзиите околу набавките на вакцините, ниту пак, ги забораваат големите ветувања за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата кои останаа без вистинска разрешница.

Денешната политичка комуникација само ја продолжува истата матрица, со нови формулации, но со ист ефект.

За жал, денес СДСМ, од некогашна државотворна политичка партија, се повеќе наликува на структура која ги губи сопствените политички контури и јасен национален компас.
Наместо да биде фактор на внатрешна кохезија и државен интерес, делува како политички гласноговорник на Бугарските наративи и влијанија.

Во таков амбиент, се отвора прашањето дали партијата која некогаш ја носеше тежината на државотворноста, денес навистина ја води сопствената автономна политика или пак постепено се претвора во структура и политички агент, кој сè почесто ги рефлектира и артикулира ставовите блиски до наративите на Румен Радев, наместо јасно да ги брани и застапува државни интереси.

Македонија помина низ премногу искушенија за повторно да биде убедувана дека старите политики можат да се претстават како нова надеж.
Историјата не ги памети оние што најгласно зборувале за вредности, туку оние што имале храброст да ги претворат во дела и да ја стават државата пред партијата и личните интереси.

Граѓаните денес не бараат нови слогани, популистички лаги обвиткани во платформа за обединување, туку одговорност, резултати и стабилни институции.

За Движењето ЗНАМ, Македонија останува трајна државна обврска.
Во таа насока, нашата политика и нашите заложби се насочени кон заштита на институционалниот интегритет, јакнење на државниот капацитет и безусловно почитување на македонскиот државен и национален интерес.
Само така може да се гради европска Македонија, држава со достоинство, стабилност и јасна самосвест.

Центар за комуникации и аналитика

08/06/2026

Весна Бендевска, Потпретседателка на ЗНАМ

Address

Bulevar Jane Sandanski Broj 82/1 Lokal 78, TC Biser I-vi Kat
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ ЗA Наша Македонија-ОО Аеродром posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share