Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Еразмус+ е интегрирана програма на Европската Унија во областа на образованието, обуката и младите, и генерално нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции.

Од 2014 година Република Северна Македонија стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус и се стекна со статус на Програмска земја. Овој чин за нас како земја е од огромно значење, заради тоа што сега граѓаните на РС Македонија ги имаат истите можности во Еразмус+, како и граѓаните на земјите членки на Европската Унија.

Заинтересираните потенцијални корисници можат да бидат дел од европски образовни иницијативи во сите земји од ЕУ, ЕФТА, Турција и Република Северна Македонија.

Националната агенција со остварување на програмите придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.

Со буџет од 26,2 милијарди евра за 2021-2027 (во споредба со 14,7 милијарди евра за 2014-2020), надополнета со околу 2,2 милијарди евра од надворешните инструменти на ЕУ, новата и обновена програма финансира мобилност за учење и проекти за прекугранична соработка за 10 милиони Европејци од сите возрасти и сите позадини во следните 7 години.

Оваа програма ќе биде уште поинклузивна и ќе ги поддржува зелените и дигиталните транзиции.

🌍 Од локалната потреба до меѓународната можност!Од 16 до 18 септември во Охрид се одржа EPALE обуката „Интернационализац...
19/09/2026

🌍 Од локалната потреба до меѓународната можност!
Од 16 до 18 септември во Охрид се одржа EPALE обуката „Интернационализација во образованието за возрасни и како да ги вградиме европските вредности во нашите проекти“.
👥 30тина учесници од различни институции и организации во областа на образованието за возрасни, низ три дена учење, размена и практична работа, размислуваа за:
🔹 како да ги препознаеме сопствените потенцијали за меѓународна соработка;
🔹 кога локалната потреба може да стане основа за меѓународен проект;
🔹 како европските вредности да ги претвориме во практики;
🔹 каде да најдеме партнери и можности за финансирање;
🔹 како резултатите од проектите да продолжат да живеат и по нивното завршување.
💡 Една од главните пораки од обуката е едноставна:
Интернационализацијата не започнува со апликација. Таа започнува со потреба, љубопитност, учење и поврзување.
Понекогаш еден контакт, една размена на искуства или една добра практика може да биде првиот чекор кон ново партнерство и нови можности за учење.
Прочитајте повеќе:
https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/internacionalizacijata-ne-e-samo-patuvane-kade-e-obrazovanieto-na-vozrasnite-denes
https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/megunarodnata-sorabotka-kluchna-karika-za-odrzhliv-razvoj-na-obrazovanieto-na-vozrasnite
https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/internacionalizacijata-vo-obrazovanieto-za-vozrasni-od-lokalna-potreba-do-internacionalna
https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/od-lokalna-potreba-do-megunarodna-mozhnost-epale-tri-dena-vo-funkcija-na-internacionalizacija

Каков наставник му е потребен на ученикот во 2027 година? 🤔И како Erasmus+ може да му помогне на наставникот да биде под...
18/09/2026

Каков наставник му е потребен на ученикот во 2027 година? 🤔
И како Erasmus+ може да му помогне на наставникот да биде подготвен за иднината?

По повод Меѓународниот ден на наставниците – 5 Октомври, Ве покануваме на отворена дискусија за иднината на наставничката професија – со искуства, предизвици, идеи и визии директно од наставниците.

📅 5 октомври 2026
📍 Europe House – Тетово
🕛 12:00 часот

👩‍🏫 Наставници од Тетово и околината, оваа дебата е за вас!

👉 Пријавете се преку линкот: https://forms.gle/YbZYrRpPcwG9Zb63A

Да разговараме. Да споделиме идеи. Да го замислиме наставникот на иднината. 🚀

Што следува за Европа? ⭐Денес, претседателката на Европската комисија ќе го претстави Говорот за состојбата на Унијата (...
16/09/2026

Што следува за Европа? ⭐

Денес, претседателката на Европската комисија ќе го претстави Говорот за состојбата на Унијата (State of the Union – SOTEU). 🙂‍↕️

Од предизвиците до можностите – кои се клучните приоритети што ја обликуваат иднината на Европа?

Сето ова и многу повеќе можете да слушнете доколку го следите линкот и се приклучите во живо.

https://commission.europa.eu/strategy-and-policy/state-union_en

Повик за пријавување за DiscoverEUMногу може да се научи преку истражување на Европа, а   го прави тоа возможно! 🇪🇺18-го...
11/09/2026

Повик за пријавување за DiscoverEU

Mногу може да се научи преку истражување на Европа, а го прави тоа возможно! 🇪🇺

18-годишниците кои се подготвени за авантурата на својот живот имаат можност да добијат патна карта и да го доживеат нашиот прекрасен континент, истовремено стекнувајќи нови вештини и создавајќи нови пријателства. 🌍✨

📅 Нов повик за пријавување: од 1 до 15 октомври.

За да се пријават, кандидатите треба:
• да се родени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2008 година;
• да имаат законски престој во земја членка на ЕУ или во една од следните земји: Исланд 🇮🇸, Лихтенштајн 🇱🇮, Северна Македонија 🇲🇰, Норвешка 🇳🇴, Србија 🇷🇸 или Турција 🇹🇷;
• да бидат подготвени за едно прекрасно патување! ✈️

Споделете ја оваа можност со некого кому би му значела и следете го линкот за да дознаете повеќе : https://youth.europa.eu/discovereu_en

🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатува искрени честитки по повод 8 Септември-Денот ...
08/09/2026

🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност упатува искрени честитки по повод 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија!

По повод 35 години од независноста, на сите граѓани им посакуваме мир, слобода, успех и просперитет.

❤️ Да вложуваме во образованието, знаењето и младите, истовремено чувајќи го и негувајќи го нашето културно и историско наследство и пренесувајќи ги нашите вредности на идните генерации.

🇲🇰 Честит 8 Септември!

💻 Можат ли вашите ученици да разликуваат факти од измислици на интернет?Во време кога вештачката интелигенција и социјал...
02/09/2026

💻 Можат ли вашите ученици да разликуваат факти од измислици на интернет?

Во време кога вештачката интелигенција и социјалните медиуми го менуваат начинот на кој младите доаѓаат до информации, медиумската и дигиталната писменост никогаш не биле поважни.

Со оваа анкета сакаме да ја разбереме вашата реалност: вашите приоритети, предизвиците со кои се соочувате и поддршката што би направила најголема разлика.

📝 Кажете го вашето мислење до 1 октомври 2026 година 👉https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/esep-survey-media-literacy

01/09/2026

🎒❤️ 1 септември, ден за нови почетоци, насмевки и детска возбуда!

Прв училишен ден со порака за еднакви можности 🎒Денес, 1 септември, Националната агенција за европски образовни програми...
01/09/2026

Прв училишен ден со порака за еднакви можности 🎒

Денес, 1 септември, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше во посета на руралните училишта „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Ранковце и истоименото училиште во село Герман.

По повод првиот училишен ден, директорката Ана Михајлов и градоначалникот на Општина Ранковце Даниел Павловски им поделија ранчиња на учениците и внесоа дополнителна радост во нивниот ден. 🎒😊

Директорката Михајлов упати и порака до учениците дека образованието не е само пат до знаење, туку сила што отвора врати, гради самодоверба и создава иднина.

Посетата е дел од заложбите на Националната агенција за поддршка на училиштата и учениците од руралните средини. Инклузијата е еден од приоритетите на Агенцијата, со цел секое дете да има еднакви можности за образование и развој. ❤️

На сите ученици им посакуваме среќен почеток и успешна нова учебна година! 📚✨
Sent

25/08/2026

🎥 Ви споделуваме уште еден краток извадок од централниот дневник на ТВ Сител, посветен на можностите што ги нуди Erasmus+. 💙🇪🇺

19/08/2026

🎥 Во продолжение, погледнете краток извадок од последното интервју во Централниот дневник на ТВ Сител. 👇

Address

BUlica Kuzman Josifovski Pitu
Skopje
1107

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална агенција за европски образовни програми и мобилност posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Национална агенција за европски образовни програми и мобилност:

Shortcuts

Share