Достоинство

Достоинство ДОСТОИНСТВО - Политичка партија

ДОСТОИНСТВО е партија на Македонскиот народ и за Македонскиот народ на која главна цел е да го врати изгубеното достоинство на секој Македонски граѓанин.

Досега и служевме на татковината за да ја браниме од агресори а од сега ќе му служиме на нашиот народ да му помогнеме да ги исполниме нивните барања и да ги реализираме стремежите и идеите за посветла иднина. За таа цел се ангажирани пред се чес

ни луѓе, луѓе од доверба и луѓе експерти во својата област.

ДОСТОИНСТВО во областа на економијата ќе се залага за подигнување на економскиот раст и развој, намалување на невработеноста со отворање на нови работни места и вработување пред се на соодветен стручен кадар .
Меѓу првите приоритети на ДОСТОИНСТВО е вложување во технолошкиот развој и иновативноста кај младите. ДОСТОИНСТВО ќе отвори посебен фонд за стипендирање на млади научници кои преку стипендиите ќе имаат можност да ги развиваат своите иновации.

Нашата цел е и влез на нови странски инвестиции кои би допринеле за подобар економски раст и развој на Република Македонија.

Ставот на ДОСТОИНСТВО во областа на здравството е зголемување и правилна прераспределба на здравствениот буџет со што граѓаните би добиле квалитетна и навремена здравствена заштита.
Една од целите на партијата е да се донесат и спроведат реформи во образованието кои би резултирале со квалитетен и стручен кадар.

ДОСТОИНСТВО се стреми да го задржи ваквиот млад стручен кадар и истиот да работи и придонесува за сеопшт развој на Р.Македонија.

ДОСТОИНСТВО во својата стратегија ќе го започне проектот ПРОФЕСИЈА: ЗЕМЈОДЕЛЕЦ преку конкретни мерки за финансиска помош и обука на земјоделците со посебен акцент на младите земјоделци. Земјоделството е најважниот столб на Македонската економија и токму затоа приоритет ќе биде униформирање на квалитетот и обезбедување на сигурен пласман на земјоделското производство.

Нам ни е потребно да ги сочуваме природните богатства кои ги имаме во изобилство, да го развиеме туризмот во истите и да се подобри целосната инфраструктура на државата.

ДОСТОИНСТВО се залага за еднаквост на граѓаните, мултиетничко општество, реформи во судството, спроведување на правда, искоренување на криминалот и корупцијата и конечно справување со сиромаштијата и невработеноста. Не ги забораваме и пензионерите како важен дел од нашето општество за реален пораст на зслужените пензии. Државната администрација преку обуки за доусовршување на своите знаења ќе придонесат за подобра и поефикасна услуга на граѓаните.

Квалитетен пристап на разговорите околу решавање на проблемот кој нашиот јужен сосед го има со уставното име на Република Македонија без притоа да се вклучува националниот идентитет, а со тоа и реален пристап за отпочнување на преговори за влез – членство во ЕУ и НАТО.

Ќе се залагаме за јакнење на демократијата, секој граѓанин да може да воспостави директна релација и контакт со власта како би учествувал и заедно би придонеле да создадеме едно независно, некорумпирано и демократско општество, јавноста да учествува во креирање на политиката за доброто на граѓаните на Р.Македонија.

Македонија има потреба од нова политика и нови идеи за излез од црно-белиот свет! ДОСТОИНСТВО е подготвено да се справи со сите предизвици кои стојат на патот кон успехот на Македонија! ДОСТОИНСТВО се докажа како штитеник на суверенитетот на Република Македонија. Да изградиме подостоинствен живот за сите! За достоинствена иднина!

ДОСТОИНСТВО ЗА МАКЕДОНИЈА!

Делегација на Достоинство оддаде почит и  положи цвеќе во спомен на загинатите армиски припадници кај Љуботенски бачила.
11/08/2022

Делегација на Достоинство оддаде почит и положи цвеќе во спомен на загинатите армиски припадници кај Љуботенски бачила.

Најпосле решен проблемот на последните четворица бранители кој враќаа пари преку извршители за земена оштета. На иниција...
04/06/2022

Најпосле решен проблемот на последните четворица бранители кој враќаа пари преку извршители за земена оштета. На иницијатива на Достоинство а со одлука на Владата, овој проблем е решен. Овие четворица бранители, хероји од 2001 година, нема да ја враќаат земената оштета, а парите кои им се до сега земени ќе им бидат вратени.

Политичката партија Достоинство изработи Предлог закон за измена и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и на член...

26/03/2021

На денешен ден се навршуваат дваесет години од успешната полициско-воена акција со која безбедносните сили на Македонија го ослободија тетовското […]

16/02/2021

По повод триесет години од самостојноста на државава, дваесет години од започнувањето на вооружените дејствија во 2001 година како и една година од влезот во НАТО, по...

https://youtu.be/Hw0COIr8ZOk
21/12/2020

https://youtu.be/Hw0COIr8ZOk

Возбудливо како во Рамбо кецот, акциони сцени како во Терминатор двојчето и тензично како во Ајкула... тројчето. Не, ова не нов блокбастер од Холивуд. Ова е ...

03/12/2020

Ангелов смирува: Нема потреба од паника во моментот, болеста е под контрола

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Достоинство posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share