Здружение на пензионери, Радовиш и Конче

Здружение на пензионери, Радовиш и Конче Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година.

Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година. Од формирањето до денес Здружението во континуитет се развива и остварува видливи резултати. Секоја генерација го дала својот придонес во доградбата на организацијата и во збогатувањето на програмските активности. Во здружението денес членуваат 3633 пензионери организирани во 9 ограноци од кои 5 во градот и 4 во

рурални населени места. Во здружението членуваат на корисници на старосни, семејни, инвалидски, боречки и земјоделски пензии, кои се здружуваат заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси,остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби, организирање на одмор и рекреација, бањско-климатско лекување, давање помош и сместување во домови на незаштитените и материјално најзагрозените пензионери.
Здружението активно соработува со Сојузот, со сите општински здруженија, локалните самоуправи на општините Радовиш и Конче, Центарот за култура "Ацо Караманов", Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Центарот за социјални работи, Општинската организација на Црвен Крст, Здравствениот дом, Општинската организација на СБМ-Радовиш, Средното општинско училиште "Коста Сусинов"-Радовиш, Основното училиште КПМ, Полициската станица, Рудникот "Бучим", Локалните медиуми ТВ ЕМИ и ТВ КОБРА и други организации и институции кои имаат допирни точки со реализацијата на програмата на ЗП Радовиш и Конче.
Во состав на здружението работат 4 пензионерски клуба каде секојдневно стотина пензионери се дружат, гледаат ТВ, читат весник и играат домино, шах и табла.
Здружението располага со скромни финансиски средства, но со домаќинско работење и поголемо ангажирање на органите и телата успева успешно да ги реализира програмските активности. Здружението делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива остварувајќи траги во развојот на општината.
Основна карактеристика на здружението е масовноста во дружењето на отворен и затворен простор, како и јавност и отчетност во целокупната работа.
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче има својство на правно лице и на ден 18.03.2008 година е извршено упис во Централниот регистар на РМ, Регионална канцеларија Струмица под Дел. број 30820080000751.

02/06/2026
02/06/2026

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат пензионерите дека во согласност на Меморандумот за соработка со ЈЗУ Здравствен дом Радовиш се дозволуваат бесплатни прегледи кај Др Интернист.
Приоритет имаат пензионерите кои не се биле кај интернист и не примаат терапија.
Пријавувањето е во здружението. Не пријавените пензионери не ке можат да се прегледаат.
Датата кога ке се изврши прегледот накнадно ке биде објавена.
Почитувани пензионери користете ги овие привилегии за на време да се преземат мерки до колку се потребни.

Еден прекрасен настан на кој пензионерите покажаа дека годините не се важни за водење на активен и исполнет живот. Се од...
01/06/2026

Еден прекрасен настан на кој пензионерите покажаа дека годините не се важни за водење на активен и исполнет живот. Се одржаа 30 тите Регионални спортски натпревари. Безброј насмевки, убави моменти на радост и меѓусебна почит, фер игри, победија најдобрите. Честитки за сите учесници во натпреварувањето.

,

30 ти Регионални спортски натпревари одржани во Радовиш.Учесници ЗПОРК Радовиш, ЗП Струмица, ЗП Штип, ЗП Свети Николе, З...
01/06/2026

30 ти Регионални спортски натпревари одржани во Радовиш.
Учесници ЗПОРК Радовиш, ЗП Струмица, ЗП Штип, ЗП Свети Николе, ЗП Лозово и ЗП Ново Село

28/05/2026

На своите членови пензионери од Муслиманска

вероисповест им го честита празникот

Курбан Бајрам, посакувајќи им долг и среќен

живот

15/05/2026

Се известуваат пензионерќите дека закажаната посета на изложбата во библиотеката Браќа Миладиновци се одложува за 18 05. 2026 год.
во 14 часот.

Одржана 24 Регионална ревија на песни музика и оро на 7 регион во Пробиштип. Домакините ЗП Пробиштип со својата извонред...
14/05/2026

Одржана 24 Регионална ревија на песни музика и оро на 7 регион во Пробиштип. Домакините ЗП Пробиштип со својата извонредна организација допринесоа реализацијата на ревијата да се одвива на достојно ниво за што сме и благодарни.
ЗПОРК Радовиш со пеачката група Пензионер
го заслужи аплаузот од публиката.

Address

Улица "Свети Спасо Радовишки" бр. 70, Радовиш
Radovis
2024

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на пензионери, Радовиш и Конче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share