УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип

УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ е формирана на 6 А

Партијата ВМРО-ДПМНЕ е оформена на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија (ЕПП).

По својата идеологија, тесно е врзана со легендарната организација ВМРО, оформена во Солун, далечната 1893 година. ВМРО-ДПМНЕ оттука и го влече својот континуитет. Во разни историски периоди ВМРО се цврсто залагала за македонските интереси

водејќи бескомпромисно борби со сите сили кои се испречувале пред реализацијата на македонските интереси, не штедејќи жртви за каузата.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

XVIII Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ!⚫️🔴ВИЗИЈА ШТО ГРАДИ ДРЖАВА !🦁 #УМСПробиштип
06/12/2025

XVIII Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ!⚫️🔴
ВИЗИЈА ШТО ГРАДИ ДРЖАВА !🦁
#УМСПробиштип

25/11/2025
🦁⚫️🔴🇲🇰
08/11/2025

🦁⚫️🔴🇲🇰

02/11/2025

#УМС 🦁🖤❤️

Победничкаа🖤❤️🦁  #УМСПробиштип 💪
02/11/2025

Победничкаа🖤❤️🦁
#УМСПробиштип 💪

31/10/2025

Драги сограѓани,

денес завршува изборната кампања на овие локални избори.
Една од можностите за комуникација со сите граѓани на Пробиштип беа и пренесените информации, директно на голем дел од македонските медиуми.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите медиумски куќи и новинари кои покажаа интерес за Пробиштип, за мојата кандидатура и овозможија развојната програма која ја подготвив за нашата општина да допре до уште повеќе граѓани.

Посебен акцент сакам да дадам на неколкуте професионално организирани и реализирани телевизиски дебати, каде покажавме дека во Македонија се знае и се умее да се држи високо ниво на политичка култура.

Верувам дека, со искажаниот интерес на медиумите за Пробиштип, граѓаните подобро се запознаа со мојата визија за иднината на нашата општина.

✅ Гласај за број 9 – за дела, за иднина, за Пробиштип што го заслужуваме!

9️⃣
#Пробиштип
#ВистинскиотИзбор

31/10/2025

ДЕЦА И УЧИЛИШНИ РЕСУРСИ – НАЈНОВАТА ЖРТВА НА КАМПАЊАТА ВО ПРОБИШТИП

Кандидатот за градоначалник од СДС, Драган Анастасов на најгруб и најподмолен начин го прекрши Изборниот законик, член 76 став (3) и член 8-а и 8-б, користејќи, поточно злоупотребувајќи ги децата и јавните установи.
Драган Анастасов, по поразот во првиот круг, во изборната кампања објави видео спот во кој се прикажува носењето на децата од основното училиште во Злетово до затворениот базен во Основното училиште "Никола Карев" во Пробиштип, вклучувајќи и сцени со ликовите на учениците, снимени во костими за капење.

Сето ова без согласности од родителите и без најава дека ќе бидат снимени за партиска пропаганда.

Попусто, после реакциите во медиумите, вршевте притисоци родителите да потпишуваат изјави за согласност. Согласности за политичка злоупотреба на децата НЕМА❗️

Ова е најгруб, најнизок и морално неприфатлив начин во водење на изборната кампања.
Децата НЕ СМЕАТ политички да бидат злоупотребувани. Училиштата не се предизборни штабови.

Пријавата за грубото кршење на Изборниот законик е доставена до надлежните институции‼️

Одговорност од сите одговорни раководители и од градоначалникот во заминување за дозволената злоупотреба на малолетници и јавни ресурси во изборната кампања мора да има. Не може да има молк кога станува збор за децата – тие мора да бидат заштитени, а не искористени за политичка цел.

Пробиштип заслужува чесна кампања, а не злоупотреба на најневините за лична промоција.

31/10/2025

Булевар: Во финалето на изборите за градоначалник во Пробиштип, влегуваат двајца добро познати кандидати на локалното население. Зошто Вие сте подобриот кандидат? ...

31/10/2025

Пробиштип - чист, зелен и модерен град.
Место полно со живот и желба за развој и напредок 🌿

Помалите места поврзани со градот - инфраструктурно, културно и духовно.
Заедно градиме заедница во која ќе се живее со гордост.

Не е утопија, не е невозможно!
Со силна желба, верба и работа, се е возможно.

Во недела – излези и направи го вистинскиот избор!

✅ Гласај за број 9 – за дела, за иднина, за Пробиштип што го заслужуваме!

9️⃣
#Пробиштип
#ВистинскиотИзбор

Address

Улица Јордан Стојанов бб
Probistip
2210

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип:

Share