ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

13/05/2026
Во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово, денеска СДС предводена од Венко Филипче ја изведе најдолната политичка фа...
05/05/2026

Во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово, денеска СДС предводена од Венко Филипче ја изведе најдолната политичка фарса на годината и си организираше приватна забава со едвај петнаесетина луѓе.
Тие што ја продадоа Македонија, ги избришаа името, идентитетот и државноста, истите тие што со срамниот договор со Бугарија го ставија македонскиот јазик под прашање и го претворија во „предмет на преговори“, сега дрско се фотографираат како патриоти и го слават Денот на македонскиот јазик! Венко Филипче, човекот кој молчеше и ја бранеше политиката на предавство, денеска дојде да „оддаде почит“ на Конески. Каква безобразна дрскост!
Блаже Конески цел живот се бореше за кодификација и заштита на македонскиот јазик, а токму СДС македонскиот јазик го користеа како предмет на трговија за да ги задоволат барањата на бугарската страна за да останат на власт.
Дали претседателката на ОО СДС Прилеп, Петра Лукароска, се срами од своите сопартијци па решила да не учествува во овој очаен перформанс?
Нема поголема хипокризија од предавници што се претставуваат како чувари на јазикот што го продадоа. Архитектите на националното понижување не може да бидат патриоти.
Народот ја знае вистината и затоа ги казни политиките на СДС.
Македонија и македонскиот јазик не се на продажба. ВМРО-ДПМНЕ го покажа и докажа тоа!
Затоа СДС, партијата која пишува соопштенија со вештачка интелигенција ќе биде уште долги години надвор од македонската политичка сцена!

Денес оддаваме почит на двајца македонски великани, Гоце Делчев и Пере Тошев.На 4 мај се сеќаваме на нивната жртва, визи...
04/05/2026

Денес оддаваме почит на двајца македонски великани, Гоце Делчев и Пере Тошев.
На 4 мај се сеќаваме на нивната жртва, визија и непоколеблива борба за слобода. Делчев нè учеше дека светот е поле за културен натпревар, а Тошев останува симбол на пожртвуваност и идеал.
Нивното дело нè обврзува да градиме подобро, посовремено и поорганизирано општество, почнувајќи од себе.
Да не заборавиме: историјата учи, а нивната борба инспирира!

27/04/2026
Денес со длабока почит се потсетуваме на револуционерното дело на Методи Патчев, одбележувајќи 124 години од неговата хе...
07/04/2026

Денес со длабока почит се потсетуваме на револуционерното дело на Методи Патчев, одбележувајќи 124 години од неговата херојска смрт.

Роден на 14 мај 1875 година во Охрид, Патчев својот живот го посветил на борбата за слободата на Македонија. Во 1902 година, по предавство, бил опколен од турскиот аскер во Кадино Село.

По 24-часовна жестока борба, тој и неговите соборци, со последните куршуми и со песна на усните, избрале да ја зачуваат честа и слободата, извршувајќи херојски чин на саможртва.

Нека им е вечна слава и поклон за нивното јунаштво пред нивното вечно почивалиште во Кадино Село!

35 години од Првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп – историски настан на кој беа пос...
06/04/2026

35 години од Првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан на 6 и 7 април 1991 година во Прилеп – историски настан на кој беа поставени темелите и структурите на една силна, македонска политичка организација, со јасна визија и определба за самостојна, суверена и независна Република Македонија.
Токму тука, во нашиот Прилеп, вековниот идеал за слобода се преточи во организирана политичка сила, која ја трасираше патеката на современата македонска државност. Со донесувањето на Статутот и формирањето на Унијата на млади сили, беше вградена енергијата на новите генерации како гарант за иднината.
Горди сме што Прилеп го носи овој историски белег и што токму нашиот град стои на пиедесталот врз кој се гради и се зацврстува суверенитетот на Република Македонија.
Да останеме на патеката на вредностите, да ја почитуваме историјата и достоинството на нашиот народ и заедно да продолжиме да ја градиме нашата татковина, водени од идеалите поставени од делегатите на Првиот Конгрес.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!
Да живее Прилеп!

08/03/2026

Лагите на СДС комплетно разбиени. Договор за мигранти не постоел и не постои!

26/02/2026

Почитувани,
Денеска нема да зборуваме „само за спорт“. Ќе зборуваме за симболот на Прилеп, ФК Победа, со факти и докази.
Во време кога локалната самоуправа беше предводена од СДСМ, тогашната власт во 2019 година, уверуваше дека преземањето од Општината е „чекор за спас“ и дека ќе следува инвеститор, стабилизација и развој. Денес гледаме што остана од тие ветувања, финансиски хаос и кадровски распад.
Ние во тоа време како опозиција предупредувавме дека моделот што го туркаат е ризичен и нетранспарентен. Денес, за жал, времето покажа дека бевме во право.
Прашањето е едноставно:
Зошто, и покрај предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ управувањето на Акционерското друштво ФК Победа беше препуштено на неадекватни и некомпететни лица, без јасни механизми на контрола и менаџирање со клубот. Кој гарантираше за нив? И врз основа на што?
Дополнително, во јавноста сега со право се поставуваат прашања за однесувањето на одредени советници кои денес глумат загриженост, а истовремено се поврзуваат со судски постапки во минатото и побарувања кон клубот.
Прашуваме, доколку ваква постапка е во тек, дали тужбата ќе биде повлечена поради љубов кон Победа или ќе преовладува финансискиот и личниот интерес?
Да ги расчистиме лагите.
Невистинити се тврдењата дека Општина Прилеп не се грижи за Победа и дека не бара решение за излез од оваа состојба во која се наоѓа фудбалскиот симбол на Прилеп!
Од 2018 година Општина Прилеп до денес исплатила:
– 4.400.000 денари за струја,
– 8.800.000 денари за вода и поправки,
– над 12.000.000 денари директна финансиска поддршка преку јавни повици, дополнително на ова и редовното одржување на стадионот и инфраструктурата.
Ова се факти и реални бројки.
Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба, токму оние на кои СДСМ им ја препушти без сериозна контрола.
Доста е од манипулации! Доста е и од обиди за собирање ситни политички поени на грбот на Победа.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи симболот на градот да биде жртва на туѓи политички експерименти.

Имаме јасен план за стабилизација. ФК Победа ќе се консолидира и ќе се врати каде што припаѓа, во врвот на македонскиот фудбал.
Одговорност мора да има! Доколку има финансиски пропусти и нерегуларности во работењето или било какви манипулации и злоупотреба со финансиите, секој што се огрешил ќе одговара.
Политиката е минлива.
Победа е вечна!
Победа нема да згасне!
Затоа, сега не е време за собирање ситнополитички поени, сега е време за заедништво, за поддршка, за верба и доверба!

Бог се јави!За многу години Богојавление-Водици!
19/01/2026

Бог се јави!
За многу години Богојавление-Водици!

Address

Prilep

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share