01/11/2024
Едукативно превентивен настан„ Во Општина Неготино на 28.10.2024 година се одржа едукативно превентивен настан на тема
„Појава на Екранизам и влијанието на технологијата врз развојот на децата“
За децата со љубов❤️
Настанот го отвори Претседателот на Општинскиот Совет за социјална заштита Аница Карафилоска , додека учество и свои излагања на трибината имаа еминентни стручни лица лица од областа на социјалната детска и здравствена заштита .
-Зорица Јовановска - предучилишен педагог со долгогодишно искуство, вклучена во многу проекти од предучилишното и основното образование во државата и надвор од неа .
-Душица В. Димова- Дефектолог Душица В. Димова -Координатор на Оддел за организирано живеење со поддршка при “ЈУ Специјален завод Неготино“ и Претседател на здружението „Центар за рана интервенција и стимулација на деца Неуро Плус и член на Општински Совет за социјална заштита “Неготино
-Валентина Тасева-Дефектолог Раководител на Организирано живеење со поддршка во заедницата -„Порака“ Неготино и член на Општински Совет за социјална заштита
Трибината на иницијатива на Општинскиот Совет за социјална заштита во соработка со ЈУОДГ Фемо Кулаков Неготино со поддршка на Општина Неготино на поттикна голем интерес во заедницата, на која се дискутираа различни заклучоци ,причини и последици како и совети во поглед на превенција и заштита на општественото здравје на децата поткрепено со клучни совети и насоки во воспитното влијание на родителите ,раниот детски развој и последиците од појавата на екранизам кај децата.Настанот беше од отворен и интерактивен карактер на истиот беа присутни родители,претставници на институции -раководни лица од образовни институции,претставници од здравствени институции,членови на ОССЗ Неготино,претставници на стручни тимови во областа на детската заштита,невладини организации,претставници на институции на безбедноста-јавен ред и мир ,општинска администрација ,граѓани од нашата и соседните општини.
Превенцијата продолжува со голема посветеност ,заложба и взаемна соработка и љубов кон сите возрасни групи на деца.