LDP Bitola-ЛДП Битола

LDP Bitola-ЛДП Битола LDP Bitola- ЛДП Битола е страница која информира за активностите на ЛДП во Битола

КАЛАКУРНИЦА или ОПШТ МЕТЕЖ.- Александар Цветкоски член на Извршниот одбор на ЛДП, со свое видување  за последните битолс...
02/06/2026

КАЛАКУРНИЦА или ОПШТ МЕТЕЖ.

- Александар Цветкоски член на Извршниот одбор на ЛДП, со свое видување за последните битолски случувања.

- Од урбан град до руинирана градска паланка.
- Од град на спорто и фановите, до игранка на сред село.
- Од Широк Сокак до тесно преминче.

- Денес раскопај, утре закрпи.
- Задутре повторно.

Целиот текст на линкот 👇

https://www.facebook.com/share/p/1CYZr53WFw/

СРАМ И РЕЗИЛ😡- Пелистер во втора лига.- Неколку факти:1. Најголем буџет во историјата. Еден милион евра.2. Најдолг плате...
01/06/2026

СРАМ И РЕЗИЛ😡

- Пелистер во втора лига.

- Неколку факти:

1. Најголем буџет во историјата. Еден милион евра.
2. Најдолг платен список во историјата.
3. Најголем месечен трошок за плата.
4. Месечни плати и до 3000 евра по фудбалер. ( Овие пари се општински и треба да се знаат кај кој завршуваат).
5. Изгубивме од тим кој вреди и троши, барем на хартија, 50 пати помалку од нашиот.
6. Најголема можна политизација на клубот. Нејасно е што правеа, за каков фудбал зборуваа градоначалникот, Секретарот и претседателот на совет буквално пред секоја утакмица со беседи пред фудбалерите.
7. Блискоста до комитетот еден од главните услови да бидете на платниот список. Главен и единствен критеруим за напредок. Нема да спомнуваме имиња, ама сите ги знаат.
8. Пелистер не смее да биде локално гранапче ( продавниче), во кое ќе се чека први, за да стигне платата.
9. Најголемиот проект на локалната власт ( еден милион евра годишно), се сруши како кула од карти, едноставно ПРОПАДНА.
10. Сите што вчера беа на стадион во Кавадарци се срамеа од она што го гледаа.
А се беше на наша страна. ,,Домашен" терен, полуаматерски противник, ,,добри" судии и на крај заслужена победа на Арачиново.
11. Не кривете никој, ниту странците, ниту некој што не е од Битола. Нашите деца ги промашија пеналите и вчера нашите беа најбројни во тимот и на клупата. За Арачиново играа 6 Македонци, а таму не живее ниту еден Македонец. За тие што не знаат.

Како понатаму ?

1. ОСТАВКА од сите што барем и малку лижеа од медот и се прикажуваа како спасители
2. Комплетна реформа на клубот од најмалите до првиот тим. Доста е од вечни тренери, вечни селектори, вечни чекачи да помини месецот.
3. Приказните за ревизија, оставете ги за по дома. Нема потреба. Јавноста знае каде, па дури и колку. Понудете транспарентност, чесност и политиката настрана.
4. Битола, Чкембарите, фудбалската јавност не заслужија ваков јавашлук.

СРАМОТА, СРАМОТА, СРАМОТА.

СЕМАФОРИ НА СРЕД УЛИЦА 😡- Уште еден нелогичен потег на локалната власт.- Наместо пешачка зона, поставивме семафори.- Зар...
29/05/2026

СЕМАФОРИ НА СРЕД УЛИЦА 😡

- Уште еден нелогичен потег на локалната власт.

- Наместо пешачка зона, поставивме семафори.

- Зарем немаше подобро и посовремено решение.

- Согласно одлука на совет, плоштадот треба да биди пешачка зона. Ништо повеќе

🫱🏼‍🫲🏽Упатуваме искрени честитки на сите сограѓани кои го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам.Нека овие празнични...
27/05/2026

🫱🏼‍🫲🏽Упатуваме искрени честитки на сите сограѓани кои го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам.

Нека овие празнични денови донесат мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом.
Во духот на солидарноста, почитта и заедништвото, да продолжиме да градиме општество во кое меѓусебното разбирање, хуманоста и единството ќе бидат наша заедничка вредност.

Честит Курбан Бајрам!
Бајрам Шериф Мубарек Олсун!
Gëzuar Kurban Bajramin!🐑✨🙏🏼

Ljubica Sterjeva и Aleksandar Cvetkoski и двата членови на Централниот одбор на ЛДП со свои, малку и иронични ставови за...
25/05/2026

Ljubica Sterjeva и Aleksandar Cvetkoski и двата членови на Централниот одбор на ЛДП со свои, малку и иронични ставови за состојбите во образованието.

- Наставникот цела година оди на работа, зема плата, води е-дневник, ама не е пријавен 😛😡

- Да знаеја СВ. Кирил и Методиј дека образованието ќе го пуштиме низ вода, можеби ќе ни оставеа рецепт за тулумби.

Комплетните статуси на линковите 👇

https://www.facebook.com/share/p/18uLgootU2/

https://www.facebook.com/share/p/1Ah18deud8/

Нека е честит 24 Мај — денот на Св. Кирил и Методиј, светите браќа кои го отворија патот кон знаењето, просветата и духо...
24/05/2026

Нека е честит 24 Мај — денот на Св. Кирил и Методиј, светите браќа кои го отворија патот кон знаењето, просветата и духовниот напредок на словенските народи.

Нивното дело не е само дел од историјата, туку трајна обврска да градиме општество во кое образованието, културата и мислата се најсилната вредност.

Да го чуваме и надградуваме она што нè обединува — знаењето, достоинството и вербата во подобра иднина.

Честит и вековит 23-ти Мај,Националниот ден на Власите! Влашката заедница со својата богата традиција, култура и вреднос...
23/05/2026

Честит и вековит 23-ти Мај,
Националниот ден на Власите!

Влашката заедница со својата богата традиција, култура и вредности е неизбришлив и скапоцен дел од нашето општество. Нека овој празник биде симбол на опстојувањето, успехот и гордоста.

- ИСВИРКУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ХИМНА НЕ ТРЕБА ДА БИДИ НОРМАЛНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ.Dimitar Kuzmanovski, претседател на L...
22/05/2026

- ИСВИРКУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ХИМНА НЕ ТРЕБА ДА БИДИ НОРМАЛНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ.

Dimitar Kuzmanovski, претседател на LDP Bitola-ЛДП Битола и советник во битолскиот совет, со свое видување за последните фудбалски настани.

- ФФМ да реагира соодветно.

- Навивачите да добијат забрана за присуство на натпревари.

- Поразите се составен дел од спортот.

- Време е да се воспостави ред.

Целиот текст на линкот 👇

https://www.facebook.com/share/p/1CJCdnvT39/

- МЕЧКИ ВО ГРАДОТ, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ- Синоќешната појава на мечка низ битолските улици не е само необичен настан, туку...
21/05/2026

- МЕЧКИ ВО ГРАДОТ, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ

- Синоќешната појава на мечка низ битолските улици не е само необичен настан, туку сериозен аларм за нефункционалноста на институциите и небезбедноста во градот.

- Граѓаните со право прашуваат: кој е одговорен за нивната безбедност и дали треба да се случи трагедија за конечно некој да реагира?

- Наместо брза координација и јасна информација од надлежните, повторно гледаме молк и префрлање одговорност.

- Битола веќе подолго време се соочува со хаос во сообраќајот, небезбедни улици и запуштени јавни површини. Но, ако денес мечка се движи низ урбаното јадро, утре што друго треба да очекуваат граѓаните?

- Градоначалникот Тони Коњановски и институциите имаат обврска да понудат конкретни мерки, а не тишина.
- Граѓаните заслужуваат безбеден град, навремена реакција и институции што работат во нивен интерес.

- ДОМА ЛАВОВИ, НАДВОР ТИВКО МЈАУКАЊЕ- Aleksandar Cvetkoski член на Извршниот одбор на ЛДП  со свој став за најновите слу...
21/05/2026

- ДОМА ЛАВОВИ, НАДВОР ТИВКО МЈАУКАЊЕ

- Aleksandar Cvetkoski член на Извршниот одбор на ЛДП со свој став за најновите случувања на македонската политичка сцена.

- Нов кредит, нов долг и буџет што одвај дише.

- За граѓаните само коски за глодање.

Целиот став на линкот 👇

https://www.facebook.com/share/p/1U3puU6VNB/

Address

Bitola

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when LDP Bitola-ЛДП Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to LDP Bitola-ЛДП Битола:

Share