Здружение на Граѓани Поклоници ,,Одигитрија - Патеводителка" - Битола

  • Home
  • Macedonia
  • Bitola
  • Здружение на Граѓани Поклоници ,,Одигитрија - Патеводителка" - Битола

Здружение на Граѓани Поклоници ,,Одигитрија - Патеводителка" - Битола Официјално Поклоничко Здружение во Р.М. за патување по Светите Православни места во
Р. Македонија и надвор од неа

03 Ноември Недела Солун и Суроти делење на Светото Мирото од Свети Димитриј Солунски
25/10/2024

03 Ноември Недела Солун и Суроти делење на Светото Мирото од Свети Димитриј Солунски

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ЗА ОСТРОШКИ МАНАСТИР Понуда:Со Светоотечки Благослов  ве Известуваме дека на06/09.09.2024год.Ке се о...
16/08/2024

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ЗА ОСТРОШКИ МАНАСТИР

Понуда:
Со Светоотечки Благослов ве Известуваме дека на06/09.09.2024год.

Ке се организира дводневно поклоничко патување за Острошки Манастир со следната агенда:
06.09.2024 (Петок) поагајне од Битола во 22:30 часо преку Р.Албанија за Р.Црна Гора
07.09.2024 (Сабота) Подгорица Храм Воскресение Христово Света Божествена Литургија, Манастир Ќелија Пиперска и Светите Мошти на Св.Стефан Пиперски, посета на Манастирот Св.Архангел Михаил Ждребаоник и поклонение на Моштитр на Св.Арсени Стремац, Чудотворната икона на Архангел Михаил и други мошти кој се во истиот, кратка пауза во Данилов град пристигнување во Манастир Св.Василиј Острошки некаде во попладневните часови и сместување, поклонување на моштите.
08.09.2024 (Недела) по завршувањето на Богослужбата напуштање на Острог и упатување кон Цетиње, Поклонување на Моштите во манастирот на Св.Петар Цетински,Раката на Св.Јован Крстител и др. напуштање на Цетиње и упатување кон Будва (Посета на Ман.Подмаине) пауза од неколку часа и период за ручек враќање за Р.М. во вечерните часови.
Аражманот на ова патување изнесува 2300ден.
Во него се вклучени Туристички такси за:
-Острог
-Цетиње
Краен рок за пријавување 03.09.2024
За реализација на патувањето мин.40 патници
Потребни дукументи пасош или Л.Карта.
инфо на тел. 078-224-247

17/04/2024
ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ПОВОД КАНОНИЗАЦИЈАТА НА СВЕТАТА ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЧКА СТЕФАНИДА       Почитувани браќа и сестри во Христа, ...
13/04/2024

ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО ПОВОД КАНОНИЗАЦИЈАТА НА СВЕТАТА ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЧКА СТЕФАНИДА

Почитувани браќа и сестри во Христа, за да не дојде до погрешно информирање на јавноста по повод канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида, наскоро ќе се објави Соопштение на Одборот за канонизација на Светата преподобномаченичка Стефанида.

Моштите на Светата Стефанида Битолско-Скадарска се наоѓаат во Слепченскиот Манастир чие Сестринство ја сотвори службата и акатистот на Светителката, како и истражувачка книга за нејзиниот живот и духовни подвизи. Оваа книга се работеше последните три години и на радост на сите наскоро ќе биде објавена заедно со нејзината икона и славословие.
Затоа, Ве молиме да не објавувате непроверени информации за Светата Стефанида, како не би дошле Вие, а и другите да ги доведете во забуна.

Светата Православна Црква ќе се собере на едно место, во едно време, на 29 и 30 јуни 2024 година, како би заблагодарила и воздала слава на Бога Троичниот, Кој ни ја испрати молитвеноста и застапништвото пред Него во лицето на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско–Сакдарска.
Сестринството на Манастирот Св. Јован Претеча Слепче

Ве известуваме дека на 14.04.2024 год. (Недела) ќе се организира еднодневно литургиско поклоничко патување за скопските ...
30/03/2024

Ве известуваме дека на 14.04.2024 год. (Недела) ќе се организира еднодневно литургиско поклоничко патување за скопските православни манастири.

Со поаѓање од Битола во 04:45 ч. по договорено место се упатуваме на Света Божествена Литургија во манастирот
Успение на Пресвета Богородица во с. Маркова Сушица кај епископот Дремвитски г. Давид.
По разгледот на комплексот се упатуваме кон
Марковиот Манастир посветен на Св. вмч. Димитриј Солунски.
По разгледот на манастирскиот комплекс групата поклоници се упатува кон манастирот
Св. вмч. Пантелејмон во с. Горно Нерези импозантна градба од XII век.
По разгледот на истиот патот го продолжуваме кон манастирот
Св. вмч. Никита во с. Бањане.
Потоа групата поклоници се упатува кон манастирот
Св. Никола во с. Љубанци.

Повеќето манастири се со монаштво како темел на живата православна црква. Доколку ни дозволи времето ќе се посети и храмот посветен Св. равноапостолни цар Константин и царица Елена во општина Илинден.
За реализација на истото потребни се мин. 40 патници.
Истото чини 1000 ден.
Пријавување до 12.04.2024
Контакт 078-224-247

Здружението Одигитрија Патеводителка Битола го задржува правто за промена на рутата во согласност со Агенциските Правила.
НАПОМЕНА:
Поклониците да бидат пристојно облечени за посета на Верските објекти.

УПИС ВО ТЕКМОЖНОСТ НА ТРИ РАТИ ПО 3400 ДЕН.ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ КАЈ СВ.НИКОЛА ВО  БАРИ ИТАЛИЈА       Возљубени во Христа ...
19/03/2024

УПИС ВО ТЕК
МОЖНОСТ НА ТРИ РАТИ ПО 3400 ДЕН.

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ КАЈ СВ.НИКОЛА ВО БАРИ ИТАЛИЈА

Возљубени во Христа Браќа и Сестри
Со Светоотечки Благослов во чест на Светиот Николај Архиепископ Мирликиски ќе се Организира дводневно поклоничко патување на 17-19.05.2024 лето

17.05.2024 Петок со поаѓање од Битола по договрено време и место групата поклоници тргнува од Битола преку ГП. Ќафазан за Драч Р. Албанија а потоа со Траект за Бари (Ноќно Пловење).
18.05.2024 Сабота во Утринските часови пристигнување на Прстаништето во Бари по Царинските формалнсти се упатуваме кон Базиликата на Свети Николај каде се наоѓа неговите мошти, Разгледување на Комплексот и други знаменитости во попладневните часови по договорено време отпловуваме за назат кон Бари -Драч Ноќно Пловење.

19.05.2024 Недела попладне пристигнување во Битола
За реализација на патувањето мин.40 патници
Истото кошта 10.200ден (166е) со можност на 3 рати Март,Април и Мај по 3400ден
Последна уплата 10 мај

Во цената е вклучено
Превоз со Туристички Автобус
Превоз со фериброд
Доколку има потреба од Такси од пристаниште до Подворие се доплаќа 5е по патник

Контакт 078-224-247

Здружението Одигитрија Патеводителка Битола го задржува правто за промена на рутата во согласност со Агенциските Правила
НАПОМЕНА:
Поклониците да бидат пристојно облечени за посета на Верските објекти

ЕДНОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ АТОС - СВЕТА ГОРА                              (21.04.2024 НЕДЕЛА)       Возљубени во Христа ...
16/03/2024

ЕДНОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ АТОС - СВЕТА ГОРА
(21.04.2024 НЕДЕЛА)

Возљубени во Христа браќа и сестри се организира еднодневно крстарeње околу Атос (Света Гора) со посета на Хиландарскиот Метох Каково.

Доколку временските услови дозволуваат ќе бидат донесени и свети мошти за поклонение на бродот и погледнување на крајбрежните Светогорски Манастири и скитови како и Келијата Камена каде што се подвизувал Св.Гаврил Еп.Велички како не секојдневен настан.

Поаѓање од Битола во 01:30 ч. на 21.0 4.2024 (Недела). Пријавување до 19.04.2024
За реализација на патувањето потребни се мин. 40 патнци.
Цена на превозот на релација Битола – Уранополис – Каково – Битола: 2100 ден.
Цена на крстарење со бродот: 15€.

Контакт: 078-224-247 .

Здружеие на граѓани поклоници ,,Одигитрија-Патеводителка“ - Битола го задржува правото за промена на рутата.

Дводневно Поклоничко патување за Врањските Манастири  Со Светоотечки Благослов на 30/31.03.2024 лето ќе ја посетиме Врањ...
13/03/2024

Дводневно Поклоничко патување за Врањските Манастири

Со Светоотечки Благослов на 30/31.03.2024 лето ќе ја посетиме Врањската Православна Епархија во Р. Србија.

30.03 (Сабота) Со поаѓање од Битола во раните утрински часови се упатуваме кон ГП Табановце за влез во соседна Србија и го посетуваме женскиот Манастир посветен на Св. Арх. Ѓак. Стефан, Горно Жапско. По разгледувањето на комплексот се упатуваме кон женскиот Манастир Св. Вмч. Пантелејмон, с. Лепчинце. Потоа се продолжува кон Соборниот Храм Св. Троица, Врање. Во вечерните часови се упатуваме во врањскиот конак при Манастирот Св. Прохор Пчински, каде следи вечера и сместување за ноќевање.

31.03 (Недела) Во 7:30 ч. се упатуваме на Света Божествена Литургија. По Литургијата следи трпеза љубовта и разгледување на Манастирскиот комплекс. Потоа по договорено време се тргнува назад за Р. Македонија, а попатно ќе го посетиме Храмот на Св. Вмч. Георгиј и првата испосница на Св. Прохор Пчински во с. Старо Нагоричане.

Краен рок за пријавување: 28.03.2024 г.
Цена на патувањето: 2900 ден.
А за реализација на истото потребни се мин. 40 патници.
📞Контакт: 078-224-247.

Патување и со Лична Карта (може и со старото уставно име)
Здружението Одигитрија Патеводителка Битола го задржува правто за промена на рутата во согласност со Агенциските Правила.
НАПОМЕНА:
Поклониците да бидат пристојно облечени за посета на Верските објекти.

Поклоничко патување за кај Свети Никола во Бари 23-25.02.2024 Здружение Одигитрија Битола
24/01/2024

Поклоничко патување за кај Свети Никола во Бари 23-25.02.2024
Здружение Одигитрија Битола

Address

Битола
Bitola
7000

Telephone

+38978224247

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на Граѓани Поклоници ,,Одигитрија - Патеводителка" - Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share