24/07/2026
https://www.facebook.com/share/p/1C7ddWXgok/
СПОМЕНИК ЗА ВОЈНИЦИ МАКЕДОНЦИ, ИЗГРАДЕН ВО ФРАНЦИЈА!
Споменик за загинатите Македонци во Првата светска војна во гратчето Коломбел (близу Кан во Нормандија), изградено е меморијално обележје во Паркот на мирот каде што се запишани имињата на настраданите Македонци кои биле насилно мобилизирани и принудени да се борат во туѓи војски на Солунскиот фронт.
Овој споменик ги овековечува имињата на 33 Македонци, од кои најголем дел се од Општина Новаци (Мариово).
Дел од регистрираните имиња на загинати војници се:
Павел Георгиев (с. Агларци)
Стојан Димитров (с. Билјаник)
Васил Колев (с. Брод)
Васил Христов (с. Брод)
Христо Петков (с. Будимирци)
Марко Иванов Раклев (с. Градешница)
Мирчо Стоиков (с. Градешница)
Киро Христов (с. Грумази)
Иван Петков (с. Маково)
Иван Петков (с. Рапеш)
Гроздан Лозанов (с. Рапеш)
Сокле Крстев (с. Мегленци )
Богдан Мегленеца (с. Мегленци)
Стојан Мегленеца (с. Мегленци)
Мице Христов (с. Мегленци)
Сребре Костов (с. Новаци)
Лазар Атанасов (с. Скочивир)
Китан Митрев (с. Скочивир)
Петар Толев (с. Сливица)
Коле Никола
Овие Македонци загинале на Македонскиот фронт, кој се протегал директно низ територијата на Македонија. Најголем дел од нив ги загубиле своите животи во жестоките битки на Кајмакчалан и околните воени жаришта во регионот на Мариово. Како локално население, тие биле насилно мобилизирани од тогашните туѓи војски што се бореле на овој фронт.
Бидејќи загинале борејќи се под француска команда или во редовите на нивната армија, Франција официјално им оддава почит со меморијалниот споменик во Нормандија.